Свадба
From Wikipedia, the free encyclopedia
Свадба или венчавка — церемонија на која две личности се соединуваат во брак. Свадбените традиции и обичаи не се секаде исти, тие вариират во сите култури, етнички групи, религии, предели, околини, држави и општествени класи. Поголем дел од свадбените церемонии вклучуваат замена на свадбени завети помеѓу парот, давање на подарок (прстен(и), симболичен подарок, цвеќиња, пари) и јавно прогласување на бракот од авторитетна фигура. На свадбата најчесто се носат специјални свадбени облеки и најчесто свадбената церемонија е проследена од свадбен прием. Музика, поезија, молитвеници или читања од Библијата или друга слична литература можат исто така што бидат вклучени во самата церемонија.
За други значења на поимот, погл. Свадба (појаснување).



Свадбата како тема во уметноста и популарната култура
Свадбата како тема во книжевноста
- „Сватови (Пофалба на непознатата невеста)“ — песна на македонскиот поет Петре М. Андреевски.[1]
- „Свадбата на седумте Цигани“ (холандски: De bruiloft der zeven zigeuners) - роман од холандскиот писател А. ден Долард од 1939 година.[2].
- „Свадба“ — песна на македонскиот поет Славко Јаневски.[3]
- „Свадба“ — песна на македонскиот поет Филип Јовановски.[4]
- „Свадба“ — песна на македонскиот поет Јован Котески.[5]
- „Свадба“ - роман на српскиот писател Михајло Лалиќ.[6]
- „Крвави свадби“ - драма на шпанскиот писател Федерико Гарсија Лорка.[7]
- „Свршувачка“ (Desposorio) - песна на шпанскиот поет Федерико Гарсија Лорка.[8]
- „Свадба во бањата“ (српски: Свадба у купатилу) - комедија на српскиот писател Милорад Павиќ од 2005 година.[9]
- „Свадба“ - кус расказ на македонскиот писател Горан Петревски.[10]
- „Свадби“ (српски: Svadbe) - песна на српскиот поет Васко Попа од 1954 година.[11]
- „Свадбата на Прометеј“ - песна на македонскиот поет Анте Поповски.[12]
- „Невеста“ - песна на германскиот поет Рајнер Марија Рилке.[13]
- „Свадбен пат“ - збирка поезија на чешкиот поет Јарослав Сајферт од 1925 година.[14]
- „Свадбари“ — расказ на македонскиот писател Бошко Смаќоски.[15]
- „Жолт фустан над колена“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[16]
- „Селска свадба“ - песна на ирачкиот поет Бадр Шакир ас-Сејаб.[17]
Свадбата како тема во народната книжевност
- „В село се свадба чинеше“ - македонска народна песна.[18]
- „Нико собра илјада сватои“ - македонска народна песна.[19]
- „Добре дошле китени сватои“ - македонска народна песна.[20]
- „Добре дошле китени сватои“ - македонска народна песна.[20]
- „Добре дошле китени сватои“ - македонска народна песна.[21]
- „Нејќет зетот ракија да пиет“ - македонска народна песна.[21]
- „Добре дошол зетоштино“ - македонска народна песна.[21]
- „Со ред врвите сватои“ - македонска народна песна.[22]
- „Со ред врвете сватои“ - македонска народна песна.[22]
- „Се сватои на коњи јаает“ - македонска народна песна.[22]
- „Цела гора трендафил цутила“ - македонска народна песна.[23]
- „Што ми бучит во гора зелена“ - македонска народна песна.[24]
- „Куме ле, куме, кум Каравиле“ - македонска народна песна.[25]
- „Забричил се зетоштина“ - македонска народна песна.[26]
- „Зеташине туѓо земјанине“ - македонска народна песна.[26]
- „Женидбата на Груица Новаковиќ“ (српски: Женидба Грујице Новаковића) - српска ајдучка песна.[27]
- „Женидбата на Максим Црнојевиќ“ (српски: Женидба Максима Црнојевиһа) - српска епска (јуначка) песна.[28]
- „Женидбата на Душан“ - српска епска (јуначка) песна.[29]
- „Женидбата на Тодор од Задар“ (српски: Женидба од Задра Тодора) - српска народна епска (јуначка) песна.[30]
- „Сестрата на сердарот Ѓурковиќ“ (српски: Сестра Ҕурковића-сердара) - српска народна епска песна.[31]
- „Женидбата на барјактарот Милиќ“ (српски: Женидба Милића Барјактара) - српска народна епска песна.[32]
- „Гази Хусрев-бег ги води сватовите во Стамбол“ (српскохрватски: Gazi Husrev-beg vodi svatove u Stambol) — босанска епска песна.[33]
- „Мустај-бег лички го оженува Кумалиќ Нухан“ (српскохрватски: Mustaj-beg lički oženi Kumalić Nuhana) — босанска епска песна.[34]
Свадбата како тема во филмот
- „Свадба“ - југословенски филм од 1973 година.[35]
- „Свадбата на Мјуриел (филм од 1994)“ (англиски: Muriel's Wedding) - австралиско-француски филм од 1994 година во режија на Џ. П. Хоган.[36]
- „Мојата голема дебела грчка свадба“ (англиски: My Big Fat Greek Wedding) — американски филм од 2002 година во режија на Џоел Звик.[37]
- „Мојата голема дебела грчка свадба“ (англиски: My Big Fat Greek Wedding 2) — американски филм од 2016 година во режија на Кирк Џоунс.[38]
Свадбата како тема во музиката
- „Нејќум невеста да бидам“ — македонска народна песна.[39]
- „Черешна се од корен корнеше“ — македонска народна песна.[40]
- Свадбен поклон (англиски: The Wedding Present) — англиска рок-група, основана во 1985 година.[41]
- „Бела свадба“ (англиски: White wedding) — песна на британскиот рок-пејач Били Ајдол (Billy Idol) од 1982 година.
- „Свадбата на Мери“ (англиски: Marie's wedding) — песна на северноирскиот пејач Ван Морисон и групата „Чифтанс“ (The Chieftains) од 1988 година.[42]
- „Свадбени радосни извици во Вегас“ (англиски: Wedding Vows In Vegas) — песна на американската поп-група „Воз (Нот Воз)“ (Was (Not Was)) од 1988 година.[43]
- „Свадба од илјада долари“ (англиски: $1000 Wedding) — песна на американскиот кантри-пејач Грем Парсонс (Gram Parsons) од 1974 година.[44]
Свадбата како тема во сликарството
- „Младоженец“ (Mladoženja) - слика на хрватскиот уметник Мартин Мехкек од 1965 година.[45]
- „Цигански сватови“ (Ciganski svati) - слика на хрватскиот уметник Иван Генералиќ од 1936 година.[45]
- „Невеста“ (Mladenka) - слика на хрватскиот уметник Мирослав Шутеј од 1982 година.[45]
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.