Пајак (планина)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Пајак (планина)map

Пајак (грчки: Πάικο, Пајко; стар облик: Πάϊακ) — планина во средишниот дел на Егејска Македонија, денес во Грција.[1][2]

Гандач од Горно Родиво
Пајак, на исток и на југ Солунското Поле, на запад — котлината Меглен, на север границата меѓу Грција и Р Македонија (со жолто).
Кратки факти Пајак, Највисока точка ...
Пајак
Πάικο
Поглед на Пајак
Највисока точка
Надм. вис.1660 м
Координати40.9532°N 22.3358°E / 40.9532; 22.3358
Географија
Пајак на карта

МестоЕгејска Македонија
Затвори

Планината се наоѓа во средишниот дел на Егејска Македонија и по неа минува границата меѓу општините Пајонија (на исток), Меглен (на запад) и Постол на југ, сите во управната област Централна Македонија. Во источното подножје на Пајак се градовите Гуменџе и Бојмица, во јужното е Пазар, а во западното е областа Меглен. Планината се состои од две карактеристични образби — Гандач (Κοκκινόπετρας, Γκαντάτς) на север и Поглед или Гола Чука (Πόγλετ, Γκόλα Τσούκα) на југ. Двете образби ги двои котлината на Голема Ливада и Црна Река. Река Грамоштица, која тече на југ и е притока на Колудеј, го двои Поглед на исток од помалиот масив Метеризи на запад.[1]

Највисок врв е Вртук (Фидота) со 1.660 м, сместен на северниот масив Гандач. Често како највисок се посочува Гола Чука во јужниот дел, кој е висок 1.650 м. Грешката доаѓа оттаму што на некои карти само јужниот масив е означен како Пајак.[1]

Карпите на планината са вулкански и варовнички. Планината е обрасната со бука, даб, костен, бреза, габер и други видови дрва, и е вклучена во мрежата на заштитени подрачја Натура 2000 (1240003).[1]

Јужно од врвот Гола Чука, на 1.300 м.н.в. во месноста Извор има мал планинарски дом со 6 легла. Оддалечен е 3 часа од Елевтерохори (или 19 км по козја патека). До домот, на висина од 1.280 м е старото полусрушено планинско засолниште.[3]

До највисокиот врв се стасува од селото Голема Ливада (1.200 м) за околу 4 часа, а до врвот Гола Чука од Елевтерохори (500 м) за околу 3,5 часа (од планинарскиот дом за 1 час).[3]

Европската патека на долги растојанија E6 оди Фуштани (300 м) и Ошин (820 м) и ја пресекува месноста меѓу Пајак и масивот на Љумница, па завршува кај Љумница (570 м), за да продолжи на исток за Бојмица и Ругуновец.[3]

Повеќе информации Име, Грчки ...
Врвови
ИмеГрчкиВисина (м)Местоположба
ВртукΦιδωτά, Βαρτούκι1.660[1]столб на 1.649 м, СИ од Голема Ливада
ПогледΑγνάντεμα, Πόγλετ, Πόγλιτ, Πόγκλεντ1.408[1]СИ од Корнишор, З од Крива, З од Петгас
Скрека КлоздисΑμπέλια, Σκρέκα Κλόζντις1.200[1]С од Голема Ливада, ЈИ од Ошин
СеховоΑνεμορράχη, Σέχοβο1.540[1]И од Голема Ливада
ДубарљанаΆννα, Ντουμπαρλιάνα1.501[1]ЈЗ од Црна Река, ЈИ од Голема Ливада
Βασιλικές Κορυφές1.062[1]
ВоциΒότσης, Ρέπαλ Βότσι1.000[1]СЗ од Купа
АвдулијаΒραχάκι, Αβδούλια1.180[1]С од Голема Ливада
Βρέστα1.489[1]ЈЗ од Црна Река
Γεμάτη, Φουλάρες1.400[1]
Генешка СкрекаΓκενέσκα Σκρέκα1.277[1]
Γρουστογιάννη1.048[1]СЗ од Корнишор
КоритаΔασάκι, Κορύτα, Κορίτα1.352[1]СЗ од Корнишор, И од Тодорци
Череша, Черешка ТумбаΔασάκι, Τσερέσα, Τσέρτσεκα Τούμπα1.267[1]З од Голема Ливада, И од Гостољуби
Црковичка, Црквички ВрвΕκκλησάκι, Τσαρκοβίστο, Τσαρκφίσκι, Τσαρκόβιτσο1.529[1]З од Корнишор
СинистраΖερβοκορυφή, Σινίστρα1.280[1]ЈИ од Голема Ливада
Ηράκλεια, Ηρικλειούσα1.240[1]СИ од Лесково
Ίσωμα, Μικρός Περός1.222[1]ЈЗ од Голема Ливада
КлекнишΚαθίστρα, Κλέντνιτς, Κλίκνις1.134[1]С од Лесково, ЈЗ од Ошин
Καλή Πεδιάδα1.120[1]
ВарницаΚαμίνι, Βάρνιτσα1.120[1]С од Корнишор
Κλεφτόπετρα1.123[1]З од Крива, Ј од Црна Река
ГандачΚοκκινόπετρα, Γκαντάς, Καντάς, Καντάστι, Γκαντάτσι, Γκαντάτς, Γάντατσι1.623 - 1.607[1]И од Голема Ливада, СИ од Баровица
ГудучΚοντούση, Γκουντούτσι1.444[1]ЈИ од Тодорци, СЗ од Корнишор
МерΚοπριά, Μερ1.220[1]С од Корнишор
ГорицаΚορίτσι1.300[1]ЈИ од Голема Ливада
ЈуручкаΚορυφή, Γιουρούτσικα1.300[1]ЈЗ од Голема Ливада
Κορυφή, Τούφκα Πετκαλί1.180[1]
ГумерџосаΚουμαριές, Γκουμερτζόσα1.320[1]СЗ од Црна Река, СЗ од Баровица
Κουφή Πέτρα1.470[1]ЈЗ од Црна Река, ЈИ од Голема Ливада
КарлесΚρανιές, Κάρλες1.140[1]СЗ од Црна Река, С од Баровица
Λουλούδι, Πιταρός1.340[1]ЈИ од Тодорци, СЗ од Корнишор
Μακρύστατο, Καλιμάρι1.389[1]ЈЗ од Баровица
Μαυροσκύβαλα1.040[1]
Μαύρο Ύψωμα1.055[1]З од Голема Ливада, И од Гостољуби
КашпотΜεγάλο Κεφάλι1.300[1]
Μεσορράχη1.124[1]ЈЗ од Црна Река
Мал ГандачΜέτωπο, Μικρό Γκαντάτσι1.364[1]СИ од Голема Ливада
Мусов ГробΜνήμα, Γκρόπα Μούσιο1.333[1]СЗ од Купа, СИ од Ошин и З од Љумница
БаручΜύτακας, Μπαρούτσι1.003[1]СЗ од Црна Река, С од Баровица
Јаслан СкиритΞαπλωμένη, Γιασλάν Σκιρίτ1.280[1]С од Голема Ливада
Гола Чука, ПајакΠάϊκο, Γκόλα Τσούκα1.647[1]ЈЗ од Црна Река
МетеризиΠαρατηρητήριο, Μετερίζι1.595[1]СЗ од Корнишор
Висок РидΠεριστέρι, Βυσοκτορίτ1.390[1]ЈИ од Голема Ливада
КиргонΠετράδες, Κίργκον1.503[1]З од Црна Река
Скрека ди ПеросаΠετρώματα, Περούσα, Σκρέκα ντι Περόσα1.269[1]С од Голема Ливада, ЈИ од Ошин
ПасенаΠετρωτό, Πάσενα1.365[1]ЈЗ од Голема Ливада
ЛиндиниΠροφήτης Ηλίας, Λίντινι, Λίντι1.300[1]С од Голема Ливада
Πύργος1.491[1]СИ од Голема Ливада
БартаΠυροκορφή, Μπάρτα, Σκρέκα Μπρέτα, Σκρέκα Μπάρτα1.231[1]СИ од Лесково
ПрескачоваΡαντισμένη, Πρασκάτσουβα1.322[1]ЈЗ од Корнишор
Ραχούλα, Κασαρίνη1.308[1]ЈИ од Тодорци, СЗ од Корнишор
Гарија ГлаваΣαμάρι, Γκάρια Γκλάβα1.396 и 1.382[1]
ГуругасаΣάπια, Γκουρουγκάσα1.248[1]И од Голема Ливада, С од Баровица
БајрацитеΣτήθος, Μπέρκοβιτς1.312[1]СИ од Корнишор, З од Крива, З од Петгас
ГробΤάφος, Γκρόπ1.452[1]Ј од Голема Ливада
Гартина, Рипа КаприΤράγος, Γκαρτίνα, Ρίπα Κάπρι1.092[1]Ј од Купа
Дујково, ДунковоΤράχηλος, Ντουΐκοβο1.420[1]СИ од Корнишор, З од Крива, З од Петгас
Трите Бука, Трите БукиΤρεις Οξυές, Τρίτε Μπούκα/Μπούκε1.220[1]И од Лесково, СЗ од Голема Ливада
Три БариΤρίκορφο, Τρεις Μπάρες1.120[1]ЈЗ од Корнишор
ЧумаΤσούμα1.203[1]З од Купа, ЈИ од Ошин
Чука, ЧукитеΥψώματα, Τσούκα, Τσουκίτι1.180[1]СИ од Корнишор, ЈЗ од Петгас
Бела ЛакаΦεγγάρι, Μπέλα Λούγκα1112[1]С од Корнишор
ПапритеΦτέρες, Πάπριτε1.355[1]ЈЗ од Голема Ливада
Φτέρες, Παδικοφέρκα1.040[1]СЗ од Црна Река
ВртопиΦτερό, Βερτόπια, Μεγάλος Περός1.488[1]ЈЗ од Голема Ливада, И од Тодорци, СЗ од Корнишор
ГрошΧονδρός, Γκρός1.100[1]Ј од Купа
Киркова НиваΧωράφι Κίρκου, Κίρκοβο Νέβα, Κίρκοβα Νέβα, Κέρκοβα Νίβα1.260[1]С од Корнишор
УрџанаΑρκούδα, Ουρτζάνα920 – 800[3]СЗ од Црна Река
Ασπρόχωμα827[3]И од Корнишор, ЈИ од Рамна (Омало)
Βράχος951[3]З од Крива
ГавалаΓαβάλα937[3]И од Тодорци
Репал ГогаΓιωργάκη, Ρεπάλ Γκόγκα835[3]ЈИ од Купа
ГолематаΓκουλέματα761[3]
ВртопΚανόνι, Κλισσαλάρ, Κισαλάρ, Βερτόπι659[3]Ј од Корнишор
Црвена БараΚόκκινη Πέτρα811[3]Ј од Корнишор
ЧернатΚορυφή Δούμα, Τσάρνατι849[3]
ЧерешоΚορυφούλα, Τσερέσιο Ζιάρα572[3]
ВермеџекΚορφή, Βερμετζέκ864[3]СИ од Тодорци
Чука, ЧукароΚορφούλα, Τσούκα, Τσουκάρου979[3]С од Лесково
Бели ВрвΚρύα Κορυφή, Βελύβρα880[3]
ГрокоштаΚώστα, Γροκώστα720[3]СИ од Корнишор
КаркинΛιθοβούνι, Κάρκιν783[3]З од Црна Река
СкркаΜακροκορφή, Σκόρκα ντι Λέγκαν940[3]СЗ од Купа, И од Ошин и ЈЗ од Љумница
Παπάς991[3]ЈИ од Тодорци, СЗ од Корнишор
РамнаΠετρωτό, Ράμνα526[3]З од Рамна
БрајамодоΠλαγιά, Μπραγιάμοντο705[3]С над Спирлитово
Брестот, ЗадиницаΠράσινος Λόφος, Μπρεστότ, Ζαντινίτσα778[3]СЗ од Лесково
ПречкаΠρέτσκα918[3]
ЧерешаΡαχούλες, Τσερέσια534[3]
Σκάπα862[3]
ГробовиΤάφοι, Γροτόδι812[3]СЗ од Корнишор
Гроб ГеоргалиΤάφος Γεωργίου, Γκρόπ Γκιόργαλι860[3]
Босилкова ТумбаΤυροκομείο, Μποτσίλκο Τούμπα880[3]СЗ од Рамна (Омало)
ЛапартоиΦαγώματα, Λαπαρτόϊ980[3]ЈЗ од Корнишор
Ψηλό Λιβάδι985[3]З од Голема Ливада, И од Гостољуби
Дервишева Тумба572С од Црна Река, И од Извор
Думово849Ј од Гостољуби, СИ од Тодорци
Добро ПолеИ од Тодорци
Затвори

Наводи

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.