СС (германски: Schutzstaffel, SS; Шуцштафел - „Безбедносен одред“) — голема безбедносна и паравоена организација на Национал-социјалистичката германска работничка партија и на Нацистичка Германија.

Кратки факти СС, Schutzstaffel (SS) ...
СС
Schutzstaffel (SS)
Thumb
Амблемот на СС
Thumb
Адолф Хитлер на смотра на I СС оклопна дивизија-Телесна гарда на Адолф Хитлер (1938).
Податоци за органот
Основан 1925
Претходници Штурмабтајлунг
Штабна гарда
Укинат May 8, 1945
Надлежност Трет Рајх Германија
окупирана Европа
Седиште Главна управа на СС, ул. Принц Албрехт, Берлин
52°30′26″N 13°22′57″E
Вработени 1.250.000 (февруари 1945)
Ministers responsible Адолф Хитлер, Фирер
Хајнрих Химлер, Рајхсфирер
Раководители Јулиус Шрек
(Рајхсфирер-СС
(1925–1926))

Јозеф Берхтолд
(Рајхсфирер-СС
(1926–1927))

Ерхард Хајден
( Рајхсфирер-СС
(1927–1929))

Хајнрих Химлер
(Рајхсфирер-СС
(1929–1945)
Карл Ханке, Рајхсфирер-СС
(29 април – мај 1945))
Матичен орган Трет Рајх НСДАП
Ограноци Општи СС
Вафен-SS (СС-Расположлив одред)
СС-Черепни единици
СС-Главна управа за безбедност - Безбедносна полиција (ЗиПо) и Служба за сигурност (СД)
Поредочна полиција
Затвори

Кратка историја

Во 1925 г. Адолф Хитлер оформил своја лична гарда наречена Schutzstaffel (Шуцштафел, Безбедносни одреди). Четри години подоцна, Хитлер го назначил Хајнрих Химлер за водач на СС. До тогаш СС броела само околу 280 членови. Тие носеле иста униформа како СА, освен што имале специфични црни капчиња со сребрена мртовечка (костурска) глава и црна вратоврска.

Во наредните години, Химлер (и СС) добил поголема независност од СА. Јозеф Дитрих — Зеп бил назначен на чело на Хилеровата гарда, додека Химлер имал задача да ја одржува и шири организацијата.

Со дозвола од Хитлер, Химлер ја проширил СС. Тој лично ги проверувал и одобрувал сите апликации за да се осигура дека сите апликанти биле со чиста ариевска крв (еден од условите за членство!). Во 1932, Химлер ги вовел црните унифрорми за СС.

Кога Нацистичката партија ја добила власта во 1933, СС прераснале во масовна организација со околу 52000 членови! Химлер бил назначен за шеф на целата германска полиција надвор од Прусија (каде што Херман Геринг бил министер за внатрешни работи).

Химлер се согласил со Геринг дека СА претставувале закана за германската армија и во јуни 1934, заедно со неговите лојални помошници, Рајнхард Хејдрих, Курт Далиг и Валтер Шелеберг, ја организирал „чистката“ позната како Ноќ на долгите ножеви.

Последиците од чистката ја направиле СС примарна алатка за внатрешното владеење во Германија. Во 1936 Гестапо исто така била ставена под контрола на Химлер. Тој бил во можност да постави луѓе од СС во сите клучни позиции во Германија.

Во декември 1940, Химлер ја основал Вафен-СС (Вафен-СС; во превод „Воена СС“; буквално германски: Waffen = оружје). Оваа нова армија растела бргу и за само 6 месеци броела 150.000 луѓе.

За време на Втората светска војна, одредот „Мртовечка (костурска) глава“ (СС-Черепни единици, SS-TV) биле поставени на чело на германските концентрациони логори. СС исто така ја следела германската армија во Советскиот Сојуз, каде што имале задача да отстрануваат (убиваат) евреи, цигани, комунисти и партизани.

Во јуни 1944, во СС членувале повеќе од 800.000 луѓе: Личната гарда на Хитлер - 200.000, Вафен-СС - 594.000 и СС-Черепни единици - 24.000 (има податоци коишто велат дека кон крајот на 1944, Вафен-СС броела над 900.000 членови.)

Во воениот суд, на судењето во Нирнберг СС биле осудени како криминална организација и голем број од водачите биле погубени.

Историја

Потекло и создавање

Сѐ започнало во 1923 година, кога се оформиле СА (Sturmabteilung). Јуришните војници имале задача да ги штитат високите партиски водачи во Нацистичката партија. Со други зборови, тие биле телохранителите на митинзи, собири и други јавни настани. На почетокот имало само 8 членови. Нивните униформи биле причината да бидат нарекувани и „кафени кошули“.

По неуспешниот обид за државен удар во 1923, СА биле малку запоставени (целата НСДАП имала кризен период додека нивниот водач бил зад решетки), но се вратиле на сцена во 1925. Ова време од СА излегле т.н. Stabswache, задолжени за заштита на Хитлер, кои биле преименувани во Stosstrupp Adolf Hitler. Истата година се прошириле на национално ниво и станале познати како Schutzstaffel (СС). СС не била веќе лична гарда на Хитлер, туку и на други партиски водачи. Со текот на времето оваа прилично мала формација, ќе прерасне во елитна германска армија.

Развој

Од 1925 до 1929, СС биле само еден баталјон на СА, со не повеќе од 280 членови. На 6 јануари 1929, Хитлер го назначил Хајнрих Химлер за водач на СС. Од неговото доаѓање, СС забележала огромни проширувања. На крајот на 1932 тие броеле 52 000 луѓе. Наредната 1933 повеќе од 209 000 луѓе ги носеле познатите црни униформи. Химлер ги основал проширувањата врз основа на Витезите Темплари и италјанските „црни кошули“. Некои наоѓаат сличноти и во Исусовото друштво на апсолутна послушност на Папата.

До 1932, СС носеле исти униформи како и СА, со тоа што имале црни врски и црни капчиња со Totenkopf симболот на нив (костурска глава). Подоцна, нови целосно црни униформи ќе бидат создадени за СС, а пред војната и светлосиви - беж униформи ќе бидат користени. Воената-СС (Waffen-SS) користела темно-зелени униформи, налик на оние на регуларната армија, а имале и специјални за камуфлажа во различни средини. Во 1945, СС почнале да го носат т.н. Leibermuster шаблонот којшто е користен и во модерните воени униформи.

„Мојата чест се вика лојалност!“ била нивната парола (германски: Meine Ehre heißt Treue). Хиерархискиот систем во СС бил специфичен по тоа што бил создаден по принцип на СА, а не на германската армија (копно, воздух, вода...).

Химлер, заедно со неговиот соработник Рајнхард Хејдрих, ја консолидирале организацијата. Во 1931, Хејдрих добил задача да создаде безбедносен одред во СС, познат како Sicherheitsdienst (SD). Пред почетокот на војната, СД броела 250 000 членови. Воената СС била создадена во декември 1940, па преземале контрола врз сите вооружани СС единици кои се бореле во Полска и Франција дотогаш. На почетокот биле само одбранбена сила, но подоцна прераснале во цела армија. Во 1934, на СС им била доделена Гестапо како и контрола врз сите концентрациони логори.

СС пред Втората светска војна

Во периодот од создавањето на СС до почетокот на војната, СС претрпеле многу регрупации, во главно предизвикани од наглите проширувања. Имено, СС од 8 Хитлерови телохранители, прераснале во армија од стотици илјади луѓе, којашто стоела рамо до рамо со регуларната германска армија на фронтовите, а воедно и се грижела за редот и мирот во Германија (на свои уникатни начини).

1925–1928

На почетокот од 1925, СС била сочинета само од 8 луѓе кои служеле како лична гарда на Хитлер. До септември истата година, сите локални кабинети на НСДАП добиле наредба да создадат групи на „телохранители“ од десетина души. Во 1926, веќе имало 6 СС-Гау (германски: Gau; Област) организации кои имале задача да ги надгледуваат ваквите мали групации низ Германија. СС-Гау одговарале пред Главниот штаб на СС, познат како СС-Оберлајтунг (германски: Oberleitung; надгледување). Овие пак, добивале наредби од штабот, односно командантот, на СА. Во ова време СС биле составен дел од СА.

Шестте СС-Гау:

  • СС-Гау Берлин Бранденбург (Berlin Brandenburg)
  • СС-Гау Франкен (Franken)
  • СС-Гау Нидербаерн (Niederbayern)
  • СС-Гау Рајнланд-Сид (Rheinland-Süd)
  • СС-Гау Сашен (Sachsen)

1929–1931

Во 1929, штабот на СС бил проширен и реорганизиран во пет различни кабинети,

  • Абтајлунг I: за администрација
  • Абтајлунг II: за персонал
  • Абтајлунг III: за финансии
  • Абтајлунг IV: за безбедност
  • Абтајлунг V: за раса,

(германски: Abteilung; оддел)

по што СС-Оберлајтунг било преименувано во СС-Оберштаб (SS-Oberstab).
Во исто време СС-Гау биле проширени во 3 СС-Оберфирерберајх (SS-Oberführerbereiche), по што наместо на 6 помали територии, сега вршеле контрола на 3 поголеми територии:

  • СС-Оберфирерберајх Ост (Ost; исток)
  • СС-Оберфирерберајх Вест (West; запад)
  • СС-Оберфирерберајх Сид (Süd; југ),

Секоја од тие СС-Оберфирерберајхе биле поделени на СС-Бригаден (SS-Brigaden), а овие пак на помали SS-Standarten.

(Brigaden - бригади; Standarten - стандардни)

1931–1933

Во 1931, кога бројот на членови станал повеќе од 100.000, СС биле повторно организирани. СС-Оберлајтунг престанало да постои и наместо тоа било создадено СС-Амт (SS-Amt), коешто се делело на 5 делови: (Amt - кабинет, канцеларија):

  • I: генералштаб
  • II: кабинет за персоналот
  • III: за администрација
  • IV: СС резервисти
  • V: СС медицински корпус

Освен СС-Амт, биле создадени и SS-Rassamt и Sicherheitsdienst Amt (SD) коишто биле посебни кабинети, но со еднаква надлежност како генералштабови. (Rasse - раса; Sicherheitsdienst - базбедосна агенција).

Во исто време, СС-Оберфирерберајхен биле заменети со СС-Групен (SS-Gruppen), коишто биле поделени на 5 делови:

  • СС-Групен Норд (Nord; север)
  • СС-Групен Ост (Ost; исток)
  • СС-Групен Сид (Süd; југ)
  • СС-Групен Сидост (Südost; југо-исок)
  • СС-Групен Вест (West; запад)

(Gruppen - групи)

Пониските редови останале незименети до 1933.

1933–1934

Thumb
Аушвиц

Откако Хитлер дошол на власт, СС почнала да се смета за државна организација и дел од владата. Штабот, SD, и расниот кабинет биле сметани како легално вработени во државниот сектор, како и водачите на СС-Групен и некои други команданти. Другите членови биле еден вид на доброволци. Тогаш Алгемајн-СС (Allgemeine-SS) била создадено со цел останатите членови на СС да се разликуваат од Вафен-СС и SS-Totenkopfverbände.

(Allgemeine - општо, генерално; Waffen - оружје; Totenkopf - костурска (мртовечка) глава; Totenkopfverbände - асоцијација на костурската глава)

Есента 1933, личната гарда на Хитлер (до тогаш SS-Standarten 1, ситуирана во Минхен) била повикана во Берлин да ја замени Армиската гарда на канцеларот, како заштита на германскиот канцелар. Во почетокот на 1934, оваа гарда се преименувала во Leibstandarte SS Adolf Hitler (LSSAH), којашто подоцна ќе стане првата дивизија во борбениот оддел на Вафен-СС.

(Leibstandarte - телесни стандарди)

1934–1936

По Ноќта на долгите ножеви, СС повторно била масовно реорганизирана. СС-Групен станале SS-Oberabschnitt, а штабот и командните кабинети биле регрупирани во 8 SS-Hauptamt. Овие, од 8, до 1944 ќе се прошират во 12 и ќе останат непроменети до крајот на војната.

(Hauptamt - главен кабинет)

На 20 април 1934, Гестапо, којашто до тогаш била државна организација во Прусија, потпаднала под надлежност на СС. Гестапо ќе биде контролирана од новоформираната Sicherheitspolizei, еден вид комбинација од Гестапо и СД. Оваа огранизација во 1939 ќе прерасне во RSHA (Reichssicherheitshauptamt).

(Reichssicherheitshauptamt - главен кабинет за царска безбедност)

Летото 1934, СС преземале контрола над сите концентрациони логори од СА, по што создале нова организација, SS-Totenkopfverbände (SS-TV) којашто имала задача да се грижи за логорите. На почетокот, SS-TV била поделена на 6 Wachtruppe во секој од големите логори. Во 1935, овие биле проширени во Wachsturmbann, а во 1937 во 3 главни SS-Totenkopfstandarten. До 1941 не се менувале работите, кога потребите ги приморале Вафен-СС да се ангажираат за водство на логорите.

Вафен-СС првпат биле оформени како SS-Verfügungstruppe во 1934. На почетокот како СС војска, од Verfügungstruppe ќе се формираат 3 дивизии, коишто, заедно со Leibstandarte, ќе станат дел од Вафен-СС во 1941.

1936–1939

Во 1936, во СС спаѓала сета германска полиција, којашто била поделена на Ordnungspolizei и Kriminalpolizei. Овие две организации пред почетокот на Втората светска војна ќе станат дел од RSHA.

Во 1939, од Totenkopfverbände ќе се формираат SS Totenkopf дивизиите, коишто биле составени од поранешни водачи на концентрациони логори. Овие дивизии подоцна ќе станат дел од Вафен-СС.

Сите овие реорганизирања и регрупирања на СС биле извршени со цел да се задржи контролата врз нив, со што полесно би се оддржала и контрола врз населението. Воедно целиот систем на организирање давал чувство на ред во СС. Всушност, СС биле слика на едно идеално општество, каде што сѐ е организирано и средено. Со ваква лична армија, Хитлер самоуверено ја „започнал“ Втората светска војна.

СС за време на Втората светска војна

Thumb
Евреи убиени од СС во 1945

Војната само му помогнала на Химлер својата идеја да ја доведе поблиску до реалноста (идејата на Химлер била по победата во војната, по остварувањето на планот за Лебенсраум, персоналот на СС да се пресели на исток, каде што ќе живеат во преобразени постоечки градови, а и во новосоздадени вистински германски градови. Со ова тој сакал да создаде една „СС-држава“ каде што високите офицери на СС би биле на власт или би имале важни функции, а најниските би биле еден вид на работничка класа.).

По бројните трансформации, СС станала најсилната политчка и економска сила во Германија, а до 1944, тие станале толку бројна и комплексна организација, што наликувале на „држава во држава“.

СС водачи

Таканаречените „Полициски водачи“ биле оние хиерархиски веднаш по Химлер, а биле разликувани како: Регуларни, Високи и Врховни водачи. Најчесто имале ранк на СС-Групенфирер (SS-Gruppenführer) и му одговарале за секоја активност директно на Хајнрих Химлер. Овие требало да станат горенаведената висока класа во Химлеровата СС држава (Химлер имал план за секоја хиерархиска единица посебно, од најниската до највискоката).

СС кабинети

По создавањето на Вафен-СС во 1940, СС структурно била поделена на 2 гранки: Општата, регуларна СС - Allgemeine-SS и воената - Вафен-СС. До 1944 сите активности на СС биле водени од 12 главни кабинети:

  • Hauptamt Persönlicher Stab Reichsführer-SS (Личен штаб на СС Reich-водачи)
  • SS Hauptamt (Главен административен СС кабинет)
  • SS Führungshauptamt (Административно одделение и одделение за залихи на Allgemeine-SS и Waffen-SS)
  • Hauptamt SS Gericht (Правен кабинет на СС)
  • SS Rasse und Siedlungshauptamt, RuSHA (СС кабинет за раси и населби/населување)
  • SS Personalhauptamt (Кабинет на СС персоналот)
  • Reichssicherheitshauptamt, RSHA (Империјален централен кабинет за безбедност)
  • Hauptamt Ordnungspolizei (Кабинет на полицијата за ред)
  • Wirtschafts und Verwaltungshauptamt, WVHA (Економски и административен кабинет)
  • Hauptamt Dienststelle Heissmeyer (СС образовен кабинет)
  • Hauptamt Volksdeutsche Mittelstelle, VOMI (Главен кабинет за етнички Германци)
  • Reichskommissariat für die Festigung des deutschen Volkstums (Reich-комесаријат за германска преселба)

Гестапо, Sicherheitsdienst, Kriminalpolizei и Ајнзацгрупен (Einsatzgruppen) биле под контрола на RSHA (Reichssicherheitshauptamt).

Општа СС

Гранките на СС коишто не биле вмешани во директна борба, припаѓале на групацијата „Општа СС“ или Allgemeine-SS. Најмалата единица биле Standarten, којашто била организирана во поголеми групи наречени Abschnitte и Oberabschnitte. Повеќето од членовите биле резервисти, а голем дел членувале истовремено и во германската армија, Нацистичката партија или во Воената-СС.

SS-Totenkopfverbände (SS-TV)

Thumb
SS-TV, одредот „Мртовечка глава“

Откако во 1934 СС преземале целосна одговорност врз концентрационите логори, се создала СС-гранка позната како „Одредот мртовечка глава“ - SS-Totenkopfverbände (SS-TV; СС-ТВ), под команда на Теодор Ајке. До 1941, СС-ТВ се трансформирале од неколку надгледувачи во поголемите логори низ Германија до самостојна воена дивизија во состав на Воената-СС.

Во 1939, со почетокот на војната, СС-ТВ почнала да се шири и се создале 3 гранки на СС-ТВ, што се „грижеле“ за логорите. До 1944 се создале 3 целосни СС-ТВ дивизии, коишто биле надлежни за логорите низ Германија, Австрија и низ окупираните територии.

Во 1942, заради административни причини, СС-ТВ станале дел од Вафен-СС. До 1944, тие биле целосно интегрирани во Вафен-СС. Се создал еден систем на ротација, со што на место на ранети Вафен-СС членови, биле испраќани СС-ТВ како засилување, а овие биле ставани да управуваат со логорите. Ова, подоцна, ги направило сите членови на СС технички виновни за воените злосторства што се случувале низ логорите.

Мртовечки одреди

Овие одреди биле создадени со цел да неутрализираат потенцијални закани надвор од Германија. Првпат биле користени во 1938 во Австрија при аншлусот. Ајнзацгрупен (Einsatzgruppen) биле користени и при анектирањето на Чехословачка. Поголеми задолженија имале при окупацијата на Полска во 1939, кога биле испратени на полска територија со цел да ја отстранат полската елита, за да нема водство за отпор против германската окупација. Најголемата задача тие ја имале за време на 1941, кога биле испратени во Русија да вршат „отстранувања“ на „непожелните“: Евреи, Цигани и комунисти. Ова е уште една причина за подоцна тие да бидат обвинети за геноцид.

Воена-СС

Thumb
Воена-СС
Главна статија: Воена-СС

Вафен-СС (Waffen-SS) се состоеле од 3 гранки:

  • Хитлеровите лични телохранители (Leibstandarte)
  • Одредот мртовечка глава (Totenkopfverbände) (види погоре)
  • Борбени сили за поткрепа (Verfügungstruppe) (за време на војната имало 39 дивизии коишто биле еден вид на воена елита)

Воените СС биле создадени во 1940. Оттогаш тие се финансирани од владата, иако биле целосно самостојни. За време на војната тие прераснале до 39 дивизии, од кои најпознати биле Leibstandarte SS Adolf Hitler (LSSAH), SS Das Reich дивизијата, SS Totenkopf дивизијата и ''XII SS Panzer дивизија Хитлерова младина.

Во 1941, СС почнале за првпат да регрутирааат негермански војници за Вафен-СС. Најчесто регрутите биле од Данска, Финска, Франција, Норвешка и Холандија. Од тогаш Вафен-СС имале и „Странски сили“. Тука расистичките рестрикции биле малку лабави со тоа што примале Украинци, Албанци од Косово и турски Татари. Украинците и Татарите биле угнетувани од Сталин, па затоа барале шанса за одмазда, а не биле големи нацисти. Албанците во Waffen-SS нашле можност етнички да го чистат Косово од Срби. На почетокот на окупацијата на Русија имало доволно доброволци за создавање на Естонска и Летонска дивизија.

Слични вакви еденици биле создадени и во Индија (повеќе од анти-британски причини).

Воената-СС имала голема улога во воените освојувања на Германија во Втората светска војна.

Надворешни врски

Поврзано

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.