Remove ads

Првото заседание на АСНОМ е одржано на 2 август 1944 година во манастирот Свети Прохор Пчински. Избрани биле делегати од АСНОМ како пратеници за АВНОЈ. Биле избрани вкупно 47 делегати, од кои седум се претставници за Президиумот на АВНОЈ.[1]

Thumb
Список на делегати испратени од АСНОМ во АВНОЈ, прва страница
Thumb
Список на делегати испратени од АСНОМ во АВНОЈ, втора страница

Списокот на делегати

Делегатите избрани на АСНОМ како пратеници за АВНОЈ, со реден број како во оригиналниот документ, со наведени населени места на делегирање:

  1. Тодор Пецов Циповски, работник, Тетово
  2. Јордан Блажевски, инж. агр., Тетово
  3. Чедо Филиповски, работник, Гостивар
  4. Владимир Полежиноски, д-р, правник, Кичево
  5. Злате Тренески, земјоделец, Кичево
  6. Кемал Аголи, судија, Дебар
  7. Владо Малески, чиновник, Струга
  8. Петре Пирузе, адвокат, Охрид
  9. Лазар Гиновски, земјоделец, Струга, Белчишта
  10. Цветко Узуновски, работник, Ресен
  11. Наум Веслиевски, заменик командант на III -та бригада, Ресен
  12. Наум Наумовски, работник, политички комесар на II-та бригада, Крушево
  13. Тома Кутурец, приватен чиновник, Крушево
  14. Методие Андонов - Ченто, трговец, Прилеп
  15. Бане Андреев - Ронката, политички комесар на Главниот штаб, Велес
  16. Панко Брашнаров, учител, Велес
  17. Никола Минчев, учител, Кавадарци
  18. Лазо Калајџиев, работник, заменик командант на II -та бригада, Неготино
  19. Ристо Балајцалиев, приватен чиновник, Гевгелија
  20. Олга Петрушева, домаќинка, Дојран
  21. Епаминонда поп Андонов, професор, Струмица
  22. Благое Минов, работник, Струмица[2]
  23. Михаил Апостолски, генерал-мајор, командант на НОВ и ПОМ, Штип
  24. Кирил Григоров, адвокат, Штип
  25. Страхил Бајовски, учител, Берово
  26. Никола Иванов Вражалски, кан. адвокат, Кочани
  27. Кирил Михајловски, учител, Виница
  28. Никола Мицев, д-р, ветеринарен лекар, Кратово
  29. Трајко Николов, студент, Крива Паланка
  30. Мара Нацева, работничка, Куманово
  31. Лазо Сокол, инж. начал. на отд. при обл.стоп. камара, Скопје од Куманово
  32. Венко Марковски, поет, Скопје
  33. Петар Богданов - Кочко, музиколог, Скопје
  34. Тодор Стојанов Звездин, активен судски потполковник во Кралството Југославија, Скопје
  35. Тихомир Милошевски, поручник од југословенска војска, командант на III-та македонска бригада, с. Битуше, Галичко
  36. Димитар Влахов, публицист, Кукуш
  37. Борко Темелков, работник, Прилеп
  38. Лилјана Чаловска, студентка, Битола
  39. Киро Миловски, д-р, ветеринарен лекар, Битола
  40. Вангел Чукаловски, активен капетан на бившата југословенска војска, командант на I-та бригада, Битола
Remove ads

Претставници за Президиумот на АВНОЈ

  1. Димитар Влахов, публицист, Кукуш
  2. Методие Андонов - Ченто, трговец, Прилеп
  3. Михаил Апостолски, генерал-мајор, командант на НОВ и ПОМ, Штип
  4. Лазо Кулишев, работник, Св. Николе
  5. Бане Андреев - Ронката, политички комесар на Главниот штаб, Велес
  6. Венко Марковски, поет, Скопје
  7. Мара Нацева, работничка, Куманово

Наводи

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.

Remove ads