Смолика

Планина во Пинд, Епир From Wikipedia, the free encyclopedia

Смолика

Смолика (грчки: Σμόλικας, Смоликас, влашки: Smolcu) — највисоката планина од венецот Пинд, која ја дели Егејска Македонија на исток, од Северен Епир на запад. Со надморска височина од 2.637 м, Смолика е втората по висина планина во денешна Грција, по Олимп.

Кратки факти Смолика, Највисока точка ...
Смолика
Σμόλικας
Thumb
Поглед на врвот на Смолика од југ
Највисока точка
Надм. вис.2.637 м[1]
Истакнатост1.736 м[1]
Заведена какоултра
Друго имеΣμόλικας
Географија
Смолика на карта

Thumb

Местојугозападна Егејска Македонија и Северен Епир, Грција
ПокраинаGR
Матичен венецПинд
Затвори

Подрачјето на планината го опфаќа севениот дел од округот Јанина во Епир и западниот дел од округот Гребен во Егејска Македонија. Околни планини се Грамошта (Грамос) на север, Тимфи на југ и Пинд на југ и исток. Во поширока смисла сочинува дел од Пинд, под кој се подразбира целиот планински систем на денешна западна Грција.

На планината Смолика се сместени некои од највисоките населени места во Егејска Македонија и цела денешна Грција, како што се гребенското село Самарина, кожанското село Падеж и јанинското село Фурка. Од Смолика извираат две притоки на БистрицаВенетик (Βενέτικος) и Гребенска Река (Γρεβενιώτικος).

Масивот на Смолика има должина од 15-20 км во правец исток-запад, а ширина 10 км од север кон југ.

Thumb
Смолика (во заден план). Поглед од северозапад (патот Пирсојани-Вурбјани).
Thumb
Воденица кај с. Арматово, општина Коница

Екологија

За време на плеистоценот, северните и источните падини, вкл. и соседните долини биле прекриени со ледници. Конечното топење на ледниците се случило пред околу 11.500 години.

Смолика е прекриена со густ растителен свет, каде се вбројуваат црниот бор, муниката, буката и други широколисни растенија. Под највисоките врвови на планината се сместени и двете Змејски Езера (Δρακολίμνη, Драколимни). Помали планински езера има и на други места по планината.

Планинарски патеки

Смолика има низа врвови чија надморска височина надминува 1.600 м. Непосредно на исток од Смолика се врвовите Лемос (2.540 м) и Мосија (Μόσια, 2.610 м). Недалеку од главниот врв на север се сместени Куцуро (Κούτσουρο, 2.318 м ) и Аркудалона (1.798 м). На североисток се наоѓаат врвовите Капетан Цекура (Καπετάν Τσεκούρα, 2.253 м) и Богдани или Вузи (Βούζι, 2.239 м). Други врвови на планината се Конското (Αλογότοπος, Алоготопос, 2.230 м), Палиострунги (Παλιοστρούγγι, 2.221 м), Мисорахи (Μισσοράχη, 2.217 м), Атина (2.106 м), Мугурија (2.080 м), Далијаполи (Νταλιάπολη, 2.077 м), Срнечки Камен (Πέτρα Γκαγκαράντζα, Петра Ганкараџа, 2.045 м), Смилјани (Σμίλιανη, 2.014 м), Скурџа (Σκούρτ, , 1.799 м), Аница (Ανίτσα, 1.700 м), Киркори (Κίρκορη, 1.860 м), Зекири (Ζεκίρι, 1.700 м), Тамбури (Ταμπούρι, 1.878 м), Циганското (Γύφτισα, Гифтиса, 1.752 м), Пророк Илија - Фурка (Προφήτης Ηλίας Φούρκας, Профитис Илијас Фуркас, 1.650 м) и Клифтис (Κλέφτης, 1.846 м).

Популарните патеки одат до врвовите на Смолика од Самарина од исток, од Керасово (Аја Параскеви) од север и од Палиосели и од Падеж од југ.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.