Remove ads
покраина во Шпанија From Wikipedia, the free encyclopedia
Севиља (шпански: Sevilla) — покраина во јужна Шпанија, во западниот дел на автономната заедница Андалусија. Се граничи со покраините Малага, Кадис на југ, Уелва на запад, Бадахос на север и Кордоба исток. Севиља е главен град на покраината, како и на цела Андалусија.[1]
Севиља Sevilla | |||
---|---|---|---|
покраина | |||
Покраината во рамките на Шпанија | |||
Земја | Шпанија | ||
Автон. заедница | Андалусија | ||
Седиште | Севиља | ||
Управа | |||
• Претседател | Фернандо Родригес Виљалобос | ||
Површина | |||
• Вкупна | 14.036 км2 (5,419 ми2) | ||
Население (2022) | |||
• Вкупно | 1.963.000 | ||
• Густина | 139,44/км2 (361,1/ми2) | ||
Службени јазици | шпански | ||
Мреж. место | dipusevilla.es |
Сместен на јужниот брег на реката Гвадалкивир, градот Севиља е најголемиот во Андалусија.[2] Маврите ја поделиле поранешната покраина Андалусија на четири кралства — Севиља, Кордоба, Хаен и Гранада.[3] Севиља има најголем БДП од сите покраини во Андалусија. По неа следат покраините Малага и Кадис.[4] Севиљското пристаниште има големо стопанско значење за покраината.[5]
Покраината зафаќа површина од 14.036 км2. Населението брои 1.963.000 жители (2022), од кои околу 40 % живеат во главниот град, а густината изнесува 139,44 жит./км2. Таа опфаќа 105 општини. Го дели националниот парк „Доњана“ со покраината Уелва. Во неа се наоѓа и природнио парк Сиера Норте де Севиља (177.484 ха), најголемото заштитено подрачје во Андалусија.[2] Реката Гвадалкивир минува низ покраината од исток кон запад. Други поважни реки се Гвадијана, Пинта и Ксенил.[6] Северниот дел е претежно планински.[7][8] Севиља има топла средоземна клима со просечна годишна температура од 18,5 °C. Зимите се благи, а летата се врели. Лете максималната температура надминува 40 °C. Местото Есиха е наречено „Тавата на Андалусија“ for поради жешките лета.[9][10] Во неа се произведуваат големи количества пченка.[6] Туризмот е доста развиен; Севиља е меѓу водечките градови во Андалусија, и зад Барселона и Мадрид на државно ниво. Во 208 г. п.н.е. целото население на населбата на местото на денешна Естепа ги изгорело своите домови и извршило самоубиство пред нападот на Римјаните.[2] Севиља е град со најголема густина на барокни цркви во светот.[11] Од 1982 до 2000 г. во покраината постојано победувала Социјалистичката работничка партија. Во споредба со останатите покраини во Шпанија, Севиља важи за недоволно развиена.[12]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.