Скапоцен камен
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Скапоцен камен (драг, драгоцен или бесценет камен) е парче од минерал кој во исполирана и изделкан облик се користи за правење накит или други украси. Меѓутоа одредени карпести (како лапис лазули, (син камен) и осргански материјали (како килибарот или ахатот (црн килибар)) не се минерали но сепак се користат за изработка на накит поради нивниот сјај или нивните физички особини кои имаат уметничка вредност. Реткоста е уште една одлика која што ја дава вредноста на скапоцениот камен. Уште од XIX век, од најраната антика освен за накит, изрезбаните и гравираните скапоцени камења како пехарите биле најголемите луксузни уметнички форми, резбаријата на Карл Фаберже била последната најзначајна изработка во оваа традиција.
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Традиционалната подредба на западот, останата уште од Старите Грци, започнала со разликувањето на драги и полудраги камења. Слични разликувања се направени и во другите култури. Во современата употреба драги камења се :дијамантот, рубинот, сафирот и смарагдот, а сите останати се полудраги. Оваа разлика ја одразува реткоста на овие посебни камења, како и нивниот квалитет уште од древни времиња. Сите се проѕирни со префинета боја на својот чист облик.
Другите камења се подредени според својата боја, проѕирност и цврстина. Традиционалната особеност не ги погодува модерните вредности, на пример додека гранатот е релативно евтин „ зелениот гранат наречен Tsavorite, може да биде многу повреден отколку смарагдот од среден квалитет. цврст камен е уште еден ненаучен израз за полудрагите камења кои се употребуваат во историјата на уметноста и археологијата. Употребата на термините „скапоцени“ и „полускапоцени“ во трговски контекст се веројатно погрешни, бидејќи лажно опфаќа одредени камења кои се во основа повеќе вредни од другите.
Во денешно време камењата ги идентификувааат гемолози коишто ги опишуваат скапоцените камења, како и нивните особености користејки стручна терминологија што се однесува на полето на гемологијата. Првата одлика што гемолозите ја користат за да го откријат видот на скапоцениот камен е нивната хемиска структура. На пример, дијамантите се направени од јаглерод (C) a рубините од алуминиум оксид (Al2O3). Следува дека многу скапоцени камења се кристали коишто се распоредени според својот кристален систем каде што има правоаголни, триаголни или моноклонски. Другиот термин што се употребуве е Хабитен, за оние форми на скапоцени камења што најчесто се наоѓаат. На пример дијамантите, кои имаат кубичен кристален систем најчесто се најдени како осумаголни.
Скапоцените камења се подредени под различни групи, видови и различности. На пример рубинот е од црвениот спектар на видот Корунд, додека пак било која друга боја на корундот се смета за сафир. Смарагдот (зелен), аквамаринот (син), берил (црвен), хелиодор (жолт), морганит (розов) сите овие се видови на Берилот.
Скапоцените камења се одликуваат со показател на прекршување на светлината, протстранетост, специфична гравитација, цврстина, расцепи, пукнатини и сјај. Тие може да покажуваат состојба на колоритност или на двојно прекршување. Тие може да имаат луминисценција и карактеристично впивање на спектар. Некоја честичка или пукнатина може да биде присутна како негова содржина. Скапоцените камења исто така може да бидат подредени во однос на нивната „вода“ (квалитет). Ова е познато подредување на овие камења според нивниот сјај, прозирност или пак блескавост. Најпрозирните камења се сметаат за најквалитетни, додека второстепени и третитостепени се оние со помала прозирност.
Нема сеопфатен систем за проценка на скапоцените камења. Дијамантите се оценуваат со употреба на систем кој го развил Гемолошкиот институт на Америја (ГИА) уште од 1950те години. Од историска гледна точка сите скапоцени камења биле оценувани со голо око. ГИА системот вклучувал и голем новитет: 10 пати голем коефициент на зголемување како класичен облик за оценување на чистината на каменот. Другите пак сè уште се проценуваат според голото око.
Претставен е нов мнемониски уред таканаречен; „Четири критериуми “ (боја, облик, чистина и карат) кој ќе им помогне на потрошувачите да ги разберат факторите кои се употребуваат за да се оцени еден дијамант. Со изменување, овие категории може да бидат корисни при оцена на сите скапоцени камења. Четирите критериуми имаат различна тежина во зависност од тоа дали се применуваат на обоени скапоцени камења или на безбоен дијамант. За дијамантите, се намалува примарниот фактор за вредност, проследен со јасност и боја.
Дијамантите се створени да блескаат, да ја разложат својата светлина во составните бои на виножитото, исечкани во светлосни мали парченца (светкавци), и доставени до човечкото око (сјај). Но доколку го задржат својот груб кристален облик, дијамантот нема да ги има овие особености, затоа за да постигне ова потребна е посебна техника која е наречена брусење. Камењата кои имаат своја боја, вклучувајќи ги и обоените дијаманти, основни одлучувачи на квалитетот се нивната чистина и убавината на таа боја.
Физичките одлики кои ги прават обоените камења скапоцени се бојата, јасноста на бојата во помала мера (смарагдите секогаш се во помал број)кога се отсекуваат како необични оптички појави како што се појасна боја и астерија (ефект на звезда). Јаснотијата на бојата е нерамна со создавањето на бојата во скапоцениот камен. Грците, на пример многу го вреднуваат ефектот на звездата кој се наоѓа во каменот, кој се сметал како моќна љубовна магија, а Елена Тројанска била позната по носењето на ѕвездениот корунд.
Од историска гледна точка скапоцените камења биле класифицирани во драги и полудраги камења. Таквата дефинираност на овие камења постојано се менува и варира заедно со културата, и отсекогаш била тешка задача да се одлучи што е тоа што скапоцените камења ги прави да бидат скапоцени.
На страна од дијамантот пак, рубинот, сафирот, смарагдот, бисерот (кој не е скапоцен камен) и опалот се смета дека се скапоцени. Аметистот се сметал за скапоцен камен исто така како и во Грција сè до пронаоѓањето на поголема маса во Бразил во XIX век. Дури и во последниов век определени скапоцени камења како што се аквамаринот, оливинот и мачкиното око се популарни и поради тоа се сметаат за скапоцени.
Денес во наше време пазарот не прави таква разлика. Многу скапоцени камења се употребуваат како најскап накит, секако зависно од заштитното име на дизајнерот, модните трендови, понудата на пазарот, обработката итн. И покрај тоа дијамантите, рубините, сафирите и смарагдите сè уште имаат репутација која што ги надминува другите скапоцени камења.
Ретки или пак необични камења во главно се сметаат оние коишто едвај се среќаваат од страна на познавачите вклучувајќи ги андалуситот, аксинитот, каситеритот, клиногумитот и црвениот берил.
Цените на скапоцените камења може многу да се променат (како и оние на танзанитот низ годините) или може да бидат доста стабилни или непроменливи (како оние на дијамантите). Всушност цените на големите скапоцени камења за карат се повисоки отколку на оние помалите, но популарноста на одредена величина на каменот може да делува врз цената. Просечните цени може да се одвиваат од 1 американски долар за карат за нормален аметист до 20.000-50.000 американски долари за трикаратниот колекционерски речиси совршен рубин наречен гулабова црвена крв.
Некои скапоцени камења се корастат како кристали или пак во некоја друг облик зависно од тоа во каква се наоѓаат. Повеќето од нив сепак се брусат и полираат при што се користат како накит. Мала фабрика во Тајланд обработува илјадници карати сафир годишно наречени кабошони (елипсовиден облик) и камења кои се обработуваат со фацета (брусалица) со тоа што полира мали мазни прозорчиња наречени фацети со правилни мерки на прави агли. Камењата кои се непроѕирни како :опалот, тиркизот, варицитот итн, се најчесто брусени во елипсовиден облик. Овие скапоцени камења се дизајнирани така да ја покажат бојата на каменот или својствата на неговата површина како на опалот и на ѕвездениот сафир. Се користат брусни тркала и полирачи за да може да се избруси, обликува и исполира мазниот камен со облик на купола.
Скапоцените камења кои се проиѕирни се нормално брусени, тоа е метода која што ги покажува оптичките особини на скапоцениот камен. Доколку аглите се премногу длабоки или премногу плитки, светлината ќе помине низ него и нема да се рефлектира кон гледачот. Брусалицата се користи за да се држи каменот на рамен круг за брусење и полирање со рамните фацети. Ретко но сепак се користат брусалици кои користат виткани кругови за да брусат и полираат виткани фацети.
Бојата на било кој материјал се должи на светлината од самата природа. Дневната светлина , која се нарекува и бела светлина, е всушност комбинација на сите бои од спектарот. Кога светлината ќе погоди некој материјал, повеќето зраци од светлината се впива додека пак мало количевство на одредена честота или бранова должина се рефлектира. Делот кој се рефлектира окото го прифаќа како боја. Рубинот изгледа црвен затоа што ги впива комплетно сите бои на дневната светлина (сина и жолта на пример) додека пак ја рефлектира црвената светлина
Истиот материјал може да се појави во повеќе различни бои. На пример рубинот и сафирот го имаат истиот хемиски состав (двата камења се корунд) но имаат различни бои. Може да се случи дури и истиот скапоцен камен да има различни бои : кај сафирот се појавуваат неколку различни нијанси на сина и розова, а елегантниот сафир се експонира со цел круг на бои од жолта до портокалово-розова од неодамна е наречен Padparadscha sapphire. (папрадаша сафир)
Разликата во боите се заснова на атомската структура на каменот. Иако различните камења во суштина имаат ист состав, тие не се сосема еднакви. Секој момент некој атом е заменет со сосема некој друг различен атом (може да биде во неколку, како еден во милион атоми.). Овие таканаречени примеси се доволни за да впијат одредена боја, а да остават другите бои да немаат никаков ефект врз каменот. На пример берилот, кој е безбоен и е во своја чиста минерален облик, станува смарагд со примеса на хром. Доколку додадете манган наместо хром, берилот ќе стане розов морганит. Со железо тој станува аквамарин. Некои обработки на скапоцените камења го користат фактот дека овие примеси може да бидат управувани, со тоа што ќе ја сменат бојата на скапоцениот камен.
Скапоцените камења најчесто се обработуваат за да ја сменат бојата и бистрината на каменот. Вредноста на каменот може да зависи од видот и степенот на обработка. Некои обработки доста се користат бидејќи некои камења се цврсти, додека пак другите најчесто и не се употребуваат бидејќи бојата на скапоцениот камен не е цврста и може да се врати во првобитната нијанса.
Топлината може да придонесе за бојата и јасноста на скапоцениот камен. Процесот на загревање со векови им е доста познат на обработувачите на скапоцени камења, и за многу видови на камења веќе и загревањето на каменот е веќе вообичаена техника. Повеќето цитрини се направени со загревање на аметистот, а пак со делумно загревање на силен степен се добива Аметрин- камен кој е половина аметист и половина цитрин. Аквамаринот најчесто се загрева за да се отстранат жолтеникавите нијанси и да се смени зелената боја во посакуваната сина или за да се прочисти веќе постоечката сина боја во почиста сина.
Скоро цел танзанит се загрева на пониски температури за да се отстранат кафените тонови и да се добие посакуваната синовиолетова боја. Значителен дел од сите сафири и рубини се обработува со разновидни обработувања на топлина за да се истакнат бојата и јасноста.
Доколку накитот со дијаманти се загрева (при поправки) дијамантот треба да се заштити со борна киселина, а пак дијамантот (кој е чист јаглен) може да изгори на површината или пак комплетно. доколку накит кој содржи сафири или пак рубини се загрева не треба да биде обложен со борна киселина или било која друга супстанца бидејќи ова би можело да ја изгребе површината, значи не треба да бидат заштитени како што тоа го прават со дијамантот.
Сеедно дали скапоцениот камен е природен или лабораториски направен (вештачки) камен, особеностите на било кој од нив се еднакви. Вештачките имаат по интезивна боја ако примесите не биле во лабораторија или пак не ја измениле јасноста на бојата на каменот.
'Кварцот' е втор најмногу протстран минерал на Земјината кора после фелдспатот. Направен е од системот на SiO4 каде што секое соединение на кислород се дели на два тетраедара давајки им ја целокупната формула SiO2. Има доста разни видови кварц, од кои некои се и полудраги камења. Особено во Европа и средниот исток, разновидноста на кварцот постои уште од древно време од најчесто користените минерали за правење на накит и резби на камен.
Кварцот припаѓа на триагоналниот кристален систем. Идеалната кристален облик е шестрана призма со шестранични пирамиди на секој крај. Во природата кварцните кристали се најчесто сплеткани, искривени или пак толку сраснати со густо распоредени кристалчиња од кварц или други минерали што едвај им се познава дел од нивниот облик, или заедно се појавуваат во големо распротстранување.
Добро обликуваните кристали во буквална смисла се формираат во лежиште каде што имаат спокоен раст во празнината, но бидејќи кристалите мора да бидат прилепени кој другиот крај на матрицата, само еден крај во вид на пирамида е присутен. Во Херкимер Каунти, Њујорк забележана е појава каде што Херкимер дијамантите имаат завршетоци на двата краја. Кварцниот отвор е таква состојба каде што празнината е речиси тркалезен облик, која што е обложена со кристали кои се насочени кон внатрешната стран.
Тридимитот и кристобалитот се SiO2 полиморфи со висока температура коишто се среќаваат во висококварцните вулкански карпи.Коезитот е погуст кварцен полиморф (многуобличен) кој може да се најде на места кои некогаш биле погодени од метеор, или пак во метаморфните карпи (што си го променуваат изгледот) формирани под притисок поголем од оној којшто е вообичаен за Земјината кора.
Повеќето кварцови кои се употребуваат во микроелектрониката се произведени по вештачки пат. Големи, во стерилизатор преку хидротермален процес се создадени совршени кристали. Процесот вклучува обработување на здробените природни кварцови со топол воден раствор на основа на натриум хидроксид. Хидроксидот се употребува како минерализер т.е. тој помага да се испушти хранливата состојка на кварцот. Потребни се високи температури, најчесто околу 675 °C. Растворениот кварц тогаш се кристализира во кристални зрна на прилично пониски температури. Во 2005 година во САД се произведени речиси 200 тони кварц. Вештачкиот кварц најчесто се проценува според неговиот основен Q-фактор, кој е мерка на неговата пиезоелектричка реакција и негов индикатор за чистината на кристалот.
Кварцот е извор на многу силициумски соединенија како силициумите (на пример висококвалитетните полимери) силициумот (на пример микроелектроните) и многу други компоненти од трговско значење. Кварцот во облик на песок е намален преку јаглетоплинска реакција како прв чекор во овие интезивно енергетски процеси.
Кварцните кристали имаат пиезоелектрични особини: тие развиваат електричен потенцијал при примена на механички притисок. Првата примена на кварцните кристали била со фоногравските магнети. Најчеста пиезоелектрична употреба на кварцот денеска е како кристален осцилатор. Кварцниот саат е познат уред кој користи минерал. Честотата на кварцниот осцилатор е сменета со механично полнење, а ова се користи за многу прецизни мерки на многу мали промени на масите во кварцниот микробаланс и во плазма мониторите. Во 1880 година Жак и Пјер Кири ги откриле функциите на пиезоелектриката на кварцот. Болтер Гајтан Кади во 1927година прв го развил Кварцниот осцилатор или резонатор.
Најзначајната разлика помеѓу видовите на кварцот е микрокристалинот (посебни кристали видливи со голо око) и видовите на крокристалинот или на криптокристалинот (агрегати на кристали видливи само под висок степен на зголемување)
Чистиот кварц, народски наречен карпест кристал (понекогаш наречен бистар кварц) е безбоен и проѕирен или делумно проѕирен. Најчести обоени видови се: цитринот, розовиот кварц, аметистот, сивиот кварц, и млечниот кварц.
Цитринот е вид на кварц чија боја се движи од бледо жолта до кафена. Природниот цитрин е многу редок : комерцијалните цитрини се топлински обработен аметист. Цитринот содржи и траги од Fe3+ и навистина многу тешко се наоѓа. Името доаѓа од латинскиот збор citrina кој значи „жолта“.
Розовиот кварц е вид на кварц кој се одликува со бледорозова боја до розикаво црвена боја. Бојата обично се смета како резултат на количината на трагите од титан, железо и манган во поголема количина. Некои видови на кварц содржат микроскопски рутил игли кои произведуваат соѕвездие во преносна светлина. Последните истражувања за прекршувњето на зраците констатираат дека бојата се должи на тенките мискроскопски влакна од можниот думортиерит со поголема количина на кварц. Во кристален облик (многу ретко се наоѓа) е наречен розов кварц и неговата боја се мисли дека е произведена од трагите на фосфатот или алуминиумот. Бојата во кристалите е очигледно осетлива на светлина и е предмет на избледување. Првите кристали биле пронајдени во пегматитот блиску Румфорд, Маин, Америка, но повеќето кристали на пазарот доаѓаат од сојузната држава Минаш Жераис, Бразил.
Аметистот е облик на кварц чија боја е од светла до темна или пак виолетова мат.
Сивкавиот кварц е сив, проѕирна верзија на кварцот, според бистрината е од скоро целосно проѕирен до кафено – сив кристал кој е скоро непроѕирен.
Млечниот кварц можеби е еден од најчестиот вид на кристалниот кварц и може да се најде речиси насекаде. Белата боја може да се предизвика со течна содржина на гас, течност или и двете, заглавени додека трае формирањето на кристалот. Заматеноста која е создадена при оваа содржина вистински ја ограничува неговата употреба во повеќето оптички и квалитетни примени на скапоцените камења.
Рубинот е розова до крваво-црвена боја, вид од минерални корунди (алуминиум оксид). Црвената боја е предизвикана главно поради присуството на елементот хром. Неговото име доаѓа од латинскиот збор ruber, што значи црвен. Другите видови на квалитетните корунди се наречени Сафири. Рубинот се смета за еден од 4те драгоцени камења, заедно со сафирот, смарагдот и дијамантот. Цената на рубинот се одлучува според бојата на рубинот. Најсветлиот и највредниот Црвен наречен боја на гулабова крв, кој има голема привилегираност и покрај другите рубини со сличен квалитет. По бојата следи и јасноста : слична е со дијамантите. Резбањето и тежината се исто така важни фактори за одлуката на цената.
Рубините имаат цврстина од 9,0 според Мосовата скала на цврстината на минералите. Од природните скапоцени камењА само мосанитот и дијамантот се со поголема цврстина од 10,0 според Мос, а мосанитот е некаде помеѓу корондумот (рубинот) и дијамантот според цврстината. Рубинот е α-Алуминиум (нај стабилен облик на Al2O3) во која мал дел од 3 позитивни јони на алуминиум се заменува со три позитивни јони на хромот. Секој од Cr3+ е опколен осумаголно со 6 негативни јони на кислород. Ова кристалографско уредување силно влијае на секој позитивен хром, по што резултира на светла апсорпција во зелено-жолтиот регион на спектарот и се претвора во црвена боја на каменото. Кога јоните на хромот ја примаат жолто – зелената светлина таа се претвора во црвен сјај (луминисценција). Ова испуштање на сјај, придонесува на црвената боја која што се добива со одземањето на зелената и виолетовата светлина од белата светлина, и додава сјај на изгледот на скапоцениот камен.
Сите природни рубини имаат свои несовршености, вклучувајќи ја чистината на бојата и содржината на рутилните иглички познати како „ свила“. Обично необработените камења се загреваат пред да се обработат. Скоро сите рубини во денешно време се обработени во некој облик, а загревањето на камењата е како најсоодветна алатка. Како и да е, рубините кои воопшто не се обработени во некој облик а се со одличен квалитет се сè уште на високо место.
Некои рубини покажуваат астеризам или звезда од 3 или 6 точки. Овие рубини се обработени во кабохони за да го истакнат вистинскиот ефект. Астеризмите се најдобровидливи со еден извор на светлина, и се движат низ каменот како што светлината се движи или како што каменот ротира.
Могок долината во Горен Мајамар (Бурма) со векови била главниот извор на рубини во светот. Тоа место има произведено некои од најубавите рубини што некогаш биле пронајдени. Најдобрата боја на мајнмар рубините е опишана како гулабова крв. Во централен Мајнмар, местото Монг Су почна да произведува рубини во текот на 90те и рапидно стана најголемото место за пронаоѓање на рубини.
Неодамна во Мјанмар е пронајден талог од рубин сместен во северниот дел од државата Качин. Рубините уште од дамнешна историја се ископуваат во Тајланд, Палин и Самлоут, Дистрикт од Камбоџија, Бурма, Индија, Авганистан и во Пакистан. Рубините многу ретко се наоѓаат во Шри Ланка, загоа пак розовите сафири се многу чести. По Втората светска војна во Танзанија, Мадагаскар, Виетнам, Непал, Таџикистан и Пакистан најдени се траги (талози) од рубин.
Неколку рубини се најдени и во САД во Монтана, Северна Каролина и Јужна Каролина. Неодамна се пронајдени поголеми талози на рубин под ледената плоча на Гриеланд. Во 2002 година во Васегес реката во Кенија се пронајдени рубини. Постојат извештаи дека се најдени големи остатоци на рубин во Мозамбија, во Нанхубир во Кабо Делгадо во округот на Монтепуез.
Спинелот е друг вид на црвен скапоцен камен, понекогаш може да се најде заедно со рубинот во склоп на ист камен или мермер. Оние кои немаат толку искуство со скапоцени камења Црвениот спинел може да го помешаат со рубинот. Како и да е, најпрекрасните црвени спинели може да имаат приближна цена со онаа на просечниот рубин.
Дијамантите се оценуваат според критериум 4 ЦС кој е именуван според бојата, обработката и тежината на каратот. Сличните природни рубини се проценуваат со критериумот ЦС како и нивната големина и географско потекло.
Со вреднувањето на обоените скапоцени камења, бојата е единствениот најважен фактор. Бојата се дели на три компоненти: нијанска, интезивност и тон. Нијансата се упатува на бојата која што ние ја користиме како секојдневен термин. Прозирни скапоцени камења се наоѓаат во следниве нијанси: црвена, портокалова, жолта, зелена, сина, виолетова, пурпурна и розова.Првите 6 се познати како спектарни нијанси, последните две како изведени спектарни нијанси.Пурпурната е нијанса која што е помеѓу црвена и сина.
Розовата е побледа нијанса на црвената боја. Во природата има многу малку чисти нијанси на скапоцени камења, се зборува за примарни, секундарни или терцијални нијанси.Во врска со рубинот, примарната нијанса мора да биде црвена. Сите други нијанси на видот на скапоцениот камен корунд се нарекуваат сафир.Рубинот може да има неколку секундарни нијанси. Можни се портокалова, пурпурна, виолетова и розова.
Подобрувањето на квалитетот на скапоцените камења со нивна обработка е многу честа појава.Некои обработки се употребуваат во скоро сите случаи и се сметаат за најприфатени. Во текот на доцните деведесетти години, големата понуда на евтини материјали предизвика ненадеен наплив во понудата на топлински обработени рубини, што доведе до пад на цената на рубинот. Под подобрување се подразбира промена на бојата, подобрување на проѕирноста со растворање на рутилни снопчиња, лечењето на фрактурите (испукнатините) или пак нивно целосно полнење. Најчеста обработка е со примена на топлина. Повеќето ако не и сите, рубини на долниот крај на пазарот се применува топлина на грубите камења за да се подобри бојата, да се отстранат виолетовата нијанса, сините траги и свиленоста. Овие топлински обработки се најчесто на температура од 1800 °C (3300 °F) степени.Некои рубини подлежат на процес со загревање на пониска температура, на јаглени цевки на температура од 1300 °C (2400 °F) степени за 20-30 минути. Свилата е само делумно уништена откако бојата се подобрува.
Другата обработка, која што стана најчеста во последниве години, е со стаклено полнење.Полнењето на исцепините во внатрешноста на рубинот со олово стакло или сличен материјал значително ја подобри провидноста на каменот, правејќи ги претходните рубини кои биле несоодветни да бидат погодни за аплицирање на накитот. Процесот се случува во 4 чекори.
Со загревање портокаловата боја во прав се претвора во проѕирна до обоена жолта паста која што ги исполнува сите испукнатини. Откако ќе се олади, бојата на пастата е целосно проѕирна и значително ја истакнува целосната прозирност на рубинот. Ако е потребно да се додаде боја, тогаш стаклениот прав може да биде „ засилен „ со бакар или други метални оксиди како и други елементи на пример натриум, калциум, калиуми др. Вториот процес на загревање може да се повтори три или четири пати дури и да се применат различни мешавини. Ако се загрее оној накит кој содржи рубини (при поправка) не смее да биде во контакт со борна киселина или со други супстанци доколку тие може да ја вдлабнат површината. Не мора да бидат заштитени какко дијамантот.
Аметистот е виолетова верзија на кварцот кој многу често се користи во накитот. Името доаѓа од Стара Грција: ἀ -не, и μέθυστος, methustos –пијаница, кое се однесува на верувањето дека овој камен го шптити својот сопственик од опијанување, Старите Грци и романи го носеле аметистот и исто така правеле од нив садови за пиење со верување дека тие ќе го сопрат опијанувањето. Тој е еден од многуте форми на кварцот. Аметистот е традционален камен за месецот Февруари.
Аметистот е пупрпурна верзија на кварцот (SiO2), која содржи нечистотии на железо, кое што ја дава пурпурната боја на минералот. Цврстината на минералот е иста како и на кварцот така што го прави погодна за накит.
Аметистот се наоѓа во првични нијанси од 75–80%, светлорозово-виолетова до темнопурпурна нијанса, 15–20% од сина и црвена нијанса (зависно од светлосниот извор). Зелениот кварц понекогаш е погрешно наречен зелен аметист што е навистина погрешно и не е прифатливо име за материјал, правилниот термин би бил Празиолит. Другите имиња за зелениот кварц се вермарин, позеленет аметист или лимонов цитрин. На многу променлив интезитет, бојата на аметистот е најчесто поставена во паралелни ленти на лицето на кристалот. Еден аспект на возвишената уметност ги вклучува брусењето со кое што се добива точната бојата со цел да се направи бојата на избрусените камења, хомогена. Фактот дека понекогаш само тенок слој на виолетова боја е присутна во камен, или дека бојата не е хомогена често го прави за тешка за сечење.. Бојата на аметистот е демонстрирана како резултат на структура на тривалентно железо (Fe3+). Кога ќе се загрее аметистот може да се претвори во жолто-портокалова, жолто –кафена, или пак темнокафена и може да личи на цитрин.
Старите Египќани го употребувале аметистот како скапоцен камен и бил во голема мера застапен во древните скапоцени резбани камења. Грците верувале дека каменот аметист може да го спречи опијанувањето, додека средно европските војници носеле амајлии од аметист како заштитници во битката- Причината е тоа дека се верувало за аметистот дека лекува луѓе и ги чува трезни. Во гробовите на англосаксонците во англија биле пронајдени монистри од аметист.
На 1902-та изложба во Диселдорф, Германија била презентирана голема геодезија или пак аметист-пештера пронајдена блиску Санта Крус во јужен Бразил. Во XIX век, за бојата на аметистот заслужен е присутниот манган. Сепак бидејќи е способен да подлежи на многу големи измени па дури и да биде разреден од топлина, од некои извори се верува дека е од органски извор. исто така се појавува железо тиоцијанат а и сулфур е детектиран во овој минерал.
Вештачкиот аметист е произведен од гама-зраци, рендгенското зрачење на електронските снопчиња на чистиот кварц кој е прв смешан со железни нечистотии. На изложување на топлина, ефектите од зрачењето може делумно да бидат откажани и аметистот да стане жолт кварц, а во накитот се нарекува само „Изгорен аметист“.
Вештачкиот аметист е направен како имитација на најдобриот, квалитетен аметист. Неговите хемиски и физички особини се толку слични со оние на природниот аметист така што без гемолошки испитувања (кои најчесто се чинат скапи) не може да се разликува со голема веројантност,. Има еден тест којшто е врз основа на законот на Бразилското извивање (облик на кварцно извивање каде што десните и левите кварцни структури се комбинирани во еден кристал) којшто може да се употреби како многу полесен идентификатор на вештачкиот аметист. Возможно е споените аметисти да се синтетизираат, но овој вид не е достапен во големи количини на пазарот.
Грчкиот збор аметистос може да се преведе како „непијани“, од грчки A-„не“ + methustos „опијанети“. Аметистот се смета за силен противотров против пијанство, и затоа пехарите за вино често биле изгравирани со нив. Во старогрчката митологија, Дионис, богот на пијанството и виното ја прогонувал девицата (девојката) со име Аметистос, која што ја одбивала неговата љубов. Аметистос се молела на боговите да остане чиста, молитва на која што божицата Артемида и одговорила така што ја трансформирала во Бел камен. Покорен од желбата на Аметиста да остане чиста, Дионис истурил вино врз каменот како курбан, обојувајќи го кристалот пурпурен. Разноликоста на приказната вклучува дека Дионис бил навредуван од смртник па поради тоа и се заколнал дека ќе го убие следниот смртник кој ќе помине по неговиот пат, создавајќи крволочни тигри кои ќе го одмаздат неговиот гнев. Но излегло дека тој смртник е една прекрасна млада жена, Аметиста, која што била на пат да и оддаде почит на Артемида. Артемида и го поштедила живот така што претворила девојката во статуа од чист кртистален кварц за да ја заштити од грубите канџи. Дионис гледајќи во преубавата статуа поради тоа што се каел исплакал солзи од вино. Солзите на богот го претвориле кварцот пурпурен. Другата верзија на приказната го вклучува и титанот Реја кој го претставува Дионис со каменот Аметист со цел да предизвика умереност во пиењето на вино.
Аметистот се произведува во најголеми количини во Минас Гераис во Бразил каде што се создава во големи геоди заедно со вулкански карпи. Многу од шупливите рубини од југозападен Бразил и Уругвај содржат посев на кристали на аметисти во внатрешноста. Артигас, Уругвај и соседната бразилска држава Рио гранде до Сул се големи светски создавачи познати по квантитетот, Минас Гераис како и Мато Гросо, Еспирито Санто, Бахиа и државите Сеара, сите се важни производители во Бразил. Исто така е пронајдено и ископано во Јужна Кореја. Најголем површински ископ на аметиста жила во светот е во Мајсау, под Австрија. Од Русија доаѓа многу квалитетен аметист, особено од Екатеринбург блиску Муршинка, каде што се создава во шуплините на гранитните карпи. Многу места во јужна Индија произведуваат аметист. Еден од најголемите произведувачи е Замбија во Јужна Африка со годишно производство од околу 1000 тона.
Аметистот се појавува во многу места во Америка. Помеѓу овие се спомнати : Мазатзал планинскиот реон во Гила и земјите на Марикопа, Аризона, Езерата Ред Федер близу Колинс, Колорадо, Планината Аметист, Тексас, Јелоу стоун Националниот парк, Делавер Каунти во Пенсилванија, Хаувуд Каунти во Северна Каролина, Дир Хил и Стоу, Маина и во езерото Супериор во регионот Минесота, Висконсин, Мичиган и Онтарио во Канада. Аметистот релативно често се наоѓа во Онтарио и во неколку места низ Нова Скотиа. Најголемиот рудник на аметист во Северна Америка се наоѓа во Тандер Беј, Онтарио.
До XVIII век, аметистот бил вклучен во кардиналот, или во највредните скапоцени камења (заедно со дијамантот, сафирот, рубинот и смарагдот). Но, бидејќи големо количество е откриено во локации како што се Бразил, изгуби доста голем дел од својата вредност. Собирачите трагаат по длабочината на бојата, доколку е возможно со црвен отсјај доколку е соодветно избрусено. Највисококвалитетниот аметист (наречен „длабоко Руски“) е особено редок и затоа доколку се најде таков неговата вредност зависи од побарувачката на собирачите. Тој како и да е сè уште се подредува според поголемиот сјај, помал од оној на сафирите или рубините (падраша сафирот или рубинот гулабова крв)
Авентуринот е облик на кварц којшто се одликува со своја проѕирност и присуство на содржина на платиминерал којшто го дава сјајниот или блескавиот ефект авентуресценција. Најчеста боја на Авентуринот е зелената, но исто така тој може да биде и портокалов, кафен, жолт, син или пак сив. Портокаловите и кафените се својствени за хематитот или гоетитот. Бидејќи авентуринот е камен, неговите физички особини се : неговата специфична гравитација може да биде помеѓу 2,64-2,69 а неговата цврстина е нешто пониска од обичниот кварц кој тежи 6,5.
Авентуринскиот фелдспат или сончевиот камен може да се помешаат со портокаловиот и црвениот кварц авентурин, иако првиот е со поголема проѕирност. Авентуринот е често врзан и изобилството на пурпурни листови може да го направи матен така што тој може да биде на прв поглед помешан со малахитот. Името Авентурин произлегува од италијанскиот збор ventura којшто значи случајно. Ова е наговестување на среќното откритие на стаклото на авентурин или златен камен, од некоја гледна точка во XVIII век.
Иако тој прв бил пронајден, златниот камен е заедничка имитација на авентуринот и сончевиот камен. Златниот камен визуелно се разликува од подоцниве два минерали поради неговите груби дамки од бакар, дисперзирани заедно со стаклото во еден натприроден единствен начин. Тој е обично златно кафен, но може да се најде и син или зелен.
Поголемиот дел на зелен и синозелен авентурин потекнува од Индија (особено во околината на Мајсур и Мадрас) каде што е обработен од страна на продуктивни занаетчии. Во Чиле, Шпанија и Русија се пронајдени крем бели, сиви и портокалови материјали. Повеќето се изгравирани на монисти и облици во најфините примероци претставени во кабошони, а подоцна и во накит.
Сафирот (грчки: σάπφειρος, син камен) е скапоцен камен кој е еден вид на минералот корунд, алуминиум оксид (α-Al2O3), која е друга боја а не црвена или темнорозова, каде што каменот би се нарекувал рубин се смета за различен скапоцен камен. Количината на трагите на другите елементи како железо, титан или хром може да му придонесат на корундот сина, жолта, розова, портокалова или зеленкаста боја. Чистиот Хром е чиста нечистотија од рубини. Како и да е, комбинацијата од на пр. Хром и титан може да му дадат на сафирот боја различна од црвената. Сафирите се најчесто носени во накитот.Сафирите може да се најдат по природен пат, со барање по одредени таложења (кои се должат на отпорот да бидат кородирани во споредба со камењата со помала цврстина), или формирањата на карпите, или пак тие можат да бидат рачно изработени за индустриска или декоративна намена во големи кристални топки. Поради значителната цврстина на сафирите (и во главно на алуминиум оксидот) сафирите се употребуваат во некои неукрасни апликации вклучувајќи ги инфрацрвените оптички компоненти, како што се научни инструменти : високоиздржливите стакла (прозори) (исто така употребени во научните алати).
Сафирот е еден од двата или трите видови на скапоцени камења на корундот, од кои едниот е црвен а другиот темнорозов рубин. Иако сината е нивната најпозната боја, сафирите се направени од било која боја освен црвена. Сафирите исто така може да се и безбојни, а може да се најдат во нијанси на сиво и црно. Цената на природните сафири варира зависно од нивната боја, читина, големина, обработка, и секако квалитетот – како и нивното географско потекло. Значителни талози на сафир се пронајдени во Источна Австралија, Тајланд, Шри Ланка, Мадагаскар, ИсточнаАфрика и во Северна Америка во неколку локации, најмногу во Монтана. Сафирот и рубините се ајчесто пронајдени заедно на исто место, но обично еден скапоцен камен е во поголемо изобилство.
Бојата на скапоцените камења се разделува во три компоненти : нијанса, интезивност и тоналитет. Интезивноста се однесува на живописноста или светлината или обоеноста на нијансата, тоналитетот за светлоста или темноста на нијансата. Синиот сафир постои во неколку мешавии на неговата примарна (сина) и секундарна нијанса, неколку нијансни тонови и нијанси на светлина. Сините сафири се проценуваат според чистината на примарната нијанса. Пурпурна, виолетова и зелена се најчестите второстепени нијанси пронајдени на синиот сафир. Виолетовата и пурпурната може да придонесат за целокупната убавина на бојата, додека пак зелената се смета дека може да делува негативно. Сините сафири што имаат повеќе од 15% виолетова или пурпурна боја во главно се смета дека се со најпрефинет квалитет. Сините сафири со било колкава количина на зелена боја како втора нијанса не се сметаат за скапоцени камења со префинет квалитет. Сивата боја е нормално заситувачки модификатор или маска најдена во сините сафири. Сивата боја го намалува интезивитетот или светлината на нијансата и така добива негативен ефект.
Бојата на префинетите сини сафири може да се опише како живописна речиси темновиолетова до пурпурна сина каде што приманата сина нијанса е најмалку 85% застапена, а секундарната нијанса е не повеќе од 15% застапена без ни најмалку мешање на второстепено зелена нијанса или пак зелена покриеност.
423 каратниот (85g) сафир Логан којшто се наоѓа во Националниот природонаучен музеј во Вашингтон е еден од најголемите фацетни квалитетни скапоцени камења на синиот сафир што воопшто постојат.
Жолтите и зелените сафири исто така доста се наоѓаат.Како што хромот расте, Розовите сафири се продлабочуваат во бојата. Колку е подлабока розовата боја толку поголема е нивната парична вредност. Сафирите исто така може да се сретнат во нијанси на портокалова и кафена, а пак безбојните сафири понекогаш се употребуваат како замена на дијамантот во накитот. Падмарага сафирите секогаш носат поголеми цени дури и од најпрефинетите сини сафири. Во последно време, повеќето сафири од оваа боја се појавуваат на пазарот како резултат на вештачка обработка која што се нарекува : решеткаста дифузија.
Папрадаша е розово-портокалов корунд, со низок до среден интезивитет и светол тон, првично ископан во Шри Ланка, но исто така се пронајдени талози во Виетнам и Африка. Папрадаша сафирите се ретки, најретко од се е комплетно природната разноличност, без никаква трага на преработка. Името потекнува од санскритскиот збор „падмарага“ (падма = лотус; рага = боја). Боја, слична на лотосов цвет.
Ѕвездениот сафир е вид на сафир којшто изразува ѕвезда исто како појавата позната како астеризам. Ѕвездениот сафир содржи иглични пресеци како содржина (често минерален траг, минерал создаден примарно од титан оксид) којшто создава привидение од 6 зрачна шема во облик на ѕвезда кога се гледа со надземен извор на светлина.
Црната ѕвезда од Квинсленд се верув дека е најголемиот ѕвезден сафир којшто некогаш бил ископан, и тежи 733 карати. Звездата од Индија (која тежи 563,4 карати) се мисли дека е вториот по големина ѕвезден сафир, и моментално е изложен во Американскиот природонаучен музеј во Њујорк . 182 каратната Ѕвезда од Бомбај, која е сместена во Националниот природонаучен музеј во Вашингтон е пример за син ѕвезден сафир. Вредноста на ѕвездениот сафир, како и да е зависи не само од тежината на каменот туку и од бојата, прозирноста и интезивитетот на астеризмот.
Ретката разноликост на сафирот, позната како сафир којшто ја менува бојата, постои во разлиќни бои и различна светлина. Овие сафири кои ја менуваат бојата на надворешна дневна светлина се пурпурни а а на флуоресцентна светлина да бидат и зеленкасти. Некои камења менуваат боја целосно а некои само делумно, со тоа што некои камења од сини одат кон сино виолетова боја. Додека овие сафири коишто ја менуваат својата боја доаѓаат од повеќе различни месте, скапоцените камчиња од танзанија е главниот извор.
Одредени вештачки сафири кои ја менуваат својата боја се продаваат како лабораториски или синтетички александрит, којшто е прецизно наречен симунат (исто така е наречен александриум) вториот е всушност тип на крисоберил-сосема различни супстанци чиј плеохроизам е различен и многу појасен отколку корундот (сафирот) кој менува бои.
Рубините се корунди кои содржат `` нечистотиии од хром кои впиваат жолто-зелена светлина и се резултира во подлабока рубинова црвена боја со зголемена содржина. Пурпурните сафири содржат траги од вандиум и доаѓа до неколку разновидни нијанси. Корундот кој содржи ~0,01% од титанот е безбојна. Доколку се присутни траги од железо, многу бледа жолтеникава до зелена боја може да биде видена. Доколку се присутни нечистотии од титан и железо, како и да е резултатот ќе биде прекрасна модросина боја.
За разлика од локализираната (мегуатомска) апсорпција на светлина која што ја предизвикува бојата за нечистотии на хромот и вандиумот, сината боја на сафирите доаѓа од интервалентно преносно полнење, што подразбира пренесување на електрон од еден јон на преносен метал на друг преку спроводник или валентна врска. Железото може да биде во облик на Fe2+ или Fe3+ додека пак титанот во главно го има обликот Ti4+.
Доколку јоните на Fe2+ и Ti4+ се заменат со Al3+, се создаваат области на нерамнотежа на полнењето. Преносот на еден електрон од Fe2+ и Ti4+ може да предизвика промена на валентната состојба во двете соединенија. Поради таа валентна промена се случува специфична промена на енергијата на електронот и се впива електромагнетна енергија. Брановата должина на впиената енергија ја дава жолтата светлина. Кога оваа светлина се одзема од карактеристичната бела светлина се комплетира резултатот на сина боја. Понекогаш кога атомското растојание е различно и оди во различен правец тогаш се добива резултат на синозелено двобојство. Интервалентниот пренос е процес којшто создава силно обоена појава со мал процент на примеси. додека 1% на хром мора да биде присутен во корундот пред да се појави црвена рубин боја, сината сафирна боја е присутна на само 0,01% титан и железо.
Сафирите може да се обработуваат со неколку методи за да се разубави и подобри нивната јасност и боја. Се практикува загревањето на природните сафири за да се подобри и разубави нивната боја. Ова се прави со загревање на сафирот по неколку часа на температура од 500 до 1800 °C , или пак со загревање на непотполна азотна атмосферска печка седум дена или повеќе. По загревањето камењата стануваат се посини но губат некои свои рутилни соединенија (свила). Кога се употребуваат високи температури, каменот ја губи целата свила и станува чист при зголемување. Уште од римско време постои доказот дека сафирот и другите камења биле предмет на греење. Оние камења кои не се загреваат се многу ретки и често се продаваат заедно со потврда од независни гемолошки лаборатории со која се потврдува дека „нема знаци на топлинска обработка“.
Јого-сафирите не треба да бидат загреани бидејќи нивната сина боја е постојана и јака, тие се во главно без примеси и имаат постојана чистина (јасност). Во 1980-тите Кога Интергем Лимитед започнал да го рекламира Јого-каменот како светски гарантиран не обработен сафир, изјавата го погодила пазарот на скапоцени камења бидејќи претходно процесот на загревање бил таен (неоткриен), но во 1982 година проблемот со загревањето на камењата станал уште поголем. Во тоа време 95% од сафирите во целиот свет биле термално обработени за да ја подобрат својата природна боја. Соочувајки се со овој проблем, оние скапоцени камења кои биле загревани многу често избледувале со тек на време. Обучените гемологисти можат да препознаат камен кој е загреан со точност од 95%.
Обработката со дифузија е нешто поконтраверзна со тоа што таа се користи за да се додадат елементи на сафирот за намена да се подоврат боите. Најчесто берилиумот е дифузиран во сафир при загревање на многу висока температура, речиси до точката на топење на сафирот. Првично со овој процес се создадени (околу 2000) портокалови сафири, иако сега процесот е унапреден и многу бои на сафирот се најчесто обработени со берилиумот.
Не е етички тајно да се продаваат сафири обработени со берилиум, и цената би требало да им биде многу пониска од природниот скапоцен камен или од оној кој сам се разубавува преку самостојно загревање.
Оние камења кои се обработени со дифузија на површината се воглавно одобрени бидејќи кога деланките на каменот повторно се полираат, папрадаша обоениот слој може да се отстрани. (постојат некои камења обработени со дифузија на коишто бојата им оди многу подлабоко од површината). Проблемот е во фактот дека обработените папрадаши се понекогаш навистина многу тешки за да се препознаат, затоа се и причина да се добие сертификат од угледната гемолошка лабораторија (на пример Gubelin, SSEF, AGTA, итн, ) како препорака пред да се инвестира во нив.
Според упатствата на Федералната комисија за трговија во САД се бара откривање на каков било начин на разубавување којшто има значителен ефект врз вредноста на скапоцениот камен.
Сафирите се откопуваат од алувијални талози или пак од првичните подземни работи. Рударските локации се Бурма, Мадагаскар, Шри Ланка, Австралија, Тајланд, Индија, Пакистан, Авганистан, Танзанија, Кенија и Кина. Логан сафирот, ѕвездата на Индија, и ѕвездата на Бомбај потекнуваат од рудниците во Шри Ланка. Мадагаскар е светски водач во производство на сафир (од 2007) особено со неговите талози во градот Иакака и околу него. Пред отворањето на Иакака рудниците, Австралија беше најголемиот производител на сафири (како во 1987 година). Во 1991 бил откриен нов извор на сафири во Андранондамбо, јужен Мадагаскар. во 1993 започнале со ископување на сафирот по што после неколку годи ни го напуштиле поради потешкотиите за да се подобри лежиштето на сафирот.
Во северна Америка се извадени сафири од неколку талози во Монтана, по Мисури реката во близина на Елена, Монтана, Драи Котонвуд Крик во близина на Мисула, Монтана и Рок Крик во близина на Филипзбург, Монтана. Пронајдени се префинети сини Јого-сафири во Јого Гулх, западно од Левинстон, Монтана. Неколку ископи на сафири и рубини исто така се пронајдени во околината на Франклин.
Талозите од сафир во Кашмир сè уште се добро познати во индустријата на скапоцени камења, и порај фактот дека највисокото производство во оваа околина најмногу зазема место со релативно краток период на крајот од XIX и почетокот на XX век.
Во 1902 година францускиот хемичар Август Вернел разви процес за производство на вештачки сафирни кристали.во процесот Вернел именуван по него се додава префинет земјен прав на оксихидрогенскиот пламен а ова се случува директно наспроти покривката. Земјата полека се таложи во пламенот создавајќи „боул, од сафир, во облик на солза. Може да се додадат хемиски додатоци за да се создаде вештачка верзија на рубинот, и сите други природни бои на сафирот и плус сите други бои кои не се виделе во геологијата. Вештачкиот материјал за сафир е идентичен на природниот сафир, освен тоа тој може да се направи без недостатоци кои може да се најдат во природниот камен. Недостатокот на процесот Вернеул е дека големите кристали имаат висок процент на внатрешна крутина. Многу методи на рачната изработка на сафирот се варијации на процесот Цохралски кој е измислен во 1916 година. Во овој процес мал сафирен кристал се натопува во сад направен од скапоценеиот метал родиум, кој содржи стопена алуминиум, а потоа полека сеповлекува на со стапка од 1 до 100 мм на час. На крајот алуминиумот се кристализира, создавајки голем долг камен во облик на морков со големина од над 400 мм во пречник и со тежина од околу 500 кг.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.