Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Солунскиот револуционерен округ бил дел од структурата на Македонската револуционерна организација. Округот го опфаќал Солунскиот вилает во Отоманското Царство.
Солунски револуционерен округ | |
---|---|
Печат на Солунскиот окружен револуционерен комитет | |
Идеологија | Независна Македонија |
Водачи | Дамјан Груев |
Седиште | Солун |
Подрачје на делување | Солунски вилает |
Дел од | Македонска револуционерна организација |
Во јули Даме се нашол во Кавадарци и го формирал првиот револуционерен комитет на Организацијата во Македонија. Гоце Делчев и Туше Делииванов на Велигден 1895 година се нашле во Кукуш каде што покрстиле 15 души во Организацијата. Меѓу зачленетите била и сестрата на Гоце, Руша Делчева, една од првите жени во МРО. Првата чета во Солунскиот револуционерен округ била екипирана во првата половина на 1897 година во Ениџевардарско. Во 1901 година се разврзала Солунската афера. Аферата започнала во Солун, постепено се проширила во Солунскиот вилает. Додека турските власти ја разоткривале организациската мрежа во Солунско и Кукушко на 4 Февруари 1901 година во селото Бајалци четата на Христо Чернопеев имала судир со турскиот аскер и тоа дало нова дименизија на аферата. Најголемиот дел од легалните дејци на Македонската револуционерна организација од загрозените реони биле принудени да заминаат и да се засолнат во Бугарија.
Според општиот план за Илинденското востание, Првиот Солунски револуционерен округ е поделен на два реони - "Кожув" и "Беласица". Подготовките за востанието во Ениџевардарско ги презел Апостол Петков. Воденската околија имала слабо учество во востанието. Таму имало неколку битки. Сава Михајлов и Аргир Манасиев откако го добиле известувањето за денот на востанието, организирале советување. Тие заклучиле дека ќе можат да преземаат само атентати по железничката линија. Востанието во Тиквешко започнало со потпалување на една беговска кула кај Положно, а бегот бил ранет. Подготовките во Кукушко се одвивале под раководство на војводата Крсто Асенов. За денот на востанието било изработено востаничко знаме.
По задушувањето на Илинденското востание се засилува грчката вооружена пропаганда во Македонија, предводена од грчкиот конзулат во Солун. Со пари и доделување на бесплатно оружје , андартите ги привлекуваат на своја страна селата Петрево, Рамел и Зорбатово, а грчките села во Урумљакот стануваат пунктови на грчката пропаганда. Грчките чети постојано ги напаѓаат егзархиските села во Ениџевардарско, а како одмазада се опожарени Рамел и Ниси.
Во јули 1908 година е прогласена Младотурската револуција, по која четите на двете страни ја напуштата вооружената борба.
Во летото 1894 година по барање на Централниот комитет, Даме презел една поголема обиколка низ Македонија во текот на јули и август, неговата намера била подготви револуционерна почва. Најпрво го посетил Штип каде што наишол на неколку граѓани кои биле благонаклонети, меѓутоа Даме сепак сметал дека е прерано да зборува за револуционерната идејата и затоа тогаш не бил формиран револуционерен комитет.
Во јули Даме се нашол во Кавадарци и го формирал првиот револуционерен комитет на Организацијата во Македонија. Прв член во Кавадарци бил ученикот Иван Минчев, тој со Организацијата бил запознаен уште во Солун, а Даме преку Минчев стапил во контакт со главниот учител Пане Иванов и кавдаречкиот учител Иван Велков. Даме им дал преписка од уставот кој го носел со себе, тие двајца дале заклетва пред Даме, а за претседател на комитетот бил поставен учителот Пане Иванов. Во Кавадарци Даме се задржал неколку дена, а потоа со членовите на комитетот заминал за Ваташа каде што биле покрстени неколкумина.
Првата голема мисија на Гоце низ Македонија се датира во април 1895 година за време на велигденскиот распуст. Гоце на пат заминал заедно со Туше Делииванов. Во Велес се сретнале со Петар Поп Арсов. По оваа средба со воз заминале за Солун каде што требало да се сретнат со актуелниот претседател на Централниот комитет на МРО, Христо Татарчев. На Велигден се нашле во Кукуш каде што покрстиле 15 души во Организацијата. Меѓу зачленетите била и сестрата на Гоце, Руша Делчева, една од првите жени во МРО. Во текот на престојот во Кукуш, Гоце успеал да собере 180 лири, а непосредно пред неговото заминување сумата се искачила на 330 лири, парите биле доставени на Централниот комитет на МРО.
Солунскиот конгрес од 1896 година е првиот конгрес на Македонската револуционерна организација (ТМОРО), а потврда за тоа е сведоштвото на Татарчев кој го нарекува како основачки и законодавен [1]. Конгресот се одржала за време на божиќните празници во 1896 година во Солун, траел три дена, а со него заседавал Христо Татарчев.
Првата чета во Солунскиот револуционерен округ била екипирана во првата половина на 1897 година во Ениџевардарско.[2] Тоа било дело на Дамјан Груев.
Тој ја посетил областа Бојмија и тамошните села, притоа ги поканил старите арамии Апостол Петков и Иван Карасулијата кој дејствувале во Бојмија и Пајак планина, да се покорат на ТМОРО и да ги прифатат нејзините начела.
А. Петков и Карасулијата биле покрстени од страна на поп Стамат Тончев.[3]
Четата на Апостол Петков се состоела од 7 души, во неа влегле брат му Тано, братучед му Андон, Михаил Апостолов, Андон Ќосето, Димитар Чавдаров и Атанас Карадупков.[3] Привремено во четата на Апостол Петков се присоединувал и Аргир Манасиев.
Во 1897 година Гоце Делчев на двапати ја посетил областа Бојмија.[3] Неговите посети неможат точно да се датираат но најверојатно е дека биле поврзани со четата.
Делчев со себе го донел и Михаил Апостолов - Попето кој требало да се запознае со теренот и да влијае врз четата која била поставена врз полуарамиски начела.
Набрзо по формирањето, четата на А. Петков го имала своето воено кршевање. Четата стапила во судир со аскерот кај селото Грубевци. Аскерот бил растеран, а четата немала жртви. Оваа борба го прославила името на војводата и го покренала духот на населението.[3] Од четата на А. Петков се одвоил Иванчо Карасулијата и ги обиколувал Кожув и Пајак Планина.
Список на војводите кој дејствувале пред и за време на Илинденското востание:
Солунската афера е една од најголемите провали со која се соочила Македонската револуционерна организација. Аферата започнала во Солун, постепено се проширила во Солунскиот вилает и најголемиот дел од легалните дејци на Организацијата од загрозените реони биле принудени да заминаат и да се засолнат во Бугарија. Дополнително оваа афера добива на тежина со апсењето на речиси целиот Централен комитет, a тоа овозможило на чело на Организацијата да застане бугаринот Иван Гарванов [5].
Додека турските власти ја разоткривале организациската мрежа во Солунско и Кукушко на 4 Февруари 1901 година во селото Бајалци четата на Христо Чернопеев имала судир со турскиот аскер и тоа дало нова дименизија на аферата.
Легалните дејци на Организацијата од Солунско и Кукушко за да не бидат уапсени од страна на турските власти се засолниле во четата на Чернопеев и така таа нараснала на 30 души.
Затоа, Чернопеев и Туше Делииванов со четата замонале во Гевгелиско и таму се ослободиле од дејците, а на 2.02.1901 година се нашле во селото Мачуково каде требале да го разгледаат поведението на Гоно Рибаров.
Отаму четата се упатила кон Бајалци, а Рибаров ја предал четата на турските власти. Организацискиот раководител во Мачуково, Леонид Јанков го известил Чернопеев да го напушти Бајалци но тој одбил и по цена :
„ | султанот да дојде да го моли [6] | “ |
Од друга страна пак Чернопеев им се обратил на селаните од Бајалци кажувајќи им дека тие треба да собираат пари за купување на пушки. На 4 Февруари четата била опколена и таа се обидела да се пробие но при првиот јуриш загинале 7 комити, двајца биле ранети, а останатите се окопале во снегот и започнале престрелка со турскиот аскер која траела 14 часа. Четата сепак успеала да се пробие и се упатила кон селото Калиново, а дури третиот ден успеале да и избегаат на турската потера.
По овој судир Чернопеев и Туше Делииванов кон крајот на март се нашле во Бугарија. Овој судир ги потврдил изјавите на Милан Михајлов, имено меѓу загинатите комити биле откриени посочените лица, а турската власт увидела дека убиените се од Кукуш и околината и дека Отоманското Царство има работа со масовно вооружено организирано движење и затоа прогонните на власта се прошириле во Солунскиот вилает [7]
Солунски конгрес од 1903 година заседавал од 2 до 4 јануари (стар стил - четврток, петок и сабота), тој е познат и како Јануарски конгрес. На овој собир била донесена одлуката за кревање на Илинденското востание иако најголемиот дел од видните револуционерни дејци се изјасниле против кревање на востание.
Според општиот план за Илинденското востание, Првиот Солунски револуционерен округ е поделен на два реони - "Кожув" и "Беласица".
|
|
Подготовките за кревање на востание во Солунскиот револуционерен округ започнале веднаш по Софиското советување. Во февруари 1903 година во Гевгелиско пристигнале Сава Михајлов и Крсто Асенов со 18 товари пушки и динамит. Во тој реон биле четите на Иван Карасулијата и Аргир Манасиев, меѓу нив двајца постоело нетрпение, меѓутоа била организирана средба и дошло до нормализирање на односите.
По борбите во Кукушко, Крсто Асенов со својата чета заминал за Ениџевардарско, меѓутоа и таму дошле во судир кај селото Постол. Во борбата учествувале четите на Асенов, Јотов и Апостол Петков. Турците имале четворица загинати и петмина ранети, а четата двајца убиени. Убиството на Асенов го сменило текот на востанието во Кукушко, Ениџевардарско и Гевгелиско.
Подготовките за востанието во Ениџевардарско ги презел Апостол Петков. Воденската околија имала слабо учество во востанието. Таму имало неколку битки.
Сава Михајлов и Аргир Манасиев откако го добиле известувањето за денот на востанието, организирале советување. Тие заклучиле дека ќе можат да преземаат само атентати по железничката линија. Пред Илинден, во Гевгелиско биле четите на Михајлов со 33 души, Манасиев со 38 души и Карасулијата со 24 души, вкупно 95 четници. На Илинден четите се нашле во близина на самата Гевгелија. Ноќта на 10 август бил миниран блискиот железнички мост. Во ноември била извршена демобилизација во Гевгелиско. Михајлов, Манасиев и Карасулијата со повеќе четници заминале за Бугарија.
Востанието во Тиквешко започнало со потпалување на една беговска кула кај Положно, а бегот бил ранет. Нападот ги раздвижил турските потери и четата се нашла во незгодна положба уште во самиот почеток. На 13 август Јуруков со својта чета бил откриен на Кожув кај селото Копришница, таму дошло до судир во кој загинале двајца востаници и седуммина Турци. Во ноември со 10-на души заминал за Бугарија.
На 23 мај 1903 година кај селото Градобор на десетина километри од Солун била уништена четата на Атанас Чопката. Четата која броела 16 души била опколена, а борбата траела еден ден. Турците имале еден загинат, од четата еден бил фатен жив додека пак останатите загинале. Четниците откако виделе дека состојбата е безизлезна се самоубиле. Подвојводата Мито од Мутулево најпрво ја скршил својата пушка, а потоа се самоубил со револверот.
Подготовките во Кукушко се одвивале под раководство на војводата Крсто Асенов. За денот на востанието било изработено востаничко знаме. Коприната ја купила учителката Милка Ковачева Романова, а знамето било изработено од Рајна Измирлиева, по идејна скица на Мице Измирлиев. Главната база во Кукушко било Арџанското Езеро — таму постоеле складови со храна, опрема и колиби за востаниците.
Меѓутоа, кукушките чети биле откриени уште при нивното излегување и тие морале да дадат неколку борби со аскерот. Судири имало кај селото Драгомирци, Крондирци, а Крсто Асенов на 20 јуни 1903 година кај селото Грамадна имал битка во која загинале 13 четници, претежно млади штотуку излезени. Во овој судир загинал и братот на Гоце Делчев, Милан Делчев. По оваа борба четата на Асенов била изложена на нови напади и прогони. Кај Междурек дала 12 жртви, а борби таа имала и кај Мутулово, Мурарци и други места.
За да го избегне гонењето четата на Крсто Асенов се сместила кај Арџанското Езеро и таму планирала да го дочека денот на востанието. Таму се нашле и четите на Трајко Јотов, Гоце Нисторов и Ѓоно Бигинин и со тоа се формирала поголема четничка групација од околу 110-115 души. Меѓутоа тие биле откриени и дошле во судир со 3 баталјона од 2200 души, а била донесена и артилерија против комитетите. На 23 јули војската се повлекла. По повлекувањето на војската, Асенов со својата чета заминал за II-от востанички округ - Кожув.
По задушувањето на Илинденското востание се засилува грчката вооружена пропаганда во Македонија, предводена од грчкиот конзулат во Солун.
Во областа на Гуменџе раководител на андартите е Ангелос Сакелариус. Во октомври 1904 година излегува првиот гркоманската чета на Гоно Јотов во Ениџевардарско. Тој им помага на капетаните Аграс (Телос Агапинос), Никифорос (Јоанис Деместихас) и Акритас (Константинос Мазаракис) да организираат свои бази во Ениџевардарското Езеро, каде што водат многу борби со четата на Апостол Петков.
Со мито и доделување на бесплатно оружје ги привлекуваат на своја страна селата Петрево, Рамел и Зорбатово, а грчките села во Урумљакот стануваат пунктови на грчката пропаганда. Грчките чети постојано ги напаѓаат егзархиските села во Ениџевардарско, а како одмазада се опожарени Рамел и Ниси.
Воденскиот војвода Лука Иванов води многу успешни борби со андартите, но загинува во август 1906 година во борба со андартската чета на Константинос Гарефис. Во почетокот на 1907 година новиот командант на грчките чети Константинос Сарос се откажува од грчко-турската соработка против ВМОРО и како резултат на тоа андартите акции речиси исчезнуват во Ениџевардарско.
За многу кратко време во пролетта 1905 година Гевгелиско револуционерен реон е речиси разбиен. Уништени се четите на Сава Михајлов, Апостол Петков (без него самиот), Иванчо Карасулијата и Леонид Јанков, додека главниот реонски војвода Аргир Манасиев се наоѓа во Бугарија за собирање на оружје.
Во јули 1908 година е прогласена Младотурската револуција, по која четите на двете страни ја напуштата вооружената борба. Во 1910 година Младотурскиот режим презема акција за собирање на оружјето, во која многу поранешни дејци на ВМОРО се измачувани или уапсени.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.