македонски револуционер From Wikipedia, the free encyclopedia
Милан Делчев ( 1883 во Кукуш — 2 јуни 1903 во Неманци, Кукушко)[1] — македонски револуционер учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација .[2][3]
Милан Делчев | ||
Роден | 1883
година Кукуш, Солунски Вилает, Османлиска Империја | |
---|---|---|
Починал | 2 јуни 1903 19–20) Неманци, Солунски Вилает, Османлиска Империја | (возр.|
Народност | Македонец | |
Татко | Никола Делчев | |
Мајка | Султана Делчева | |
Роднини | Руша Делчева, Гоце Делчев, Димитар Делчев и Христо Делчев. |
Милан Делчев е роден 1883 година во Кукуш, тогаш во Отоманското Царство. Се родил како трет син на Никола Делчев и Султан Делчев, а негови браќа се Гоце, Димитар и Христо Делчев.[4]
Милан Делчев на 18 години станал четник при војводата Крсто Асенов во 1901 година.[1] На 20 јуни 1903 година,[5] за време на Илинденското востание, аскерот ја опколил четата, по што комитите се поделиле во групи по дваца-тројца. Милан останал само со еден другар. Неколку дена се криеле во селото, а потоа едно утро, тргнале накај шумичката над селото. Наишле на голема турска војска, бидејќи не можеле да се вратат назад, ја прифатиле борбата. Милан херојски загинал во нерамноправната битка. Три дена никој не знаел за безживотното тело на Милан. Четвртиот ден решително селаните, ризикувајќи ги своите животи, формирајќи процесија го погребале. Самата шума ја нарекле Милан-Делчева шума. Никола и Султана Делчеви за само две години загубиле три сина: Гоце, Милан и Мицо.[1][6]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.