месечина на Сатурн From Wikipedia, the free encyclopedia
Полидевк, или Сатурн XXXIV, е мал природен сателит на Сатурн кој е коорбитален со месечината Диона и се наоѓа околу нејзината задна Лагранжова точка (L5). Нејзиниот пречник се проценува дека изнесува 2 до 3 км. Другата коорбитална месечина на Диона е Елена, која е поголема и се наоѓа на предната точка L4.[3]
Сатурновата месечина Полидевк, сликана од вселенското летало Касини | |
Откривање | |
---|---|
Откривач | Касини тимот задолжен за сликање |
Откриено | 24 октомври 2004 |
Ознаки | |
Наречена по | Полукс Другото име за Полукс |
Диона Ц S/2004 С 5 | |
Орбитални особености [1] | |
377,396 km [lower-alpha 1] | |
Занесеност | 0.0192 [1] |
2.736915 d [lower-alpha 1] | |
Наклон | 0.1774 ± 0.0015° [1] |
Месечина на | Сатурн |
Физички особености | |
Димензии | 3 × 2.5 × 2 km[2] |
Среден полупречник | 1.3 ± 0.4 km[2] |
Маса | 1–5 ×1013 кг [lower-alpha 2] |
синхронизирана (претпоставка) | |
Полидевк била откриена од страна на Касини тимот задолжен за сликање Архивирано на 20 мај 2011 г. на 24 октомври 2004 годин,[4] на сликите направени на 21 октомври 2004 година,[5] [6] и ѝ дале привремена ознака S/2004 С 5 . По прегледувањето на сликите од Касини ја забележале месечината Полидевк на сликите направени уште на 9 април 2004 година.[4]
Од четирите познати Лагранжови коорбитали во системот на Сатурн („тројанска месечина“), Полидевк лута најдалеку од својата Лагранжова точка: неговото растојание зад Диона варира од 33,9° до 91,4° со период од 790,931 дена (за споредба, L5 ја следи Диона на 60°). [1] Либрацијата на Полидевк е доволно голема за да има некои своства на полноглавска орбита, што се потврдува со јасната асиметрија меѓу излетите кон и од Диона. Во текот на еден таков циклус, орбиталниот полупречник на Полидевк исто така варира за околу ± 7660 км во однос на Диона.[4]
Името Полидевк било одобрено на 21 јануари 2005 година од Работната група на МАС задолжена за именување на планетарни системи.[7] Во грчката митологија, Полидевк е друго име за Полукс, брат близнак на Кастор, син на Зевс и Леда.
Поради гравитациското дејство со Диона, нејзината површина може да биде во хидростатичка рамнотежа. но не и нејзината внатрешност, слично како што Метона е во хидростатичка рамнотежа поради интеракциите со Мимант.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.