Слепче се наоѓа во областа Железник, на 2 километри западно од градот Демир Хисар, а десно од патот Кичево - Демир Хисар, на 680 м. над. вис.[2] Сместено е во источните падини на Илиница. Земјиштето на Слепче е 24,5 км2, од кои шумите заземаат површина од 1737 ха или поголемиот дел од земјиштето, обработлива површина заземаат 365 ха, а пасиштата 367 ха.[3].
Во XIX век селото било дел од Битолската каза на Отоманското Царство.
Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4]
Во март 2013 г. во објектот на Домот на културата рускиот производител за балетска опрема „Гришко“ отвори работен погон со капацитет од 60 вработени. „Гришко“ произведува чевли за сите танцови стилови, театарски костими, облека за фитнес, јога и други слободни спортски активности, a производите ги има во над 60 земји на повеќе континенти.[5] Во 2020 година Фабриката за балетска опрема „Гришко“ престана да работи.
Повеќе информации Година, Нас. ...
Население во минатотоГодина | Нас. | ±% |
---|
1948 | 1.143 | — |
---|
1953 | 1.108 | −3.1% |
---|
1961 | 1.099 | −0.8% |
---|
1971 | 1.078 | −1.9% |
---|
1981 | 1.031 | −4.4% |
---|
| Година | Нас. | ±% |
---|
1991 | 914 | −11.3% |
---|
1994 | 791 | −13.5% |
---|
2002 | 719 | −9.1% |
---|
2021 | 555 | −22.8% |
---|
|
|
Затвори
Според турските пописни дефтери од 1467/68 г. во Слепче живееле 66 семејства, 3 неженети и 2 вдовици, а сто години подоцна, во 1568 г. имало 103 христијански и едно муслиманско семејство.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Слепче живееле 570 жители, сите Македонци.[6] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Слепче имало 800 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[7]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Слепче се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 100 куќи.[8]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 800 Македонци.[9]
Според пописот од 2002 година, во селото Слепче живеат 793 жители, сите Македонци.[10]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 555 жители, од кои 528 Македонци, 3 останати и 24 лица без податоци.[11]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Повеќе информации Година ...
Година |
1900 |
1905 |
1948 |
1953 |
1961 |
1971 |
1981 |
1991 |
1994 |
2002 |
2021 |
Население |
570 |
800 |
1.143 |
1.108 |
1.099 |
1.078 |
1.031 |
914 |
791 |
719 |
555 |
Затвори
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[12]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[13]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]
Родови
Слепче е македонско село.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:
- Староседелци: Пирковци (8 к.); Зенговци со Бошевци (6 к.); Дамчевци со Јошковци (2 к.); Коруновци (8 к.); Балуловци (11 к.); Муловци (7 к.); Ѕинговци (3 к.); Ѓоршовци (5 к.); Прпушковци (5 к.); Шиклевци со Дамчевци (5 к.); Лешниковци со Алексовци (2 к.); Неделковци (4 к.); Дувчевци (6 к.); Пупунчевци со Танчевци (2 к.); Ашковци (4 к.); Печенпетеловци со Марковци и Клепачовци (6 к.); Чадевци (3 к.); Матлијовци (3 к.); Калевци со Калешѓоргијовци (4 к.); Риловци (1 к.); Прпорчевци (1 к.); Лутовци (4 к.); Бутковци со Чорбевци (9 к.); Гугучевци со Мазевци (7 к.); Наловци (11 к.); Шишковци (2 к.); Мирчевци (3 к.); Карабатковци (3 к.); Каревци (15 к.); Лукарчевци со Симоновци и Цапановци (6 к.); Стретковци со Страшовци (5 к.), Гаџовски
- Доселеници: Зајаковци (4 к.) доселени се од селото Мренога. Го знаат следното родословие: Никола (жив на 60 г. во 1952 година) Тале-Кочо, кој се доселил; Цвичковци (1 к.) доселени се однекаде; Поповци (4 к.) со Кусановци (2 к.) доселени се од околината на Гнилане во Косово. Го знаат следното родословие: Коле (жив на 60 г. во 1952 година) Даме-Стојче-Нико-Трене-Стефан-Јован, кој се доселил; Мијајлевци со Сиџимовци, Теновци и Палабурун (8 к.) доселени се од селото Загориче; Прпорчевци (1 к.) потекнуваат од домазет доселен од селото Сладуево; Димчевци (3 к.) доселени се од селото Радово, каде имаат роднини. Го знаат следното родословие: Стојан (жив на 60 г. во 1952 година) Никола-Димче, кој се доселил; Кочовци (1 к.) доселени се од селото Железнец; Цветковци (1 к.) доселени се од селото Граиште; Геговци (3 к.) доселени се од селото Лесково.[16]
Селото има дом на културата, изграден во 1988 година и споменик на загинатите за слободата на Македонија. Над селото се наоѓа еден од најголемите средновековни книжевно-уметнички центри - Слепчанскиот манастир посветен на Свети Јован Претеча.
Сретселото е реновирано и уредено, претворено во плоштад, наречен „Цар Самуил“.
- Цркви[20]
- Археолошки наоѓалишта[21]
- 7 јули - Иванден - слава на манастирот
- 21 септември - Мала Богородица — селска слава
- октомври - Цвеќе на мирот во Слепче
- 27 октомври - Петковден - куќна слава
- 8 ноември - Митровден - куќна слава
- 4 декември - Пречиста - куќна слава
- 19 декември - Свети Никола - куќна слава
- Висарион Дебарски, средновековен книжевник
- Матеј Слепчански, средновековен книжевник
- Пахомиј Слепчански, средновековен книжевник
- Сисој, средновековен книжевник
- Петар Лутоски, првоборец и писател
- Стојан Попов, писател
- Славко Крстевски, писател
- Љубе Неделковски, уметник
- Ангеле Јанкулев Каревски — македонски револуционер од ВМОРО.[22]
- Никола Богојов Каревски — македонски револуционер од ВМОРО.[22]
- Крсте Цветков Кузмановски — македонски револуционер од ВМОРО.[22]
- Ристе Котев Балулов — македонски револуционер од ВМОРО.[23]
- Стојан Петрев Башевски — македонски револуционер од ВМОРО.[23]
- Стојан Сиљанов Мијајлевски — македонски револуционер од ВМОРО.[24]
- Спиро Петров Мицковски — македонски револуционер од ВМОРО.[24]
- Сиљан Стеванов Налов — македонски револуционер од ВМОРО.[24]
- Стојан Нечов Наловски — македонски револуционер од ВМОРО.[24]
- Тасе Ристев Наловски — македонски револуционер од ВМОРО.[24]
- Пере Тасев Симоновски — македонски револуционер од ВМОРО.[25]
- Ристе Стеванов Тековски — македонски револуционер од ВМОРО.[25]
- Алексо Јошев Трајчевски — македонски револуционер од ВМОРО.[25]
- Стојан Блажев Ристев — македонски револуционер од ВМОРО.[26]
Постари иселеници до 1952 година од селото имало во Битола (3 семејства), Бугарија (3 семејства), Србија (3 семејства) и во Крушево (1 семејство).[16]
- Смртта на бабарот - песна на Петре М. Андреевски од збирката „Пофалби и поплаки“ (Скопје, 1975)
- Исповед на слепченскиот игумен - песна на Раде Силјан од збирката „Третиот лик на времето“ (Скопје, 1975)
- Слепченскиот книжевно-уметнички центар - Ванѓелко Лозаноски (Битола, 1987)
- Слепче - Ванѓелко Лозаноски (Битола, 1988)
- Битисување - Славко Крстевски (Демир Хисар, 2014)
- Кога го граделе Слепченскиот манастир - песна на Раде Силјан од збирката „Молитва за Македонија“ (Скопје, 2015)
Географски топонимски речник на Република Македонија - Илија Петрушевски, Николина Петрушевска, Скопје 2001
Министерство за локална самоуправа. База на општински урбанистички планови
Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 239.
D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.172-173.
„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
Русиќ, Бранислав. фондот „Бранислав Русиќ“. Архивски фонд на МАНУ, к-5, АЕ 97.
Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва том IV, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва том III, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.