Љумница

село во Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Љумницаmap

Љумница (Лумница или Љубница; грчки: Σκρα, Скра; до 1927 година Λούμνιτσα, Лумница) — село во областа Бојмија, Гевгелиско, а денес во општината Пајонија на Кукушкиот округ во Егејска Македонија, Грција. Населението брои 96 жители (2021).

Кратки факти Љумница Σκρα, Земја ...
Љумница
Σκρα
Thumb
Средишниот дел на селото
Thumb
Љумница
Координати: 41°06′N 22°24′E
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукуш
ОпштинаПајонија
Општ. единицаРугуновец
Население (2021)[1]
  Вкупно96
Час. појасEET (UTC+2)
  Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Затвори

Географија и местоположба

Селото Љумница се наоѓа на 12 километри југозападно од Гевгелија, сместено на надморска височина од 560 метри, во северозападните истурени ридови на планината Пајак.[2] Тоа претставувало самостојна општина во Гуменџиската околија со вкупна површина на општинскиот атар од 96 км2.[2] Недалеку од селото тече истоимената река Љубница (или Љумница) која завршува како притока на Конска Река кај градот Гевгелија.

Историја

Thumb
Споменикот на петте убиени лица во с. Моин.

Од своето основање па сè до денес селото Љумница е населено исклучително со влашко население од групата позната како Пајакашки Власи. Како такво К’нчов го споменува со 2600, егзархиската статистика го бележи со 2630 жители, додека Милоевиќ го регистрира со 200 влашки куќи. Како погранично село Љумница, настрадала во Првата светска војна кога во 1916 година од бугарските воени власти населението било принудно интернирано во внатрешноста на Бугарија, главно во Стара и Нова Загора. По војната се вратил само дел од жителите коишто го обновиле селото. Под влијание на романската пропаганда и поради тешките услови за живеење во 1925 година се иселиле 90 семејства кои според Младенов биле сместени во добруџанските села Сребрино, Аснаќој, Кадиќој, Кочина и Валјушница.

Љумница исто така многу настрадала и во Втората светска војна и за време на Граѓанската војна, кога покрај големиот број дадени жртви повеќе семејства биле принудени да го напуштат селото и да се иселат во Македонија при што пребегнатите жители главно се сместени во Скопје и во Велес.

Бугарските фашистички окупатори стрелале пет лица[3] поради учество во НОБ од селото на 18 јануари 1944 година во селото Моин, каде што денес е подигнат споменик во нивна чест.

Стопанство

Бидејќи е планинско селото е многу пасивно[4]. Покрај сточарството, селаните се занимаваат и со земјоделство, при што главни производи се компири, костење и малку пченица. Поради скудноста на земјиштето, уште од порано постои традицијата помладите да одат во внатрешноста на земјата на печалба за да можат да ги прехранат своите семејства.

Население

Во пописот од 1913 година селото е евидентирано со 1405 жители, додека во 1920 година само со 854 жители[4]. Со бројните иселувања, бројот на жителите во 1928 опаднал на 647, а во 1940 се искачува на 886. Поради воените страдања бројот на жителите во 1951 опаднал на 446, во 1961 останал на истата бројка од 446, за да опадне во 1971 на 276, во 1981 на 219, а во 1991 пораснало на 246 жители[4]. Поради бројните иселувања Љумница како едно од некогаш најголемите села во Гуменџиската околија, денес одвај живурка со своите малобројни жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 886 446 446 276 219 246 219 187 96
Затвори
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Иселеништво

Под влијание на романската пропаганда и поради тешките услови за живеење во 1925 година се иселиле 90 семејства (во нив се вклучени и семејствата кои подоцна се вратиле во селото) кои биле сместени во областа Добруџа. За време на Граѓанската војна, повеќе семејства биле принудени да го напуштат селото и да се иселат во Македонија при што пребегнатите жители главно се сместени во Скопје и во Велес. Поголемиот дел од иселените се сместени во Солун и Бојмица.

Општествени установи

Во селото е сместена жандармериска станица и погранична воена чета.

Наводи

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.