Д’лга
село во Општина Куманово From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Куманово From Wikipedia, the free encyclopedia
Д’лга (во минатото познато како Длага) — раселено село во Општина Куманово, во областа Блатија, во околината на градот Куманово.
Д’лга | |
Воздушен поглед на селото Д’лга | |
Координати 42°00′22″N 21°47′00″E | |
Регион | Североисточен |
Општина | Куманово |
Област | Блатија |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 1323 |
Повик. бр. | 031 |
Шифра на КО | 17028 |
Надм. вис. | 570 м |
Д’лга на општинската карта Атарот на Д’лга во рамките на општината | |
Д’лга на Ризницата |
Селото се наоѓа во јужниот дел на територијата на Општина Куманово, недалеку од областа Скопска Блатија.[2] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 570 метри.[2] Лежи во западното подножје на Градиштанска Планина.
Селото е поврзано со земјен локален пат, кој води од селото Вак’в.
Д’лга е изразено долинско село помеѓу Винце на запад и куманското село Колицко на исток. Во минатото, водата за пиење се добивала од една чешма наречена Селиште. На атарот на селото ги има помалите извори Бела Вода, Ораче и други.[3]
Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Брањски Рид, Џамиска Корија, Китка, Ораче, Грабан Дол, Пут, Манастир, Стари Лозја, Големо Брдо, Раскрсница, Стојанџиково Лозје, Гола Гора, Осој, Бела Вода, Гарин Дол, Ѓубриште, Рупи, Зли Дол, Локва и Селиште.[3]
Поради неговата поставеност, селото има низински тип, а одредени делови од селото се наречени по родовите. Така се Дебранлар, Сулеманлар и Сејдилер Маало.[3]
Подрачјето на Д’лга е населено уште од неолитот за што сведочи наоѓалиштето Огражди на неговиот источен крај.[4]
Најпрвин, селото било христијанско-македонско село, што може да се забележи од неговото име, топонимите и остатоците од старини. На месноста Селиште југоисточно од селото извира јак извор соѕидан во чешма. Народната традиција наведува дека таму некогаш се наоѓале македонските куќи. Месноста Манастир се наоѓа на границата помеѓу Д’лга и Винце. За време на отоманскиот период таму се наоѓале рушевини на еден храм. Во поново време, мештаните на Винце таму го подигнале манастирот „Св. Богородица“ и тие таму се собираат за Павловден.[3]
Не може да се утврди кога заминало македонското население. Некои Македонци се иселиле во кумановското село Живиње. Македонските гробишта се наоѓале над селото, кога денес во негова близина се наоѓаат муслиманските гробишта.[3]
Според народната традиција, забележана во соседното Винце, денешното село потекнува од првата половина на XIX век (околу 1830 г.). Тогаш тука дошле две-три арбанашки домаќинства, кои бегале од крвна освета. Мажите од тие домаќинства биле сиромашни и работеле како говедари кај Македонците во соседното Винце.[3]
За да бидат побројни, селаните повикале едно арбанашко домаќинство од околината на Дебар. По ова, муслиманите се „осилиле“ против македонските домаќинства од Винце, поради што тие се жалеле на кратовскиот суд.[3]
При ослободувањето од Турците, селото било запалено, а подоцна повторно обновено.[3]
Атарот на селото зафаќа простор од 6,4 км2.[2]
Во минатото, одгледувањето тутун било главно занимање на мештаните. Тутунот започнал да се одгледува од средината на XIX век. Покрај ова, поволни услови имало и за чување на кози и овци, па така во 1947 година во селото имало 600 кози. Но, кога козите биле забранети бил зголемен бројот на овци.[3]
На малата рекичка во селото се наоѓале воденици.[3]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Во втората половина на XX век забележано е дека речиси сите жители на селото биле Турци и ова не се променило до неговото иселување во 1990-тите. Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 100 Албанци и 100 Турци.
Во повоениот период забележан е помал број на Роми. Тогаш населението доживеало извесен раст, а потоа се намалило. До позначајно намалување дошло во 1970-тите, кога населението спаднало од 322 жители во 1971 на 199 жители во 1981 година. Најнаглиот пад следел во наредните години, со што во 1991 година Д’лга се свела на 8 жители. Во следните неколку години тие се намалиле на двајца жители, а потоа селото е целосно напуштено.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Д’лга немало жители.[6] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | — | — | 314 | 372 | 312 | 322 | 199 | 8 | 2 | 0 | 0 |
Д’лга било муслиманско село, чии жители го користеле турскиот јазик.[3]
Според истражувањата од 1952 година, родови во селото се: Сулеманлар (14 к.), Синанлар (6 к.) и Сејдилер (6 к.), најстари селски родови. Тие се доселени од исто место во Албанија околу 1830-тите години. Мештаните на првиот род го знаат следниов родослов: Ариф (жив, 30 години во 1952 година)-Саит-Арслан-Рустем-Сулејман, кој се доселил со браќата Даут и Сали. Мештаните, пак, на последниот род го знаат следниов родослов: Џафер (жив, 30 години во 1952 година)-Алим-Сејди-Сали-Сејди, основачот на родот; Дебранлар (16 к.), дошле како една куќа околу 1840-тите години од албанското село Забзуна во Голо Брдо во околината на Дебар. Родот го основал Јусуф-ага; Маложија (1 к.), потекнуваат од селскиот оџа, кој се доселил од селото Трново кај Прешево. Таму припаѓале на фисот Гаш.
Во времето на истражувањето е забележано дека мештаните говорат на турски јазик, иако порано говореле на албански. Турскиот јазик го научиле поради брачните врски со Турците од Долно и Средно Коњаре кај Пчиња.
Во селото живееле и ромските родови како Јашар (1 к.), Реџеп (1 к.), Бајрам (1 к.), Ракип (1 к.) и Сали (1 к.), кои биле ковачи или слуги.
Се знае за следниве иселувања: од родот Синанлар се иселиле осум домаќинства, од родот Сејдилер се иселиле три домаќинства, исто колку и од родот Сулеманлар. Најголем дел од иселувањата биле во Турција и во градовите Скопје и Куманово.[3]
Кон крајот на XIX век, Д’лга било село во Кумановската каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Куманово, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Куманово.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Куманово. Во перидот од 1955 до 1965 година селото припаѓало на поранешната општина Орашац.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Орашац, во која покрај селото Д'лга, се наоѓале и селата Алакинце, Вак’в, Винце, Доброшане, Живиње, Колицко, Малино, Орашац, Пчиња, Скачковце и Шупли Камен. Во периодот 1950-1952 година селото влегувало во рамки на некогашната Општина Винце, во која влегувале селата Винце и Д'лга.
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1092 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во селото Пчиња. Во ова избирачко место влегуваат селата Вак’в и Д’лга[11]
На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 83 гласачи.[12]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.