село во Општина Илинден From Wikipedia, the free encyclopedia
Текија — село во Општина Илинден, во околината на градот Скопје, сместено во непосредна близина на рафинеријата ОКТА и на автопатот Е75.
Текија | |
Поглед на селото Текија | |
Координати 42°04′29″N 21°40′00″E | |
Регион | Скопски |
Општина | Илинден |
Население | 251 жит. (поп. 2021)[1] |
Повик. бр. | 02 |
Шифра на КО | 25133 |
Текија на општинската карта Атарот на Текија во рамките на општината | |
Текија на Ризницата |
Во XIX век, селото е дел од нахијата Чаирско Поле (Блатија) во Скопската каза во Отоманското Царство.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било заведено под името Теке и имало мешано христијанско[2] и муслиманско[3] население, каде имало 15 христијански и 6 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 39 мажи христијани, со 3 новороденчиња и 20 мажи муслимани со 3 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 130 жители.
Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 192 жители.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 150 Турци.[5]
Според пописот од 2002 година, во селото Текија живеат 304 жители, од кои:[6] 299 Македонци и 5 Срби.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 251 жител, од кои 230 Македонци, 2 Албанци, 11 Срби, 5 останати и 3 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 90 | — | 164 | 207 | 307 | 289 | 327 | 303 | 298 | 304 | 251 |
Текија сега е православно село, но во минатото било муслиманско, населението говорело турски, но родовите потекнувале воглавно од Турци и Албанци. Родовите од албанско потекло потекнувале од домазети.[12]
Според истражувањата од 1953 година, родови во селото се:
Родови од турско потекло
Родови од албанско потекло
Род од словенско потекло
Камен, висок повеќе од еден метар, фалусоидно исправен сретсело, најверојатно од паганско време е најголемиот знак по кој селото е познато. Спред верувањето, каменот лечи од неплоднот. Каменот го посетуваат луже најмногу ид Македонија, но и од соседна Србија, па дури и од Турција, потомци на некогашните жители на селото. Најмногу доаѓаат оние што не можат да имаат деца. Наводно, на сите што дошле по една година им се родило дете. Најпосетено е за Ѓурѓовден, кога се собираат и по 200-300 луѓе. Според редоследот на обредот, луѓето застануваат пред каменот, палат свеќа, оставаат некој дар и го обиколуваат, крстејќи се на сите негови четири страни. По обиколувањето жената треба да го опфати исправениот камен со две раце. Но, ако не може да го прегрне цел, тогаш го опфаќа со марамче. Откако ќе го направат тоа, старицата што го врши обредот, им собира камче, земја и трева околу каменот и како врзопче ѝ го дава на жената да го носи на бедрата цела година. По една година, жената, заедно со својот маж, треба да дојде повторно кај каменот и да ги остави камчето и земјата на истото место. Според верувањето, така ќе забремени и двајцата ќе добијат дете.[13]
Во близина на Каменот во селото постои параклис со света вода посветен на Света Петка. Изграден е од селанец од селото, кој по сопствено видение сметал дека таму треба да се извади света вода. Денес ова место е доста посетено од луѓе кои се замиваат од оваа вода. Најголем собор се случува за денот на Света Петка Летна.[14]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.