Remove ads
река во Шпанија From Wikipedia, the free encyclopedia
Гвадалкивир (шпански: Guadalquivir) — петта река по должина на Пиринејскиот Полуостров и втора по должина во рамките на Шпанија. Долга е 657 км, а сливното подрачје зафаќа 58.000 км². Извира во Кањада де лас Фуентес (кај селото Кесада) во планинскиот венец Казорла (Хаен), па тече низ Кордоба и Севиља, а завршува кај рибарското село Бонанза во Санлукар де Барамеда, каде се влева во Кадискиот Залив (Атлантски Океан). Во овој најдолен дел од течението пределите се низински, со значајни мочуришта и се граничи со националниот парк „Доњана“.
Гвадалкивир | |
Guadalquivir | |
Река | |
Гвадалкивир во Севиља | |
Потекло на името: од арапскиот поим ел-вади ел-кабир = „Голема Долина“ | |
Земја | Шпанија |
---|---|
Регион | Андалусија |
Градови | Кордоба, Севиља |
Извор | Кањада де лас Фуентес |
- место | пл. Казорла, Кесада, Хаен |
Утока | Атлантски Океан |
- местоположба | Санлукар де Барамеда, Кадис |
- височина | 0 м |
- координати | 36°47′N 6°21′W |
Должина | 657 км |
Слив | 56.978 км2 |
Истек | во Севиља |
- просечен | 164,3 м3/с |
Течението на Гвадалкивир
| |
Портал: Хидрографски сојуз на Гвадалкивир | |
Ова е единствената голема пловна река во Шпанија. Денес со брод се стигнува до Севиља, а во римско време се одело сè до Кордоба.
Според историските записи, на устието на Гвадалкивир се наоѓал древниот град Тартес, иако самото место на наоѓање досега не е утврдено.
Името на реката доаѓа од арапскиот поим „ел-вади ел-кабир“ (الوادي الكبير), што значи „Голема Долина“. Феникијците реката ја нарекувале „Бајц“, што подоцна преминало во „Бетис“, што останало сè до маварско време. По неа е наречена и римската провинција Хиспанија Бетика. Уште постаро келтиберско име на реката е „Оба“ (Златна).
Гвадалкивир има поголем број на притоки:
Леви притоки се: Мала Гвадијана, Гвадалбулјон, Гвадахос, Хенил, Корбонес и Гвадајхара.
Десни притоки се: Гвадалимар, Хандула, Јегвас, Гвадалмелјато, Гвадијато, Бембезар, Вијар, Уелва, Гвадијамар
„Гвадалкивир“ се нарекувал францускиот брод што го разурнале Гемиџиите во солунското пристаниште на 28 април 1903 г.[1]
„Гвадалкивир“ на Ризницата ? |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.