Рума
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Рума (српски: Рума) – град во општината Рума, во Сремскиот Округ, Србија. Според пописот од 2011 година, градот броел 30.076 жители.
Рума Рума | ||
---|---|---|
Општина и град | ||
Градски плоштад | ||
Местоположба на Рума во Србија | ||
Координати: 45°00′N 19°50′E | ||
Држава | Србија | |
Покраина | Војводина | |
Округ | Срем | |
Населби | 17 | |
Управа | ||
• Градоначалник | Слаѓан Манчиќ (Српска напредна странка) | |
Површина | ||
• Општина | 582 км2 (225 ми2) | |
Население (попис 2011)[1] | ||
• Град | 30.076 | |
• Општина | 54.339 | |
Час. појас | CET (UTC+1) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
Поштенски број | 22400 | |
Повикувачки број | +381 22 | |
Автомобилска ознака | RU | |
Мреж. место | ruma.rs |
Потеклото и значењето на името Рума не е решено. Најверојатно се работи за збор од ориентално потекло кој дошол со Турците, но не исклучува можност да датира од постари времиња.
Населбата под името Рума првпат се споменува во Сремскиот дефтер од 1566/1567 година. Рума тогаш била село од средна големина, расфрлено долж брегот на Борковачкиот Поток. Жителите биле Срби кои се занимавале со земјоделство и сточарство, а на турските власти им плаќале порез.
Рума се наоѓа на падините на Фрушка Гора, на надморска висина од 111 метри. Се одликува со рамничарска конфигурација на теренот, плодна земја и питоми пејзажи на централен Срем.
Недостигот на поголем воден тек успешно го надоместувале три румски потоци (Борковачки, Кудошки и Јеленачки), кои нашле место и во грбот на градот, а во почетокот на седумдесеттите години во непосредна близина на Рума изградено е вештачкото Борковачко Езеро кое се акумулира од истоимениот поток.
Почетоците на организиран живот на човечки заедници на пошироката територија на Рума, датираат уште од праисторијата. За тоа сведочат бројни археолошки населби, од кои најзначаен е археолошкото наоѓалиште Гомолава кај селото Хртковци во румската општина. Првите познати жители на овие краишта биле припадниците на разни илирски и келтски народи (Амантини, Бреуци, Скордисци...).
На крстосницата на две епохи, како весник на новата доба, во Срем првпат дошла римската освојувачка војска. Во текот на годините, сè побројните воени логори на ова подрачје, полека се претворале во населби. Домородното население постепено ги губело своите етнички обележја и ја прифаќало римската култура. Срем станал една од најважните римски погранични покраини со Сирмиум како една од престолнините на Римското Царство и татковина на неколку римски цареви (Дециј Трајан, Максимијан, Аврелијан, Проб...). На територијата на Рума немало некоја поголема римска населба, но затоа констатирани се повеќе земјоделски имоти, т.н. вили рустики (villae rusticae).
Во време на преселбата на народите (од 3 век па натаму) разни германски народи, потоа Хуните, Аварите и Словените ја уништиле римската култура на ова подрачје. После тоа повеќе векови Срем бил поле на судири на Франките, Бугарите, Византијците и Унгарците, од кои секој некое време го држел Срем под своја власт.
После мирот од Пожаревац во 1718 година, дел од Срем, во кој се наоѓала и Рума, во наредните 200 години ѝ припаднал на Хабсбуршката Монархија. Кога во 1745 година во Срем е воспоставена Воeна Краина, на која ѝ припаднала и Сремска Митровица, баронот Марко Пејачевиќ одлучил да изгради ново седиште за својот имот. Се определил за терен во непосредна близина на селото Рума. Така, во 1746 година, на местото на денешна Рума почнало да никнува нова урбана населба со широки и прави улици кои се сечеле под прав агол.
Први жители на оваа населба биле Срби од околните места и селото Рума, како и Германци, доселеници од Германија. Иако биле со различни занимања, од земјоделство до занаетчиство и трговија, сите жители биле слободни луѓе, што во тоа време била значајна привилегија. Исто така, и самата Рума имала статус на слободен град – трговиште, со право на одржување на неколку годишни панаѓури и седмични пазари. Веќе на 10 октомври 1747 година во Рума е одржан панаѓур со учество на голем број трговци и занаетчии од сите страни. На 1 јануари 1749 година баронот Марко Пејачевиќ, на собрание на мештаните, на Рума ѝ дал т.н. „слободница“ со која таа и официјално станала привилегирана населба, со свој грб и печат. Секој полнолетен жител на Рума добивал граѓанско писмо со кое е ставан во редот на румските граѓани, со сите права и обврски кои произлегувале од тоа.
Периодот пред Првата светска војна било време на забрзан стопански и општествен развој на градот. Рума добива изглед на права градска населба. Меѓутоа, многу планови останале нереализирани со избивањето на Првата светска војна. Тогаш многу румјани се нашле во војна која ги водела против нивните словенски браќа, па затоа масовно ја напуштале војската или ја избегувале мобилизацијата. Непосредно по завршувањето на војната, во Рума е одржано народно собрание, на кое делегатите од цел Срем се изјасниле за соединување на Срем со Србија.
Трендот на развој, донекаде успорен во воените години, продолжен е во дваесеттите и триесеттите години на 20 век. Се отвораат продавници, занаетчиски и мануфактурни работилници, се основаат банки, се отвораат кина, во неколку печатници се печатат книги и весници кои го следат политичкиот, стопанскиот, културниот и спортскиот живот во градот. Иако Рума по својата економска снага (најголем житен пазар во Кралството Југославија) и културното ниво на нејзините жители веќе одамна спаѓала во редот на градови, официјално статусот на градот го добила дури во 1933 година.
Втората светска војна Рума ја дочекала како едно од средиштата на германското национално малцинство во Војводина. Со влегувањето на германската војска во Рума во април 1941 година, во градот е воспоставена окупаторска власт. И покрај тоа многу румјани дале свој придонес на антифашистичката борба. Ослободувањето на градот на 27 октомври 1944 година, Рума го дочекала со значително смален број на жители, бидејќи поголемиот дел од припадниците на германското национално малцинство го напуштило гардот пред неговото ослободување.
Во Рума живеат 25.987 полнолетни жители, а просечната возраст на населението изнесува 39,3 години (37,8 кај мажите и 40,6 кај жените). Во градот има 10.981 домаќинства, а просечниот број на членови по домаќинство е 2,95.
Спрема пописот од 2002 година, населението главно го сочинуваат Срби.
Населението во сите населби во општината главно го сочинуваат Срби.
Најголем дел од населението е вработен во индустријата и земјоделството. Како традиционален земјоделски регион, Рума и денес поседува солидна основа за развој на оваа дејност, како низ поединечниот сектор, така и низ соодветните индустриски гранки (прехранбена, кожарска, дрвна).
Рума исто така има долга традиција во трговијата, а во тој поглед најпознат е румскиот панаѓур кој се одржува секој трет ден во месецот. За жал, занаетчиството, кое некогаш исто така било заштитен знак на Рума, постепено замира и се преселува во историјата.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.