From Wikipedia, the free encyclopedia
Старина Новак и кнезот Богосав (српски: Старина Новак и кнез Богосав) е српска епска (ајдучка) песна.
Новак пие вино во домот на кнезот Богосав во Босна, а Богосав го прашува, зошто на стари години заминал во ајдуци. Тогаш, Новак му раскажува како се случило тоа: кога Ерина (српски: Јерина) го градела Смедерево, Новак работел цели три години, не добивајќи ниту пара. Потоа, таа почнала да гради и кули и затоа на луѓето им наметнала давачка од 300 дукати. Бидејќи Новак бил сиромашен, тој не можел да го плати данокот и затоа заминал во ајдуци, бегајќи преку Дрина во Босна. Кога стигнал до планината Романија, него го пресретнала турска свадбена поворка при што младоженецот започнал да го удира по грбот. Новак трипати го замолил Турчинот да си замине, но кога тој не го послушал, Новак го убил, му ги зел коњот, сабјата и парите и избегал во планината. Оттогаш, поминале четириесет години откако Новак со својата дружина ги пресретнувал жителите на Сараево, ограбувајќи ги.[1] [2] [3]
Песната прв ја запишал Вук Караџиќ, кој ја слушнал од Гаја Балаќ, кој бил родум од Лика, а Караџиќ го сретнал во Крагуевац во 1830 година.[4] Главниот јунак во песната, Старина Новак, навистина постоел, само што во овој лик се претставени две историски личности: јунакот од XV век, Новак Дебелиќ и Баба Новак, заповедник на ајдучките чети од крајот на XVI век. Од друга страна, кнезот Богосав не е познат во историјата.[5]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.