Simon & Garfunkel (македонска транскрипција: Сајмон и Гарфанкел) ― американски фолк-рок дует составен од пејачот и текстописец Пол Сајмон и пејачот Арт Гарфанкел. Тие биле меѓу музичарите кои оствариле најголема продажба во 1960-тите. Нивните најголеми хитови се трите песни кои се искачиле на прво место на американската топ-листа: „The Sound of Silence“ (1965) и двете песни кои добиле Греми за запис на годината „Mrs. Robinson“ (1968) и „Bridge over Troubled Water“ (1970). Други нивни хитови се: „The Boxer“ (1969), „Cecilia“ (1970) и четирите песни од 1966 година „Homeward Bound“, „I Am a Rock“, „Scarborough Fair/Canticle“ (сингл во 1968 година) и „A Hazy Shade of Winter“ (исто така хит на второ место за „Bangles“ во 1987/88 година), како и песната од албумот од 1968 година (и хитот во Велика Британија од 1972 година) „America“.

Кратки факти Животописни податоци, Познат(а) и како ...
Simon & Garfunkel
Thumb
Арт Гарфанкел (лево) и Пол Сајмон на настап во Даблин, 1982
Животописни податоци
Познат(а) и какоTom & Jerry (1956–1958)
ПотеклоФорест Хилс, Квинс, Њујорк, САД
Жанровифолк-рок[1]
Период на активност
  • 1956–1958
  • 1963–1970
  • 1972
  • 1975–1977
  • 1981–1984
  • 1990
  • 1993
  • 2003–2005
  • 2007–2010
ИздавачиColumbia
Мреж. местоsimonandgarfunkel.com
Поранешни членови
  • Пол Сајмон
  • Арт Гарфанкел
Затвори

Историја на групата

Сајмон и Гарфанкел се запознале во основно училиште во Квинс, Њујорк Сити, во 1953 година, каде научиле да се усогласуваат и почнале да пишуваат песни. Како тинејџери, под името Tom & Jerry, имале успешна песна „Hey, Schoolgirl“ (1957); песна во која ги подражавале нивните идоли, Everly Brothers. После тоа, дуетот се распаднал, а Сајмон имал неуспешни соло-песни. Во 1963 година, откако увиделе дека публиката сѐ повеќе се интересира за фолк музика, тие повторно се обединиле и под името Simon & Garfunkel потпишале договор со Columbia Records. Нивниот прв албум, Wednesday Morning, 3 A.M.(објавен во октомври 1964 година), слабо се продавал; тие повторно се разделиле, а Сајмон се вратил на соло кариерата, овој пат во Англија. Во јуни 1965 година, „The Sound of Silence“ ― акустична песна од првиот албум на дуетот ― била пресинхронизирана со електрична гитара и тапани и кон крајот на 1965 година станала хит на американското AM радио, и на 1 јануари 1966 година се искачила на прво место на „Хот 100“ на Билборд. Сајмон и Гарфанкел повторно се обединиле и го издале вториот студиски албум, Sounds of Silence (јануари 1966 година) ― на кој била и ажурираната верзија на "The Sound of Silence" - и тргнале на турнеја по колеџите низ САД. За нивниот трет студиски албум, Parsley, Sage, Rosemary and Thyme (октомври 1966 година), дуетот презел покреативна контрола. Нивната музика (најчесто стар материјал) била искористена во филмот од Мајк Николс „Дипломец“ (објавен во декември 1967 година), меѓу кои биле песните „The Sound of Silence“, „Scarborough Fair“ и две многу кратки акустични верзии од „Mrs. Robinson“. 16 последователни недели, од април до јули 1968 година, саундтрак албумот од филмот и нивниот следен студиски албум, Bookends (април 1968 година) се менувале на првото место на Топ-200 на Билборд.

Односот на Сајмон и Гарфанкел бил пропратен со чести проблеми, а нивните несогласувања биле причина за нивно раскинување во 1970 година. Нивниот последен студиски албум, Bridge over Troubled Water, објавен во јануари 1970 година, станал еден од најпродаваните албуми во светот. По нивното разделување, Сајмон забележал голем успех на топ-листата за синглови (13 топ-40 хитови, 1972–86) и на топ-листата за албуми, меѓу кои е и фалениот албум Graceland (1986).[2] Гарфанкел на топ-листите се појавил со песните „All I Know“ (1973) и двете песни на прво место во Обединетото Кралство „I Only Have Eyes for You“ (1975) и „Bright Eyes“ (најдобар сингл во Британија за 1979 година); тој исто така имал и кратка филмска кариера, при што имал главна улога во филмовите од Мајк Николс Catch-22 (1970) и Carnal Knowledge (1971) и во Bad Time (1980) од Николас Рог. Сајмон и Гарфанкел неколку пати се обединувале; на нивниот концерт во Сентрал парк во 1981 година присуствувале 500.000 луѓе, што го прави еден од најпосетените концерти во на сите времиња.[3] [4]

Награди и признанија

Сајмон и Гарфанкел освоиле седум Греми-награди;[5] четири нивни песни биле примени во Гремиевата куќа на славата, а во 1990 година биле примени во Куќата на славата на рокенролот.[6] Според новинарот Ричи Унтербергер тие се „најуспешен фолк-рок дует од 1960-тите“ и едни од најпопуларните уметници од таа деценија.[1] Со продадени над 100 милиони плочи, тие се наоѓаат на списокот на музичари со најголема продажба. [7] Во 2010 година, Rolling Stone ги ставил на 40-то место на списокот на најдобри музичари на сите времиња,[8] и на трето место на списокот на најдобри дуети.[9]

Thumb
Симон и Гарфанкел на аеродромот Шипхол, Холандија, во 1966 година

Дискографија

Студиски албуми

  • Wednesday Morning, 3 A.M. (1964)
  • Sounds of Silence (1966)
  • Parsley, Sage, Rosemary and Thyme (1966)
  • Bookends (1968)
  • Bridge over Troubled Water (1970)

Наводи

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.