Просечен (општина)

општина во Драмско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Просечен (општина)

Просечен или Пресечен (грчки: Δήμος Προσοτσάνης, Димос Просоцанис) — општина во Драмскиот округ на Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Административен центар е градот Просечен (Пресечен). Сместена е северозападно од градот Драма. Позначајна знаменитост во општината е пештерата Маара (Ангитис) кај изворот на реката Драматица (Ангитис).

Повеќе информации Општина Просечен Δήμος Προσοτσάνης, Карта на општина Просечен ...
Општина Просечен
Δήμος Προσοτσάνης
Thumb
Карта на општина Просечен
Податоци
Област:Источна Македонија и Тракија
Округ:Драма
Гео. област:Драмско Поле
Население:15.701 (2021)
Седиште:Просечен
Нас. места:22
Пошт. бр.:662 00
Пов. бр.:25220-2
Портал:prosotsani.gr
Затвори

Населени места

Општината Просечен е создадена на 1 јануари 2011 г. по законот „Каликратис“[1] со спојување на поранешните општини Просечен и Минаре.

Општинска единица Просечен

Thumb
Поранешната општина Просечен на картата на некогашниот округ Драма.
Thumb
Поглед на Просечен

Општинската единица ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Просечен
    • село Просечен (или Пресечен; Προσοτσάνη, Просоцани)
  • Општински оддел Боболец
  • Општински оддел Горенци
  • Општински оддел Граменци
  • Општински оддел Калапот
  • Општински оддел Крлуково
    • село Крлуково (или Карликово; Μικρόπολη, Микрополи)
  • Општински оддел Кобалишта
    • село Кобалишта (Кубалишта, Кобалица; Κοκκινόγεια, Кокиногија)
    • село Нов Калапот (Αγγίτης, Ангитис) новосоздадено
    • село Мезе (или Меше, Πηγές, Пигес)
  • Општински оддел Криводол
    • село Криводол (или Егри Дере; Καλλιθέα, Калитеја)
  • Општински оддел Плевна
    • село Плевна (Πετρούσσα, Петруса)
    • село Ставрос (Σταυρός) новосоздадено
  • Општински оддел Пршово
    • село Пршово (или Пршево; Ανθοχώρι, Антохори)
  • Општински оддел Ресилово

На територијата на општинската единица се наоѓало и напуштеното село Кочан (Κοντσάν, Коцан).

Општинска единица Минаре

Thumb
Поранешната општина Минаре на картата на некогашниот округ Драма.

Општинската единица Минаре со седиште во Фотилово (Фотоливос) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Фотилово
    • село Фотилово (или Сачивен; Φωτολίβος, Фотоливос)
  • Општински оддел Голак
  • Општински оддел Голем Сивендрик
    • село Голем Сивендрик (или Г. Севендрик, Г. Семендрик; Μεγαλόκαμπος, Мегалокамбос)
  • Општински оддел Каракавак
  • Општински оддел Мал Сивендрик
    • село Мал Сивендрик (или М. Севендрик, М. Семендрик; Μικρόκαμπος, Микрокамбос)
  • Општински оддел Минаре
  • Општински оддел Чал
    • село Чал (Αργυρούπολη, Аргируполи)

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.