Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Политичка филозофија — нормативна дисциплина која поставува три вида прашања:
Серијал за Политика: |
---|
|
Подсерии од Политика |
|
Од одговорите на првото прашање се специфицира еден пожелен збир на институции (кои можат да бидат либерални, конзервативни...) Од одговорите на второто прашање се одредуваат и бранат моралните принуди со кои пожелните институции треба да се прифатат и идеалите кои треба да се промовираат (слобода, еднаквост, солидарност, лична автономија...) Одговорите на третото прашање претставуваат она што можеме да го наречеме одредена политичка теорија.
Наведените прашања се вообличени со еден суштествен факт кој се однесува на општествените установи: институциите ги поддржува моќта на принуда со која располага државата. Но бидејќи е неспорно дека самата принуда е нешто што е погрешно, нејзе перманентно ѝ е потребно оправдување.
Поради наведеното, првото прашање не се однесува само на општествениот поредок кој може да се оправда, туку: кога некој општествен поредок може да заслужи доброволна согласност од поединците, врз кои тој поредок е наметнат со принуда? Одговорот на вака поставеното прашање најчесто се бара преку начелата за праведност и добрина, кои пак се во основата на моралната филозофија. Политичката филозофија, наспроти моралната филозофија (врз која е впрочем втемелена), не ги применува начелата за праведност и добрина врз личното однесување на поединците туку врз институциите, врз правилата, конвенциите и практиката што се наметнати со принуда. Политичката филозофија не се прашува како треба ние да живееме и постапуваме поединечно, туку кој вид институции треба да прифатиме за да би ги усогласиле нашите постапки и нашите животи.
На вака дефинираните проблеми се обидувале да најдат одговор Платон („Држава“) и Аристотел („Политика“) во оној момент кога впрочем настанува и кризата на елинистичкиот свет и за првпат се раѓа политичката филозофија. По вторпат, истата потреба, ќе се јави кога ќе дојде во криза Римското Царство и ќе треба да се одбрани тогаш роденото христијанство. Тоа ќе го стори Августин („За царството Божје“) создавајќи ја политичката филозофија на христијанството. Кризата на христијанската политичка филозофија ќе доведе до настанување на модерната држава: Николо Макијавели („Владетелот“); Томас Хобс ([„[Левијатан (книга)|Левијатан]]“); Томас Мор („Утопија“); Шарл Монтескје („Духот на законите“); Жан Жак Русо („Општествениот договор“); Џон Лок („Две расправи за владеењето“). Кризата на модерната држава ќе ја создаде политичката филозофија на Хегел и Маркс.
Едноставно кажано, секогаш кога настанувала состојба, при која се губела свеста за политичките принципи, се раѓала потребата за политичката филозофија како враќање на свеста за суштествените политички принципи.
Политичката филозофија опфаќа три вида истражувања:
Овие три верзии на политичката филозофија се презентирани како примери на почетокот на модерната епоха преку три дела кои оставиле неизбришливи траги во историјата за размислувањето за политиката:
Под „политичка наука“ претежно се подразбира истражувањето на полето на политичкиот живот кое би ги задоволило следните услови:
Политичката филозофија како истражување на совршена република нема „проценувачки“ карактер; како истражување на крајните основи на власта не подразбира објаснување на појавата на власта, туку нејзино оправдување што има за цел да се квалификува некое однесување, како дозволено или недозволено, а тоа не може да се спроведе без повикување на вредности; како истражување на суштината на политиката се исклучува од секое емпириско утврдување на вистинитоста или фалсификатот, доколку тоа што смислено се нарекува суштина на политиката, резултира од номиналната дефиниција како таква, таа не е ни вистинита ниту пак лажна.
Теоријата на политиката, набљудувана во потесна смисла на зборот, како „чиста“ теорија на политиката (the strict theory of politics), може да се подели на три области:[1]
Главниот придонес во теоријата на комитетите и изборите го дале Данкан Блек (Duncan Black) и Гордон Тулок (Gordon Tullock). Сепак, како далечни претходници на оваа гранка на политичката теорија се тројца француски математичари и физичари од XVIII век: Борда (Borda), Кондорсе (Condorcet) и Лаплас (Laplace). Подоцна, во 1907 година, Нансон (E. J. Nanson) објавил едно дело во врска со изборите, а мал придонес во оваа област дале и Џорџ Халет (George H. Hallet) и Френсис Галтон (Francis Galton). Значаен придонес во изградбата на оваа теорија дал Луис Керол (Lewis Carroll) кој напишал три оригинални памфлети за методите на гласање.[1]
Теоријата на партиите и кандидатите ги третира политичарите како претприемачи, а партиите како партнерства, т.е. корпорации. Притоа се поаѓа од претпоставката дека политичарите сакаат да бидат избрани или повторно избрани, а партиите се доброволни коалиции на политичарите, организирани со цел да се победи на изборите. Првите зачетоци на оваа теорија потекнуваат од економистите Харолд Хотелинг и Јозеф Шумпетер, но најголем придонес во нејзиниот развој имаат Ентони Даунс (Anthony Downs) и Гордон Тулок (Gordon Tullock). Во основа, оваа теорија покажува дека структурата на политичките партии зависи од методите на гласањето. На пример, ако во една изборна единица, политичките кандидати мора да освојат 50% од гласовите за да победат, тогаш сите политички партии ќе се обидат да ги освојат гласовите на што поголем број гласачи, со што партиите ќе нудат слични изборни програми. Како последица на тоа, ваквиот систем на гласање ќе доведе до доминација на две политички партии. Доколку од една изборна единица се избираат повеќе кандидати, тогаш не постои тенденција на слични политички програми, туку политичките партии ќе се диференцираат, обидувајќи се да ги освојат гласовите на одделни општествени групи. Во продолжение, оваа теорија покажува дека рационалниот гласач ќе потроши малку време и енергија за да биде добро информиран пред изборите.[2]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.