Рендсбург
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Рендсбург (германски: Rendsburg; дански: Rendsborg) — град на реката Ајдер и на Килскиот Канал во средишниот дел на сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Градот претставува административно седиште на округот Рендсбург-Екернферде.
Рендсбург | |
Железничкиот мост во Рендсбург | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Шлезвиг-Холштајн |
Округ | Рендсбург-Екернферде |
Градоначалник | Пјер Гигенаст (СДП) |
Основни податоци | |
Површина | 23,72 км2 |
Надм. височина | 6 м |
Население | 29.743 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 1.254 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | RD |
Пошт. бр. | 24768 |
Повик. бр. | 04331 |
Портал | www.rendsburg.de |
Местоположба на градот Рендсбург во рамките на округот Рендсбург-Екернферде | |
Координати | 54°18′0″N 9°40′0″E |
Датумот на основање на градот не е познат. Рендсбург бил првпат споменат во 1199 година. Старата форма на името на дански била Рејнолдсбург (Reynoldsburgh).
Станал дел од Холштајн во XIII век, но бил предаден на Шлезвиг во 1460 година. Многупати, градот преминувал од данска на германска контрола и обратно. Во Втората шлезвишка војна во 1864 година, Рендсбург бил конечно заземен од Кралството Прусија и Австрија. По 1866 година, градот бил припоен од Прусија. Оттогаш, останал дел од Германија.
Иако Ајдер е пловна за мало пловила од нејзиното устие на Северното Море до Рендсбург, важноста на градот пораснала во 1895 година, кога бил завршен Килскиот Канал. Многу поголеми бродови можеле да пловат по Килскиот Канал и иако сместен во внатрешноста, Рендсбург станал морско пристаниште.
Најпозната градба во градот претставува Рендсбуршкиот мост, железнички мост од челик, долг 2,5 километри и висок 41 метар, кој бил завршен во 1913 година за да ја пренесе железницата Нојминстер-Фленсбург преку каналот од релативно рамниот дел на другата страна. Тој е најдолгиот железнички мост во Европа (патно-железничкиот мост Ересунд е подолг): на северната страна, мостот прави круг околу градот со цел да ја постигне височината за да се префрли преку каналот. На самиот железнички мост постои фериботски мост — еден од само дваесетте некогаш направени — кој поминува преку каналот.
Воздухопловната школа на Германската војска и подрачна единица на Сојузната служба за заштита од зрачење се наоѓаат во Рендсбург.
Други знаменитости во градот се:
Рендсбург е збратимен со следниве градови:
Рендсбург исто така има договори за пријателство со следниве градови:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.