село во Општина Гостивар From Wikipedia, the free encyclopedia
Србиново — село во Општина Гостивар, во областа Горен Полог, во околината на градот Гостивар.
Србиново | |
Воздушен поглед на селото Србиново | |
Координати 41°42′20″N 20°57′37″E | |
Регион | Полошки |
Општина | Гостивар |
Област | Горен Полог |
Население | 317 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 1239 |
Повик. бр. | 042 |
Шифра на КО | 07074 |
Надм. вис. | 670 м |
Србиново на општинската карта Атарот на Србиново во рамките на општината | |
Србиново на Ризницата |
До 2004 година, селото претставувало административно седиште на поранешната истоимена општина, а служи како главно село за останатите планински села.
Името на селото се поврзува со машкото лично име Србин. Дијалектно селото се сретнува и како Србиноо.[2]
Селото се наоѓа во јужниот дел на територијата на Општина Гостивар, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Кичево.[3] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 670 метри. Од градот Гостивар, селото е оддалечено 18 километри.[3]
Селото се наоѓа во подножјето на планината Буковиќ, во тесната долина на Србиновска Река. Во минатото, водата за пиење се добивала од чешмите кои се наоѓале по селските маала. Имињата на чешмите биле Прој Ките, Шпо, Крој Рамас, Гура и Крој Бала. Во селото до 1947 година постоеле и два бунари, длабоки околу 8 метри, а надвор од селото се наоѓала и чешмата Буаза.[2]
Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Брењово, Ливада Катундит, Забел Зенели, Гури Бард, Мелена, Фјериште, Запоќе, Длого Ливад, Петре Шума, Мочила, Самоков, Фтасена и Ове Ол.[2]
Србиново е селска населба од збиен тип. Поделена е на маала, кои се сместено во насока југозапад-североисток. Почнувајќи од југозапад маалата се Кита, Туше Поштр, Туше Епр, Диша и Бала. Имињата на маалата доаѓаат по родовите кои ги основале.[2]
Помеѓу Србиново и Куново се наоѓало некогашното село Бркињово, кое било македонско село. Некои родови од Бркињово заминале во Куново, додека други во Србиново. По името на најстариот доселеник кој дошол од Бркињово, селото Србиново го добило своето име. Денес, во Србиново нема зачувани родови на Македонци. За дел од нив се мисли дека преминале на ислам и дека биле албанизирани.[2]
Селото некогаш било населено со православни македонски родови, што се заклучува по името на селото, по некои топоними и по остатоците на црковен храм. За храмот некои веруваат дека бил и манастир, кој се наоѓал во југоисточниот дел на селото, во денешното маало Диша. Во близина на храмот била подигната чешмата Гура. Некои Македонци од околните села Железна Река и Куново велеле дека едно маало во Србиново населено со православно македонско население се нарекувало Дејаново Маало. За местото на храмот и за постоењето на словенското население, говореле и самите селски Албанци.[2]
Северозападно од Србиново, на оддалеченост од околу 3 километри, се наоѓа месноста Самоков, каде Роми топеле железна руда. Рудата ја добивале од соседното Железна Река. До Самоков била ископана една бразда од изворот Гури Шпелит, со што била обезбедена вода. На местото, рудата првин се испирала со вода, а потоа се топела загревајќи ја со дрвен ќумур. Поради ова, шумите околу месноста се многу уништени.[2]
Вкупно 15 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4]
Атарот на селото е зафаќа простор од 17,8 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 1.141 хектар, на пасиштата отпаѓаат 461 хектар, а на обработливото земјиште 157 хектари.[3]
Врз основа на составот на атарот селото Србиново има мешовита земјоделска функција. Во селото работат услужни објекти.[3]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Србиново живееле 440 жители, сите Албанци муслимани.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 650 Албанци.[6]
Селото е големо, коешто во 1961 година броело 897 жители, од кои 878 биле Албанци, а 16 жители Македонци. Во 1994 година, бројот се зголемил на 983 жители, албанско население.[3]
Пописот од 1991 година не бил воопшто одржан во селото Србиново, бидејќи целото негово население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, за селото нема податоци.[б 1]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото имало 1.039 жители, сите Албанци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 317 жители, од кои 270 Албанци и 47 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 440 | — | 772 | 868 | 897 | 1.074 | 1.162 | — | 983 | 1.039 | 317 |
Србиново е албанско село, во кое живеат доселени Албанци и малку исламизирани и албанизирани Македонци. Целото население говори на албански јазик. Кон крајот на XVIII век во селото дошле три муслиманско-албански семејства, а останатите семејства дошле подоцна. Доселувањето на Албанците во Србиното го помогнал Мемет-паша од Тетово.[2]
Според истражувањата од 1947 година, родови во селото:
Во минатото селото претставувало седиште на неколкуте околни планински села, па поради тоа во него имало месен народен одбор, полициска станица и болница.[2]
Кон крајот на XIX век, Србиново било село во Гостиварската нахија на Тетовската каза на Отоманското Царство.
Селото се наоѓа во рамките на Општина Гостивар, која била значително проширена со територијалната поделба на Македонија во 2004 година. Претходно селото било административно седиште на поранешната помала Општина Србиново.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Гостивар.
Во периодот 1952-1955, селото било административно седиште на Општина Србиново, во која покрај Србиново се наоѓале Железна Река, Куново, Падалиште, Страјане, Трново и Ќафа. Во периодот 1950-1952 година, селото се наоѓало во тогашната општина Србиново во која влегувале селата Србиново, Страјане и Трново.
Во селото постојат избирачките места бр. 0521 и 0521/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачка места биле запишани вкупно 1.165 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.183 гласачи.[16]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.