село во Општина Сопиште From Wikipedia, the free encyclopedia
Патишка Река — село во Општина Сопиште, во областа Торбешија, во околината на градот Скопје, сместено на падините на планината Караџица.
Патишка Река | |
Поглед на Патишка Река со планината Караџица во позадината | |
Координати 41°48′0″N 21°19′0″E | |
Општина | Сопиште |
Население | 231 жит. (поп. 2021)[1] |
Шифра на КО | 25107 |
Надм. вис. | 1.243 м |
Патишка Река на општинската карта Атарот на Патишка Река во рамките на општината | |
Патишка Река на Ризницата |
Селото е дел од областа Торбешија. Селото се наоѓа на планината Караџица.
Во XIX век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската каза во Отоманското Царство.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било мешано со христијанско[2] и муслиманско[3] население, каде имало 34 христијански и 34 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 93 мажи христијани, со 7 новороденчиња и 111 мажи муслимани со 12 новороденчиња. Било забележано дека двајца мажи муслимани со своите семејства се доселени тазе во Патишка Река. Се проценува дека селото во тој период имало 450 жители.
Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 908 жители.[4]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Патишка Река живееле 670 жители, од кои 550 Албанци и 120 Македонци.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Патишка Река имало 320 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 400 Албанци.[7]
Патишка Река е средно по големина село, коешто во 1961 година имало 608 жители, а во 1994 година 706 жители, албанско население.
Според пописот од 2002 година, селото имало население од 579 жители, сите Албанци.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 231 жител, од кои 191 Албанец, 1 Турчин и 39 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 670 | 320 | 570 | 617 | 608 | 591 | 619 | 0 | 706 | 579 | 231 |
Патишка Река е албанско село.
Според истражувањата од 1950 година, родови во селото
Македонски
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.