Сиричино — село во Општина Јегуновце, во околината на градот Тетово.
Селото се наоѓа во Долни Полог, на територијата на Општина Јегуновце, чиј атар се издига со еден дел на планината Жеден. Селото е рамничарско на надморска височина од 390 метри. Од градот Тетово населбата е оддалечена 12 километри.
Во селото нема поголеми стопански капацитети, па затоа поголем дел од населението работи во Тетово. Населението исто така се занимава со земјоделство, но повеќе како дополнителна отколку како примарна дејност. Како деловни субјекти во селото постојат: бензиска станица, млин за жито, ресторан покрај реката Вардар, обложувалница и неколку дуќани.
Повеќе информации Година, Нас. ...
Население во минатотоГодина | Нас. | ±% |
---|
1948 | 720 | — |
---|
1953 | 762 | +5.8% |
---|
1961 | 762 | +0.0% |
---|
1971 | 641 | −15.9% |
---|
1981 | 588 | −8.3% |
---|
| Година | Нас. | ±% |
---|
1991 | 509 | −13.4% |
---|
1994 | 435 | −14.5% |
---|
2002 | 395 | −9.2% |
---|
2021 | 399 | +1.0% |
---|
|
|
Затвори
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Сиричино живееле 330 жители, сите Македонци.[2] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, во 1905 година во Сиричино имало 320 Македонци, патријаршисти.[3]
По Балканските војни е забележано со 416 жители.[4]
Според Афанасиј Селишчев, во 1929 година Сиричино било село во Групчинска општина и имало 59 куќи со 520 жители, сите Македонци[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 500 Македонци.[6]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 395 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 399 жители, од кои 363 Македонци, 1 Албанец, 5 Срби и 30 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Повеќе информации Година ...
Година |
1900 |
1905 |
1948 |
1953 |
1961 |
1971 |
1981 |
1991 |
1994 |
2002 |
2021 |
Население |
330 |
320 |
720 |
762 |
762 |
641 |
588 |
509 |
435 |
395 |
399 |
Затвори
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови
Сиричино е македонско село.
Според истражувањата од 1947 година, родови во селото се:
- Черенковци (5 к.) староседелци. Имаат иселеници во Тетово (три семејства)
- Витановци (4 к.) староседелци.
- Мирчевци (2 к.) староседелци.
- Трајановци (2 к.) староседелци. Имаат иселеници во Тетово (три семејства) и во Белград (едно семејство)
- Јанчевци (16 к.) доселени се од денес албанското село Бојане. Го знаат следното родословие: Ристо (жив на 70 г. во 1947 година) Мано-Велко-Јанчо-Пејо, еден од првите доселеници. Имаат кумови кои од Бојане прешле во селото Туденце. Имаат иселеници во Скопје (едно семејство)
- Павлевци (5 к.) имаат исто потекло како претходниот род. Го знаат следното родословие: Трпе (жив на 50 г. во 1947 година) Саве-Синадин-Павле, основачот на родот кој се доселил. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство), Скопје (едно семејство) и во Белград (едно семејство)
- Николовци (5 к.) имаат исто потекло како претходниот род. Го знаат следното родословие: Коце (жив на 39 г. во 1947 година) Насто-Стојче-Јован-Никола. Имаат иселеници во Варвара (домазет) и во Белград (едно семејство)
- Мартиновци (7 к.) имаат исто потекло како претходниот род. Го знаат следното родословие: Ристо (жив на 65 г. во 1947 година) Онче-Зафир-Стојче-Иван-Мартин, основачот на родо кој се доселил. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство)
- Ѓоревци (15 к.) доселени се од денес албанското село Желино. Го знаат следното родословие: Ѓорги (жив на 23 г. во 1947 година) Трпко-Никола-Јосиф-Симјан-Ѓоро, кој се доселил во селото. Имаат иселеници во Скопје (едно семејство) и во Тетово (едно семејство)
- Жуљевци (3 к.) доселени се од денес албанското село Церово. Го знаат следното родословие: Душан (жив на 35 г. во 1947 година) Спиро-Димитрија-Димо, се доселил таткото на Димо кој не памтат како се викал.
- Брзаковци (4 к.) доселени се од денес албанското село Голема Речица. Го знаат следното родословие: Петруш (жив на 65 г. во 1947 година) Андро-Трпче-Стојко, кој се доселил.
- Поречковци (10 к.) доселени се од некое село во областа Порече. Го знаат следното родословие: Трпко (жив на 65 г. во 1947 година) Александар-Ване-Илија, кој се доселил во селото. Имаат иселеници во Тетово (две семејства), Белград (едно семејство) и во Тител (едно семејство)
- Богдановци (1 к.) потекнуваат од војник кој бил на служба во Сиричино, и потоа се оженил со некоја девојка од Сиричино, и останал како домазет. По потекло бил од кратовско
- Призренец (1 к.) доселени се од селото Драјчиќи кај Призрен (Косово и Метохија)
- Шарлевци (7 к.) доселени се од блиското село Озормиште, таму биле староседелци. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство) и во Скопје (едно семејство)
- Валталовци (1 к.) потекло како и претходниот род.
- Симуновци (1 к.) доселени се од селото Фалише, каде припаѓале на родот Коачовци.
- Поречанци или Мицковци (1 к.) доселени се од селото Сараќино, каде имаат истоимени роднини.
- Призренци (1 к.) доселени се од селото Долна Лешница, каде имале роднини, подалечно потекло имаат од селото Драјчиќи кај Призрен (Косово и Метохија)
Во селото работи Основното Училиште „Даме Груев“ во кое се изведува настава од прво до четврто одделение.
- Црква „Св. Петка“ - Сиричино. Таа датира од XVI век или поточно од 1567 година. И покрај тешките услови под османлиското ропство црквата е обновена во 1641 година и од тогаш го носи името Света Петка. Црквата повторно била реновирана во 1884 година и реновирањето траело до 1893 година. Црквата Света Петка е една од најстарите во Тетовскиот крај и затоа после Втората светска војна е ставена под заштита на законот за заштита на споменици на културата[15].
- Брце — некропола од доцноантичкото време. Источно од селото, во непосредна близина на селското училиште се откриени гробови градени од камени плочи и питоси
- Матеички Дол - депо на средновековни монети. Во атарот на селото е откриено депо со бакарни византиски скифати од XII – XIII век. 163 монети се чуваат во збирката на Музејот на Македонија во Скопје, а според кажувањето на жителите, во депото имало повеќе монети што се растурени меѓу селаните[16]
Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp.122-123.
Речник места у Ослобођеној области Старе Србије. Белград. 1914. стр. 140.
Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр.22.
„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
Нови сознанија за црквата Света Петка во сиричино, Тетовско, Културно наследство , 24-25/1997-98, Скопје 1999, 75-85