From Wikipedia, the free encyclopedia
Поток — водна површина [1] која тече по свое корито и е помала и покуса од река.[2]
Потоците имаат големо значење во кружењето на водата, полнењето на подземните води и како минувалиште за преселбата на рибите и животните. Биолошкото живеалиште по текот на потокот се нарекува „крајречна зона“. Ваквите зони се важен поврзувач на расцепените живеалишта, и со тоа ја одржуваат и зачувуваат биоразновидноста. Дисциплината што ги изучува потоците и водните патишта се нарекува „површинска хидрологија“ и претставува основа на еколошката географија.[3]
Потоците се снабдуваат со вода претежно од атмосферски врнежи во облик на дожд и снег. Поголем дел од неа повторно се враќа во атмосферата по пат на испарување од водните површини и почвата, или пак со транспирација на растенијата. Помал дел од неа потонува во земјата со т.н. инфилтрација и станува подземна вода. Највеќето од оваа вода повторно се враќа на површината во потоци. Извесен дел од врнежите привремено се заробуваат во снежни прекривки и ледници, и подоцна се ослободуваат со испарување или топење. Остатокот истекува во земјиштето како површинско исцедување.
Еве некои попознати потоци во Република Македонија:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.