Пенеминде
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Пенеминде (германски: Peenemünde) — општина и морско пристаниште на најзападниот крај од островот Узедом на Балтичкото Море. Општината се наоѓа во округот Западна Померанија-Грајфсвалд, во Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Пенеминде е познат како родното место на современата ракетна наука (поради „Военоистражувачкиот центар Пенеминде“ или само „Полигон Пенеминде“), денес заменет со Историско-техничкиот музеј Пенеминде. Во близина на општината се наоѓа аеродром.
Пенеминде | |
Историско-техничкиот музеј Пенеминде | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Мекленбург-Западна Померанија |
Округ | Западна Померанија-Грајфсвалд |
Месна заед. | Узедом-Север |
Градоначалник | Рајнер Бартелмес |
Основни податоци | |
Површина | 24,97 км2 |
Надм. височина | 3 м |
Население | 351 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 14 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | OVP |
Пошт. бр. | 17449 |
Повик. бр. | 038371 |
Портал | www.amt-usedom-nord.de/ |
Местоположба на Пенеминде во рамките на округот Западна Померанија-Грајфсвалд | |
Координати | 54°08′0″N 13°46′0″E |
Во текот на X и XI век, Пенеминде бил дел од регионот Цирципанија, областа населена со западнословенско племе, дел од сојузот Љутичи. Областа била припоена кон Марката Билунг на Светото Римско Царство во 936, но влијанието на царството кон областа слабееле до крајот на векот по успешното словенско востание. Кон крајот на Грешка во Lua: , по Вендските крстоносни војни, областа потпаднала под власта на Војводството Померанија. По Кременскиот дговоро во 1236, најголем дел од областа припаднал на Маркгрофовијата Бранденбург.[2]
Во Втората светска војна, областа било вклучена во развојот и производството на ракетите Фау 2, додека производството не било пренесено во Нордхаузен. Доковите на селото биле користени за бродовите, кои ги довлекувале остатоците на Фау 2 ракетите од нивните проби во Балтичкото Море. Германските научници, како Вернер фон Браун, кои работеле во објектот Фау 2 биле познати како Пенеминденци („Peenemünders“). Целиот остров бил освоен од советската Црвена армија на 5 мај 1945. Фабриката за производство на течен кислород сè уште стои во урнатини на влезот на Пенеминде.
Повоеното пристаниште било советска поморска база, додека не била наменета за вооружените сили на Источна Германија во 1952. Објектите на пристаништето најпрвин биле користени од источногерманската поморска полиција, додека не биле изградени нови објекти. На 1 декември 1956, седиштето на Првата флота на источногерманската морнарица било воспоставено во Пенеминде.
Историско-техничкиот музеј Пенеминде, музеј за Втората светска војна се наоѓа на Европската патека на индустриско наследство, отворен во 1992.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.