From Wikipedia, the free encyclopedia
Плутон (латински: Plutone) бил бог на подземниот свет во римската митологија. Негови браќа се: Јупитер, Нептун, а негови сестри се: Јунона, Веста и Дијана. Плутон ја има истата приказна како Ад во старогрчката митологија.[1] Негови родители се: Сатурн и Кибела.
Плутон | |
---|---|
Статуа на Плутон (околу 1884-1886) од Анри Шапу, во паркот Шантији, Париз. | |
Бог на подземјето | |
Други имиња | Хад/ Ад/ Диспатер |
Оружје | Шлем (кој го прави невидлив) |
Животни | Кербер |
Симбол | црно жезло од абонос рог на изобилството шлемот на невидливоста |
Сопружник | Персефона |
Родители | Сатурн и Реја |
Браќа/сестри | Јупитер, Нептун Јунона, Церера и Веста |
Списи | Теогонија, Хесиод Грабнувањето на Персефона (мит) |
Словенски пандан | Велес |
Народ | Римјани |
Плутон и Хад имаат различен карактер, но тие не се два различни лика и споделуваат два доминантни мита. Во грчката космогонија, на богот му се паѓа да владее со подземјето во светот поделен на тројца - брат му Зевс владетел на небото и другиот брат Посејдон владетел на морето. Централниот расказ за него е грабнувањето на Персефона која ќе биде негова жена и кралица на неговото кралство.[2] Плутон како владетел на подземјето за првпат се појавува во грчката книжевност за време на класичниот период, во делата на атинските драматурзи и на филозофот Платон, кој е најголемиот грчки извор на неговото значење. Под името Плутон, богот се појавува и во други помлку значајни митови, особено во оној за симнувањето на Орфеј и други јунаци во подземјето.[3]
Најпознатиот мит за Плутон или Хад е грабнувањето на Персефона. Најраните книжевни верзии на митот кратко се споменуваат во делото Теогонија на Хесиод и во проширената приказна на Хомер (химна на Деметра) каде владетелот на подземјето се именува како адот („скриениот“). Плутон честопати се меша со Плутос (грчки: Πλοῦτος, Plutus), богот на богатството, бидејќи богатите минерали се наоѓаат под земја, и бидејќи како хтоничен бог Плутон владеел со длабочините на земјата која го содржи семето неопходно за плодна берба.[1] Името на Плутон почнало нашироко да се користи со Елефсинските мистерии, во кои Плутон е љубениот сопруг на Персефона а тие двајцата се двојката на подземјето кои владеат со душите во задгробниот живот. Хад, за разлика од овој опис, во митологијата се прикажува како мрачен и насилен грабнувач на Персефона.
Највлијателната верзија на митот за грабнувањето е онаа на Овидиј, кој ја раскажува приказната како во Преобразби (Книга 5) и во Фасти (Книга 4).[4] Уште едно поголемо прераскажување, исто така на латински, е долгата недовршена поема За грабнувањето на Персефона (De raptu Proserpinae) на Клаудијан. Митот за киднапирањето била популарна тема на грчката и римската уметност, и се повторува во западната уметност и книжевност, каде нашироко се усвојува името "Плутон" (види: Плутон во западната уметност и литература , подолу). Наративните детали од Овидиј и Клаудијан влијаеле на грабнувачот Плутон, особено преку улогата на Венера и Купидон, да се гледа како на фигура која во себе има и љубов и копнеж.
Името Плутон не се појавува во Старогрчката книжевност од постариот период.[5] Во Теогонија на Хесиод, 6те деца на Хронос и Реја се Зевс, Хера, Посејдон, Хад, Деметра и Хестија. Машките деца си го поделиле светот на 3 кралства. Хад насила ја земал Персефона од нејзината мајка Деметра, со согласност на Зевс.[6] Плутос, "Богатство," се појавува во Теогонија како дете на Деметра и Јасион: "добриот Плутос кој оди низ целата земја и до крајот на морето, и кој ќе го сретне иќе му падне в рака, тој човек станува богат..." Сличноста на името Плутос со Плутон ...," како што е забележано, "не може да е случајно. Плутон е господар на мртвите но како сопруг на Персефона има голема моќ и врз плодноста."[7] Богот на подземјето претходно бил поврзуван со успехот на земјоделските активности и тоа се гледа во делото на Хесиод Дела и дни, стих 465-469.[8]Предлошка:Римска митологија
Плутон е едно од неколкуте имиња кои му се давале на Хад, опишан во Илијада како најомразениот бог за смртниците.[9] Платон вели дека луѓето го претпочитале името Плутон, "дарител на богатство," бидејќи името Хад предизвикувало страв.[10] Името се сфаќало во насока на "неисцрпните богатства на земјата, како заради посевите горе - првично тој бил бог на земјата, почвата - така и заради рудниците кои се кријат во неа."[11] Тоа понекогаш создава "конфузија" на двата бога Плутон и Плутос ("Богатство") кој се стекнал со теолошко значење во античкото време. Како господар на изобилството или богатството, Плуто остава аспект на подземен бог кој бил попрво позитивен,[12] за разлика од мрачниот Хад.[13]
Во тек на римскиот период во Стара Грција, географот Страбон, (1 век п.н.е) прави разлика меѓу Плутон и Хад. Пишувајќи за минералните богатства на Иберија (Римска Шпанија) тој вели дека меѓу Турдетаните мислењето е дека „во подземјето владее Плутон а не Хад."[14]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.