Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Песокот е природен зрнест материјал што се јавува како маса од ситни камчиња[1] од карпесто или минерално потекло. Составот на песокот во голема мера се разликува од место до место, зависно од релјефот и условите. Во нетропски брежни средени начест составен елемент е силициум диоксидот (SiO2), обично во облик на кварц.
Втор облик на песок по застапеност е калциум карбонатот, као на пример арагонит, создаден во текот на изминатите половина милијарда години претежно од разни живи суштества како што се коралите и школките. Ова е главниот вид на песок во подрачја каде доминирале гребенски екосистеми со милиони години, како што се Карибите.
Според гранулометријата што ја користат геолозите, зрната песок можат да имаат пречник од 0,0625 мм (1⁄16 мм) до 2 мм. За „зрно песок“ се смета сето она што е покрупно од чакал (2-64 мм), а поситно од мил (0,062-0,004 мм).
Стандардот ISO 14688 го дели песокот на ситен, среден и крупен, во опсег од 0,063 мм - 0,2 мм - 0,63 мм - 2.0 мм. Оваа класификација ја следи Крумбајновата Φ-скала, каде Φ = -log2D; D е пречникот на зрното во милиметри. Според оваа скала, вредноста на Φ се движи од −1 до +4, со поткатегории помеѓу целите броеви.
Составот на песокот е различен на различни места. Покрај силициум диоксидот во облик на кварц, тропските и суптропските брегови се одликуваат со светлобели песоци, кои се составени од сронет варовник и може да содржи парченца од корали и школки, покрај други органски или органски изведени материјали, што значи дека образувањето на песокот може да зависи од живите колку и од неживите материи.[2] Споменикот на природата „Бели Песоци“ во Ново Мексико (САД) е познат по својата силна белина, поради тоа што е составен од гипс. Аркозата е песок или песочен камен со значителни примеси на фелдспат, добиени со абење или ерозија на блиските гранитни карпести изданоци. Некои песоци содржат магнетит, хлорит, глауконит и гипс. Песоците кои се богати со магнетит имаат темна до црна боја, а истото важи и за песоците добиени од вулкански базалт и опсидијан. Со карактеристична зелена боја се одликуваат хлоритно-глауконосните песоци со базалтно потекло (од лава), кои се богати со оливин. Многу видови песоци, особено оние во јужна Европа имаат кварцните кристали со примеси од железо и силна темножолта боја. Песочните наноси во некои подрачја содржат отпорни материјали, вклучувајќи и извесни драги камења.
Песокот се носи со ветерот и водата и налегнува во облик на плажи, дини, спрудови, насипи и слични образби. Во проточните средини како ситнокаменестите корита на реките и ледничките морени, песокот е присутен заедно со разни други поедри зрнести материјали. Постојат и реки чиишто корита имаа само песок, кога реката нема други покрупе материјал за разнесување. Во пустините се обликуваат дини бидејќи единствено песокот е доволно ситен за да се движи со ветерот, натрупувајќи се врз другите неподвижни релјефни елементи. Песокот се среќава и како составен дел од почвата.
Понекогаш, песокот се јавува како тема во дела од уметноста и популарната култура, како:
„Песок“ на Ризницата ? |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.