крал на Полска и голем кнез на Литванија From Wikipedia, the free encyclopedia
Станислав II Август[б 1] (17 јануари 1732 – 12 февруари 1798), бил крал на Полска и Велик кнез на Литванија од 1764 до 1795, и последен монарх на Полско-литванската Државна Заедница.
Станислав II Август | |||||
---|---|---|---|---|---|
Stanisław August in coronation robes, 1764 | |||||
Крал на Полска Велик кнез на Литванија | |||||
На престол | 7 септември 1764 – 25 ноември 1795 | ||||
Крунисување | 25 ноември 1764 Катедрала Свети Јован Крстител (Варшава) | ||||
Претходник | Август III | ||||
Наследник | „монархијата била укината“ (Partitions of Poland)[1] | ||||
Роден(а) | 17 јануари 1732 Волчин, Полско-литванска Државна Заедница | ||||
Починал(а) | 12 февруари 1798 66) Санкт Петербург, Руска империја | (возр.||||
Почивалиште | |||||
Деца Details... | illegitimate | ||||
| |||||
Династија | Poniatowski | ||||
Татко | Станислав Поњатовски | ||||
Мајка | Констанција Чарториска | ||||
Вероисповед | Римокатолицизам | ||||
Потпис |
Роден во богато полско аристократско семејство, Поњатовски пристигнал како дипломат на рускиот императорски двор во Санкт Петербург во 1755 на 22 годишна возраст[2] и интимно се поврзал со идната императорка Екатерина Велика. Со нејзина поммош, тој бил избран за крал на Полска и Велик кнез на Литванија од страна на Сејмот во септември 1764[3][4][5] по смртта на Август III. Спротивно на очекувањата, Поњатовски се обидел да ја реформира и зајакне големата, но ослабена државна заедница. Неговите напори наишле на надворешно противење од соседните Прусија, Русија и Австрија, сите посветени да ја одржат државата слаба. Однатре му се спротивставиле конзервативната аристократија, кои на реформите гледале како закани за нивните традиционални слободии привилегии дадени со векови порано.
Дефинитивната криза на неговото рано владеење била Војната на Барската конфедерација (1768–1772) која довела до Првата поделба на Полска (1772). Во подоцнежниот дел од неговото владеење бил реформиран Сејмот (1788–1792) и бил донесен Уставот од 3 мај 1791 година. Овие реформи биле отфрлени во 1792 од Тарговицката конфедерација и Полско–руската војна од 1792, што довело до Втора поделба на Полска (1793), Востанието на Кошќушко (1794) и Третата поделба на Полска (1795), што го означило крајот на државата. Лишен од секаква значајна моќ, Поњатовски абдицирал во ноември 1795 година и ги поминал последните години од својот живот како заробеник во Мермерниот дворец во Санкт Петербург.
Контраверзна личност во полската историја, некои го гледаат со амбивалентност како храбар и вешт државник, а други како претерано колеблив кукавица, па дури и како предавник. Тој е критикуван првенствено за неговиот нерешителен отпор против спротивставените сили и спречување на поделбите, што доведе до уништување на полската држава. Од друга страна, тој е запаметен како голем покровител на уметностите и науките кој ги поставил темелите на Комисијата за народна едукација, првата институција од ваков вид во светот, Великиот Сејм од 1788-1792, што доведе до Уставот од 3 мај 1791 и како спонзор на многу архитектноски знаменитости. Историчарите имаат тенденција да се согласат дека, земајќи ги предвид околностите, тој бил вешт државник, посочувајќи дека донесувањето на Уставот е знак на храброст, иако неговата неподготвеност да организира соодветно сенародно востание потоа се смета за кукавичлук и клучна причина за Втората поделба и последователниот пад на Полска.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.