Белановце
село во Општина Липково From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Липково From Wikipedia, the free encyclopedia
Белановце или Белановци — село во Општина Липково, Кумановско.
Белановце | |
Координати 42°14′03″N 21°33′44″E | |
Регион | Североисточен |
Општина | Липково |
Население | 10 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 1325 |
Повик. бр. | 031 |
Шифра на КО | 17008 |
Надм. вис. | 940 м |
Белановце на општинската карта Атарот на Белановце во рамките на општината | |
Белановце на Ризницата |
Селото се наоѓа во северниот дел на општината, во сливното подрачје на Липковска Река. Лежи во планински предел, на надморска височина од 940 м. Атарот зафаќа површина од 9,4 км2, и на север се граничи со Косово (Општина Гнилане).[2] Како село од разбиен тип, Белановце се состои од маала, меѓу кои Дервишка, Саласка и Јашарска. Низ селото тече Белановска Река, која продолжува во југоисточен правец и добива други имиња со примањето на разни притоки, за да заврши како притока на Липковска Река.
Низ селото минува регионалниот пат од Опае со граниниот премин „Станчиќ“ (Р29272).
Подрачјето на селото е населено уште од доцноантичкото време, за што сведочи гробот пронајден во наоѓалиштето околу селото.[3]
Во близина на денешно Белановце, веројатно од неговата јужна страна, се наоѓало средновековното село Архилевица, каде деспотот Дејан подигнал своја родова црква — задолжбина. Во Првата архилевичка грамота од 1354/5 г. царот Стефан Душан ги потврдува и дополнува даровите на Дејан во полза на црквата. Во Втората архилевичка грамота од 1381 г. синот и вдовицата на деспотот Дејан, Константин Дејанов и Евдокија, ја подариле црквата и нејзиниот имот на манастирот Хиландар во Света Гора.[4]
Во 1591 г. во селото е изградена црква „Св. Никола“.[2]
За време на Народноослободителната војна на 14 октомври 1941 г. крај селото е разбиен Карадачкиот партизански одред од страна на бугарски единици на 53. пешадиски осоговски полк и полицијата. Во селото стои споменик во чест на паднатите борци.
Белановце има полјоделско-шумарско стопанство. Располага со 698,2 ха шуми, 137,9 ха обработливо земјиште и 40 ха пасишта.[2]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 250 Албанци.[5]
Интересно е да се напомене дека на пописот од 1953 г. во селото имало 361 Турчин и само 53 Албанци. Ова се сменило во текот на 1950-тите, кога половината од Турците заминале, а на нивно место се доселиле Албанци, и со тоа станале приближно еднакви по бројност. Во следната деценија останале само 8 Турци, а сите други жители биле Албанци, за понатаму селото да стане чисто албанско.[6]
Според пописот од 2002 г. селото имало 7 жители, сите Албанци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 10 жители, сите Албанци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | — | — | 407 | 415 | 330 | 241 | 55 | 11 | 12 | 7 | 10 |
Според истражувањата од 1941 година, родови во селото биле:
Албанското население од ова село е иселено во Оризари, Орланци, Куманово, Турција, Скопје. Черкеско Село, Руѓинце.[11]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.