Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Судир кај тунелот Богомила — еден од најпрвите борбени дејства во Велес и велешкиот реон за време на народната ослободителна борба. Судирот траел за многу кратко време, помалку од еден час. Во македонската историографија кратката битка се смета како постатувањето на еден од основните темели на почетокот и развитокот на народната македонска ослободителна борба. Иако судирот бил во велешкиот реон, сите партизани и учесници во битката биле прилепчани. Главната цел на судирот била да ја саботажира новосоздадената сурова бугарска фашистичка окупација на Македонија.
Судир кај тунелот Богомила | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Велес и Велешко во НОБ | |||||||
Слика од селото каде што се одвивало судирот |
|||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Македонски партизани | Фашистичка Бугарија | ||||||
Команданти и водачи | |||||||
Лазо Колевски | нема | ||||||
Вклучени единици | |||||||
4 партизани | 3 војници | ||||||
Жртви и загуби | |||||||
нема жртви | 2 загинати 1 ранет |
Кога Кралството Југославија подпаднала под окупација на фашистичка Бугарија, Третиот Рајх и Кралството Италија почнало две движења за ослободувањето на државата, првото било водено од српските четници додека другото било водено од комунистичката партија на Југославија, после операција Барбароса КПЈ почнала да играла поголема улога во формирањето на нова Југославија. Во април кога Југославија распаднала, комунистичката подгрупа во Прилеп одржиле средба каде што одлучиле да ја напаѓале суровата бугарска фашистичка власт. Во август 1941 формирале ситна прилепска чета и во 7 септември ја поделиле во два дела, еден од тие дела отидоа кај богомилскиот тунел.
Македонскиот народен херој Лазо Колевски бил тој којшто ја почнал битката, кога влегле во тунелот тој зборувал со бугарските фашистички војници, тие се чувстувале провоцирани и планирале да го уапсат, но тој заедно со неговата група ги убиле и повредиле еден од нив. Денес судирот е познат како еден од првите обиди на отпор кон бугарската фашистичка власт којшто се одвивале во Велес и Велешко за време на народната ослободителна борба, ефиктивно почнувајќи ја три годишната народна ослободителна борба за ослободувањето на велешкиот реон, којшто за време на борбата си го даделе животот околу над 300 партизани.
Плашејќи се од инвазија на Силите на Оската, Југославија го потпишала Тројниот пакт на 25 март 1941 година, ветувајќи соработка со Оската. Следеле масовни демонстрации против Оската во Белград. На 27 март, режимот на принцот Павле бил соборен со воен удар со британска поддршка. 17-годишниот Петар II бил прогласен за полнолетен и ставен на власт. Негов премиер станал генералот Душан Симовиќ. Југославија ја повлекла својата поддршка за Оската без формално да се откаже од Тројниот пакт. Иако новите владетели се спротивставиле на Нацистичка Германија, тие исто така се плашеле дека ако Германија ја нападне Југославија, Обединетото Кралство нема да биде во вистинска позиција да помогне. Без разлика на ова, на 6 април 1941 година силите на Оската започнале инвазија на Југославија и брзо ја освоиле.
После краткотрајната војна Кралството Југославија била поделена помеѓу фашистичка Бугарија, Третиот Рајх и Кралството Италија. Во истиот ден кога почнала априлската војна германската војска со нивната авијација го бомбардирале градот Велес, тој напад се смета помеѓу велешки историчари како почетокот на народното ослободително движење во Велес и Велешко. Откако Југославија пропаднала Македонија, којшто тогаш била позната како Вардарска Бановина, била поделена помеѓу фашистичка Бугарија и Кралството Италија. Италија ги добиле деловите во Западна Македонија до Тетово и Охрид додека остатокот биле дадени кон бугарските фашистички окупатори. Со потпаѓањето на Кралството Југославија под странска окупација почнало движење за обновата на Југославија. Две различни движења почнале, првото било организирано од страна на Дража Михаиловиќ и второто го предводел Јосип Броз Тито.
Армијата на Дража Михаиловиќ, позната исто така како Југословенска војска во татковината, се борела за обновата на Југославското кралство и Петар II повторно да бил крал на Југославија. Нивното движење било центрирано кон српскиот народ отколку другите народи во поранешната монархиска Југославија и заради тоа после неколку години била неуспешна. Армијата на Јосип Броз Тито, позната исто така како Југословенските партизани, се бореле за формирање на нова мултиетничка држава каде што правата на Македонците, Црногорците и Бошњаци би било еднако третирани, заради тоа движењето на Тито станал поуспешен. Југословенските партизани станале поактивни по наредба од Јосиф Сталин заради операција „Барбароса“ каде што Третиот Рајх влегле длабоко во териториите на СССР. Во 7-ми април 1941 година, по паѓањето на Југославија, месниот комитет на комунистичката партија на Југославија во Прилеп одржале состанок и донесе одлука за бојкотирање и борба против фашистичкиот окупаторот.[1]
На 8 април, Комунистичката партија на Југославија во Прилеп ги ослободиле затворениците, меѓу кои еден од нив биле член на Покраинскиот комитет на Македонија и некој биле членови на месните комитета во Прилеп, Велес и Гевгелија. По нападот на Советскиот Сојуз, на 22 јуни 1941 година, Како одел од воената операција „Барбароса“, Месниот комитет на Комунистичката партија на Југославија во Прилеп одржа состанок, на кој, покрај другото, донеселе одлука да се формира местен воен штаб и да се започнало со подготовки за организирање оружена борба. Оваа одлука и другите ставови на Месниот комитет биле прифатени и потврдени од советувањето на партиската организација на Прилеп, што се одржа на 23 јуни 1941 година. Во 2-ри август 1941 година биле организирани илиденски протести против бугарските фашистички окупатори во Скопје.[1]
Во 22 август 1941 година се формирало Првото скопско народноослободителен партизански одред со вкупно 42 борци, формирањето на одредот го почнало народното ослободително движење во Скопје. Во август истата година една мала група организирале диверзантска акција кај рудникот Радуша каде што се судриле со бугарски фашистички војници од бугарската армија, судирот убил само еден војник и немало трајни последици но било еден од првите судири во Македонија за време на втората светска војна.[2] Пред еден месец бил убиен првата жртва на бугарската фашистичка окупација на Македонија Диме Поп Атанасов. Во септември 7-ми истата година по наредба од Главниот штаб на народната ослободителна војска и партизанските одреди во Македонија се формирале две диверзантски групи, еден од групите патувале кај прилепското село Дрен со цел да ја нападнале бугарската полициска станица во селото додека другата група отидла кај тунелот блиску до Богомила.
Богомилскиот тунел бил кратко тунел помеѓу железничкиот пат Велес-Прилеп.[3] Во ноќта на 7-ми септември 1941 година група составена од четири партизани, меѓу нив биле и македонскиот народен херој Лазо Колевски, неговиот близок соработник којшто исто така бил прогласен како народен херој Иле Игески, Ѓоре Велкоски и партизанот Гиго Менкароски патувале кај тунелот во Богомила. Тие пред тоа имале минерска улога кај железничката пруга кај тунел блиску до селото Гостиражни. При минејќи го тунелот се сретнале со три бугарски стражари, еден од нив побарале карта за идентификација за Лазо Колевски. Другите партизани си ги даделе нивните карти за идентификација но Колевски одлучил да не им ја следил наредбата.[4] Бугарските фашистички војници биле провоцирани од несоработката на Колевски и му се заканале дека ќе го уапсале и дека би бил затворен, во тој момент Колевски извадил еден револвер којшто го добил пред тоа и го убил војникот којшто му се заканувал.[5]
После неколку минути борејќи се со бугарските фашистички стражари судирот конечно завршил со смртта на двајцата стражари и едниот со големи повреди, кај партизаните немало ниту една жртва во судирот.[6] Судирот не било планирано ниту немало вистинска цела за народното ослободително движење, откако завршила битката Лазо Колевски ги контактирал водачите на Главниот штаб на народната ослободителна војска и партизанските одреди во Македонија за да ги извести за судирот и за загинатите војници. Не бил казнет туку бил пофален од страна на главниот штаб за неговиот отпор кон суровите окупатори, после еден месец од битката се формирал прилепскиот народнотоослободителен партизански одред „Гоце Делчев“.[1]
Судирот кај тунелот блиску до селото Богомила претставува еден од најраните отпори кон суровите бугарски фашистички окупатори за време на народното ослободително движење. Пред тоа биле илиденските протести водени во Скопје. Неколку месеци по судирот во ноември 1941 година почнало ширењето на велешкиот нелегален комунистички весник „Народен Билтен“ којшто истакнатите велешки партизани го уредувале како Димко Митрев и Јовче Ќучук. Денес судирот е познат како еден од првите обиди на отпор кон бугарската фашистичка власт којшто се одвивале во Велес и Велешко за време на народната ослободителна борба, ефиктивно почнувајќи ја три годишната народна ослободителна борба за ослободувањето на велешкиот реон, којшто за време на борбата си го даделе животот околу над 300 партизани.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.