From Wikipedia, the free encyclopedia
Пандемијата на КОВИД-19 во Италија — вирусна пандемија, која била прогласена на 30 јануари 2020, кога двајца кинески туристи во Рим биле позитивно тестирани на вирусот SARS-CoV-2.[1] Појавувањето на инфекцијата COVID-19 последователно била откриена кај 16 потврдени случаи во Ломбардија на 21 февруари,[2] за веќе следниот ден да се зголеми на 60[3] со појава на првите смртни случаи во текот на истите денови.
Пандемија на КОВИД-19 во Италија | |
---|---|
Легенда | 18 март 2020 Од 1 до 9 случаи Од 10 до 99 Од 100 до 499 Од 500 до 999 Од 1000 до 9999 Повеќе од 10 000 |
Патологија | COVID-19 |
Потекло | НР Кина |
Прв случај | Кодоњо |
Опфатени земји | Италија |
Период | 31 јануари 2020 - во тек |
Статистички податоци | |
Број на излекувани | 211.885 |
Број на мртви | 35.587 |
Мреж. место | Институционална веб-страница |
До 17 март 2020 година, потврдени биле 31 506 позитивни случаи на коронавирус, вклучувајќи 2 941 излекувани лица и 2 503 починати лица, а вкупно биле извршени 148 657 тестирања за присуство на вирусот.[4] Со тоа Италија станала втора земја по број на заразени во светот по Кина, и прва по бројот на смртни случаи.[4]
На крајот на февруари, откриено е дека Италија е потешко погодена од која било друга земја во Европа од пандемија на COVID-19.[5] Италија исто така била прва од само две држави во Европа што ги прекинала сите директни летови кон и од Кина, третирајќи ја пандемијата со една од најдрастичните мерки во ЕУ.
Меѓу првите мерки за третирање на инфекцијата било воведувањето на карантин во 11 општини во Северна Италија (во Ломбардија и Венето). Советот на министри со декрет од 23 февруари 2020 година вовел забрана за пристап и вонредна состојба во општините каде имало појава на пандемија и суспендирање на демонстрации и настани; последователно донесени се четири извршни акти: од 25 февруари 2020 година, од 1 март 2020 година, од 4 март 2020 година и од 8 март 2020 година.[6]
Број на случаи заразени со COVID-19 во Италија (дневно зголемување во %) починати излекувани вкупно заразени | ||||
---|---|---|---|---|
Дата | Број на случаи | |||
31 јануари 2020 | 2 (n.a.) | |||
1-4 февруари | 2 (±0%) | |||
5 февруари 2020 | 2 (±0%) | |||
6 февруари 2020 | 3 (+50%) | |||
7-19 февруари | 3 (±0%) | |||
20 февруари 2020 | 3 (±0%) | |||
21 февруари 2020 | 20 (+567%) | |||
22 февруари 2020 | 79 (+295%) | |||
23 февруари 2020 | 152 (+92%) | |||
24 февруари 2020 (18:00) | 229 (+51%) | |||
25 февруари 2020 (18:00) | 322 (+41%) | |||
26 февруари 2020 (18:00) | 400 (+24%) | |||
27 февруари 2020 (18:00) | 650 (+63%) | |||
28 февруари 2020 (18:00) | 888 (+37%) | |||
29 февруари 2020 (18:00) | 1.128 (+27%) | |||
1 март 2020 (18:00) | 1.694 (+50%) | |||
2 март 2020 (18:00) | 2.036 (+20%) | |||
3 март 2020 (18:00) | 2.502 (+23%) | |||
4 март 2020 (18:00) | 3.089 (+24%) | |||
5 март 2020 (18:00) | 3.858 (+25%) | |||
6 март 2020 (18:00) | 4.636 (+20%) | |||
7 март 2020 (18:00) | 5.883 (+27%) | |||
8 март 2020 (18:00) | 7.375 (+25%) | |||
9 март 2020 (18:00) | 9.172 (+24%) | |||
10 март 2020* (18:00) | 10.149* (+11%) | |||
11 март 2020 (18:00) | 12.462 (+23%) | |||
12 март 2020 (18:00) | 15.113 (+21%) | |||
13 март 2020 (18:00) | 17.660 (+17%) | |||
14 март 2020 (18:00) | 21.157 (+20%) | |||
15 март 2020 (18:00) | 24.747 (+17%) | |||
16 март 2020 (18:00) | 27.980 (+13%) | |||
17 март 2020 (18:00) | 31.506 (+13%) | |||
Последно ажурирање во 18:00 на 15 март 2020[7] |
Кон крајот на јануари 2020 година, по настаните со пандемијата во Кина, во Италија биле воведени напредни скрининг мерки на аеродромите Леонардо да Винчи-Фјумичино и Милано Малпенза, вклучувајќи топлински мерења и активно присуство на медицински персонал.[8] На 31 јануари, првите два случаи биле потврдени во Рим, двајца кинески туристи на возраст од 66 и 67 години кои слетале во Италија на 23 јануари на Аеродромот Милано Малпенза, а главниот град го посетиле со туристички автобус. Туристите позитивно биле тестирани на вирусот SARS-CoV-2 и биле хоспитализирани на Националниот институт за заразни болести Лаѕаро Спаланцани.[9] Италијанската влада веднаш ги прекинала сите летови до и од Кина и прогласила вонредна состојба. Премиерот Џузепе Конте рекол дека Италија е првата земја на ЕУ што ја преземала оваа мерка на претпазливост.[10]
На 2 февруари, нешто помалку од 48 часа по хоспитализацијата на двајцата кинески туристи во Институтот Лаѕаро Спаланцани во Рим, вирусолозите успеале да ја изолираат геномската секвенца на вирусот.[11]
На 3 февруари, 56 италијански државјани кои престојувале во Вухан биле вратени од Кина со специјалниот лет на италијанските воздухопловни сили, а потоа се преселиле во карантин во воениот град Чекињола.[12] На 6 февруари, еден од вратените италијанци бил потврден како заразен, и прогласен за излечен на 22 февруари.[13][14]
На 21 февруари биле потврдени шеснаесет други случаи (четиринаесет во Ломбардија, два во Венето). На еден 38-годишен Италијанец од Кодоњо, во провинцијата Лоди, во Ломбардија, му биле откриени проблеми со дишењето. Пациентот, неговата бремена сопруга и еден пријател биле позитивни на тестирањето. Уште три случаи биле потврдени истиот ден откако пациентите пријавиле симптоми на пневмонија.[15] По овие случаи, извршени биле обемни проверки и контроли врз сите луѓе кои веројатно биле во контакт со или во близина на заразените субјекти.[16]
На 22 февруари, во Ломбардија починал втор пациент заразен со коронавирус.[17] Вклучувајќи ги двете жртви, бројот на случаи во Италија се искачил на 79.[3][18] Од 76-те неодамна откриени случаи, 54 биле пронајдени во Ломбардија, вклучувајќи и еден пациент од болницата Сан Рафаеле во Милано,[19] 8 пациенти во Поликлиниката Сан Матео во Павија,[20] 17 во Венето, 2 во Емилија-Ромања, 2 во Лацио и 1 во Пиемонт.[19]
На 23 февруари, една 68-годишна жена која боледувала од карцином починала во Крема, станувајќи третата италијанска жртва на вирусот. Бројот на случаи во Италија се искачил на 152, вклучително и четиринаесет пациенти кои биле лекувани во Поликлиниката Сан Матео во Павија.[21][22]
На 24 февруари починал еден 84-годишен маж од Бергамо, 88-годишен маж од Казеле Ланди и двајца мажи од Кастиљионе д’Ада - соодветно на возраст од 80 и 62 години; сите имале и други болести од минатото.[23][24][25]
На 25 февруари, бројот на случаи во Емилија-Ромања се искачил на 23, распространети меѓу градовите Пјаченца, Парма и Модена, како резултат на луѓе вратени од епидемијата во Ломбардија.[26][27]
Нова појава поврзана со Ломбардија била регистрирана во Јужна Италија, во Палермо, каде бил хоспитализиран 60-годишен турист од Бергамо,[28][29] кој бил позитивно тестиран и примен во болницата Червело.[30][31] Еден 49-годишен маж, кој претходно бил во посета на Кодоњо, бил тестиран позитивно во Пеша, Тоскана.[32]
Последователно, Лигурија потврдила дека 72-годишна туристка од Кастиљионе д’Ада се покажала како позитивна во Аласио додека била во хотел. Жената била префрлена и третирана во болница во Џенова.[33] Подоцна истиот ден, бил потврден и втор случај во Лигурија, 54-годишен маж кој го посетил Кодењо за работа бил тестиран позитивно во Специја.[34][35]
На 26 февруари во Емилија-Ромања починал 69-годишен маж од Лоди со хронични медицински состојби.[36]
Други случаи со шест малолетни лица се идентификувани во Ломбардија. Едно 4 годишно девојче од Кастиљионе д’Ада било примено во Поликлиниката Сан Матео во Павија, а петнаесетгодишно лице било примено во болницата Серијате во Бергамо. Две 10-годишни деца од Кремона и Лоди биле оценети како позитивни и отпуштени. Седумнаесетгодишник од Валтелина, кој присуствувал на училиште во Кодоњо, и негов пријател од училиштето од Сондрио, исто така, биле позитивни.[36][37][38]
Во Апулија потврдиле дека 33-годишен маж од Таранто, кој се вратил од Кодоњо на 23 јануари, бил тестиран позитивно и бил хоспитализиран во болницата „Сан Џузепе Москати“.[39]
Советник на гувернерот на Ломбардија, Атилио Фонтана, бил тестиран позитивно на SARS-CoV-2. Иако Фонтана бил негативен, тој одлучил да премине во превентивна изолација.[40]
Во Кампанија биле потврдени два нови случаи на COVID-19. 24-годишна жена од Казерта, која претходно го посетила Милано, била тестирала позитивно, како и 25-годишна украинка од Кремона, која претходно била во посета на Ломбардија. Двете биле пренесени во болницата Доменико Котуњо во Неапол, каде биле подложени на изолација.[41]
На 27 февруари, во Абруцо потврдиле дека 50-годишен маж од Бријанца, во Ломбардија, се тестирал позитивно и бил хоспитализиран во единицата за интензивна нега на болницата „Џузепе Манзини“ во Терамо. Тој и неговото семејство престојувале во нивниот дом.[34][42]
На 1 март е потврден случај на зараза во областа Фоџа, во врска со 74-годишник од подрачјето на избувнување на Ломбардија, и 29-годишен војник, во повлекување во Бари, со симптоми на грип, последователно, потврдено со брис и сместен во изолација во градската болница.
Заклучно со 27 февруари, во Ломбардија имало 403 потврдени случаи и 37 излечени.[34][43]
Заклучно со 4 март, потврдените случаи во Италија се искачиле на 3.089, смртните случаи на 107, а закрепнатите пациенти на 276. Пандемијата продолжува да расте и владата зборува за создавање нова црвена зона во провинцијата Бергамо со оглед на големиот број на зарази во оваа област.[44]
На 21 февруари, две лица биле позитивно тестирани на инфекции со COVID-19 во Венето. Следниот ден, еден од нив, 78-годишен маж починал во болницата Скиавонија во Падова, станувајќи прва жртва на вирусот во Италија. Мажот живеел во општината Во, која последователно била ставена во карантин.[45]
На 23 февруари, во Венето се пријавени вкупно 25 инфекции, што се зголемило на 32 на 24 февруари.[46]
На 25 февруари, една 76-годишна жена со постојани медицински проблеми починала во Тревизо.[47]
На 26 февруари, 8-годишно девојче од Кодевиго било тестирано позитивно.[37][38][48]
Од 27 февруари, во Венето имало 111 потврдени случаи, со 42 случаи во општината Во, вклучувајќи ги и двата смртни случаи.[34][49]
На 28 февруари, претседателот на регионот Венето, Лука Заја, објавил дека по првите два случаи им наредил на сите жители на Во да бидат тестирани. Од 6.800 брисеви, само 1,7% биле потврдени како позитивни. Оваа епидемиолошка студија била користена на Универзитетот во Падова за проучување на пандемијата.[50]
Заклучно со 28 февруари, во Венето имало 151 потврдени случаи, со 70 случаи во општината Во, вклучувајќи ги и двата смртни случаи.
Регион | Потврдени случаи |
Починати | Излекувани | Извршени тестови |
---|---|---|---|---|
Ломбардија | 19.844 | 2.168 | 3.778 | 52.244 |
Емилија-Ромања | 5.214 | 531 | 177 | 18.344 |
Венето | 3.484 | 115 | 200 | 44.658 |
Пиемонт | 2.932 | 175 | 3 | 8.853 |
Марке | 1.737 | 115 | 0 | 4.512 |
Тоскана | 1.482 | 38 | 22 | 8.873 |
Лигурија | 1.059 | 91 | 85 | 3.348 |
Трентино-Алто Адиџе | 959 | 26 | 21 | 5.771 |
Лацио | 823 | 38 | 44 | 11.145 |
Кампанија | 652 | 17 | 30 | 3.544 |
Фриули-Венеција-Џулија | 599 | 36 | 41 | 4.052 |
Апулија | 478 | 25 | 4 | 4.046 |
Абруцо | 385 | 11 | 8 | 2.409 |
Сицилија | 340 | 4 | 15 | 3.961 |
Умбрија | 334 | 2 | 4 | 1.954 |
Аостинска Долина | 215 | 6 | 0 | 608 |
Сардинија | 206 | 2 | 0 | 1.334 |
Калабрија | 169 | 3 | 2 | 2.342 |
Молизе | 46 | 2 | 6 | 426 |
Базиликата | 37 | 0 | 0 | 353 |
Италија | 41.035 | 3.405 | 4.440 | 182.777 |
Сан Марино | 183 | 14 | 4 | 139[51] |
Ватикан | 1 | 0 | 0 | - |
Последно ажурирање Италија: во 18:00 на 19 март 2020.[52][53][54] Последно ажурирање Сан Марино: 19 март 2020.[55] Последно ажурирање Ватикан: 6 март 2020. |
Бројни случаи на COVID-19 се појавиле низ целиот свет и се чини дека се резултат на инфекции поврзани со појавата во Северна Италија. Заклучно со 26 февруари 16 земји потврдиле случаи кои потекнуваат од Италија.
На 25 февруари, Алжир го потврдил првиот случај заразен со COVID-19, италијанец од Бертонико, во Ломбардија, кој пристигнал во земјата на 17 февруари, бил тестиран позитивно за SARS-CoV-2.[37][56][57]
На 25 февруари, Австрија ги потврдила првите два случаи на COVID-19, 24-годишен маж и 24-годишна жена од Ломбардија, кои го посетиле својот роден град Бергамо. Тие биле тестирани позитивно на SARS-CoV-2 и биле хоспитализирани во Инсбрук, во Тирол.[58][59][60][61]
На 27 февруари и двете деца на италијанската двојка биле тестирани позитивно и биле лекувани во болницата Кајзер-Франц-Јозеф.[62]
На 25 февруари, Бразил го потврдил првиот случај на COVID-19, 61-годишен маж од Саун Пауло, кој престојувал во Ломбардија помеѓу 9 и 21 февруари, бил тестиран позитивно на SARS-CoV-2. Имал благи симптоми и бил ставен во домашен карантин.[63]
На 27 февруари, Велика Британија потврдила дека пациент кој го посетил Милано бил тестиран позитивно на SARS-CoV-2. Тој бил примен во Ројал Фри болницата во Лондон.[64]
Во Северна Ирска исто така објавиле дека првиот случај заразен со COVID-19 е лице кое патувало од Северна Италија преку Даблин и било ставено во карантин дома.[65]
На 25 февруари, Германија потврдила дека 25-годишен маж од Гепинген во Баден-Виртемберг, кој неодамна се вратил од Милано, бил позитивно на тестот за SARS-CoV-2 и бил лекуван на клиниката Ајхерхт.[66][67]
На 26 февруари 24-годишната свршеница на момчето од Гепинген и неговиот 60-годишен татко, кој работи како главен лекар во универзитетската болница во Тибинген, биле тестирани позитивно и биле хоспитализирани во истата болница каде работел таткото во Тибинген.[68][69] Еден 32-годишен маж од Ротвеил, Баден-Виртемберг, кој го посетил Кодоњо со своето семејство на 23 февруари, исто бил тестиран позитивно и бил хоспитализиран во изолација.[70]
На 26 февруари, во Грција бил потврден првиот случај на заразен со COVID-19, 38-годишна жена од Солун, која неодамна била во посета на Северна Италија, била тестирана позитивно на SARS-CoV-2 и била примена во Универзитетска болница АХЕПА.[71][72][73] На 27 февруари, 9-годишното момче на 38-годишната пациентка од Солун исто така било тестирано позитивно и било хоспитализирано во истата болница каде што се лекувала мајката.[74]
Една жена која патувала за Италија, исто така се тестирала позитивно и била хоспитализирана во Атина.[75][76][77]
На 27 февруари Израел потврдил дека маж кој се вратил од Италија на 23 февруари бил позитивен и бил примен во Медицинскиот центар Шеба во Рамат Ган.[78][79][80]
На 27 февруари Данска го потврдила првиот случај во земјата на заразен со COVID-19, маж кој се вратил дома од зимување во Валтелина, Сондрио, бил позитивно тестиран на SARS-CoV-2 во Zealand University Hospital во Роскилде и бил ставен во домашен карантин.[81][82]
На 11 март Ерменија потврдила 3 нови случаи на COVID-19 и тоа лица кои пристигнале од Италија, од кои двајца биле ерменски државјани и еден бил италијански државјанин кој работи во Ерменија.[83] Нов случај бил пријавен на 15 март кај ерменски државјанин кој неодамна се вратил од Италија.[84]
На 26 февруари, Македонија го потврдила првиот случај на заразен со COVID-19, жена чиј тест на SARS-CoV-2 на Клиниката за заразни болести во Скопје. Таа била Италија речиси еден месец и веќе две недели била болна. По враќањето во Македонија, веднаш отишла на клиниката.[85][86]
На 6 март биле потврдени уште два случаи: брачен пар од Баланци, Центар Жупа, кои биле жители на Бреша, Италија, и се претпоставува дека се вратиле во земјата заради страв од вирусот.[87]
На 27 февруари Норвешка потврдила дека две лица кои се покажале позитивни биле поврзани со појавата во Италија. И двајцата биле ставени во карантин дома во Осло.[88]
На 26 февруари, Романија потврдила дека првиот случај заразен со COVID-19, е 71-годишен маж италијанец од Католика, Италија. Италијанецот го посетил семејството на неговата сопруга и имал неколку деловни состаноци во Романија од 18 до 22 февруари. Тој бил примен во Националниот институт за заразни болести, на проф. Д-р Матеи Балш во Букурешт.[89]
На 26 февруари, Финска потврдила дека една финкиња, која патувала во Милано и се вратила во Финска, на 22 февруари се тестирала позитивно за SARS-CoV-2 во централната болница на Универзитет во Хелсинки.[90]
На 25 февруари, Франција потврдила дека 64-годишен маж од Балме де Сијенжи, се вратил од патувањето во Ломбардија на 15 февруари позитивен на SARS-CoV-2 бил лекуван во болницата Анеси-Женевоа, во Епањи-Мец-Теси.[91][92][93] Неговата сопруга исто така се тестирала позитивно и била хоспитализирана во истата болница каде била на лекување.[94][95]
На 26 февруари, еден 36-годишен маж кој имал повеќе патувања во Ломбардија се тестирал позитивно и бил лекуван во Нувел Хупитал Сивил во Стразбур.[96][97][98]
На 12 март претседателот Емануел Макрон, откако изјавил дека станува збор за „најсериозната здравствена состојба во последните 100 години во Франција“[99] го најавил затворањето на сите училишта и универзитети од понеделник 16 март, исто така, им порачал на лицата над 70 години да останат дома, но го потврдил непреченото водење на општинските избори на 15 и 22 март.
На 25 февруари, Хрватска го потврдила првиот случај на COVID-19; 26-годишен маж, кој претходно бил во Милано помеѓу 19 и 21 февруари, бил позитивен на тестирањето за SARS-CoV-2 и бил хоспитализиран во универзитетската болница за заразни болести, д-р Фран Михалјевиќ во Загреб.[100][101]
Само еден ден подоцна, на 26 февруари, неговиот брат близнак исто така бил тестиран позитивно и исто така бил хоспитализиран во универзитетската болница за заразни болести д-р Фран Михалјевиќ. Еден Хрват, кој работел во Парма во Италија, исто така бил тестиран позитивно и бил хоспитализиран во Риека.[101]
На 25 февруари, Швајцарија го потврдила првиот случај на COVID-19, 70-годишен маж во италофонскиот Кантон Тичино, кој претходно го посетил Милано.[102]
На 27 февруари 28-годишен ИТ работник од Женева, кој неодамна се вратил од Милано, се тестирал позитивно и бил примен во универзитетската болница во Женева.[103][104]
На 26 февруари, Шведска потврдила дека 30-годишен маж, кој претходно ја посетил Северна Италија, се разболел три дена по неговото враќање во Шведска. Тој позитивно се тестирал на SARS-COV-2 и бил примен во болницата Салгренска во Гетеборг.[105][106]
На 27 февруари, тројца 30-годишни пациенти биле потврдени на SARS-CoV-2 во округот Вестра Јеталанд. Двајца од нив биле во контакт со 30-годишниот пациент од Гетеборг, додека последниот претходно ја посетил Италија.[107]
На 24 февруари 2020 година, 69-годишен лекар од Ломбардија, кој бил на годишен одмор во Тенерифе од 17 февруари, се тестирал позитивно на SARS-CoV-2 на Универзитската болница Нуестра Сењора де Календарија во Шпанија. Потоа 25-годишен маж, кој се вратил од одмор во Италија, исто така бил позитивен во Астурија, Шпанија.[108][109][110][111]
На 25 февруари, сопругата на докторот од Ломбардија, која со него била на годишен одмор во Тенерифе, исто така била тестирана позитивно и била хоспитализирана во истата болница, каде што се лекувал нејзиниот сопруг.[112] Истиот ден 36-годишна италијанка која била во посета на Бергамо и Милано од 12 до 22 февруари исто така се покажала позитивна во Барселона.[91][109][113] Потоа и маж од Вилјареал, кој неодамна отпатувал за Милано, бил тестиран позитивно и бил примен во Универзитетската болница Де Ла Плана.[114] 24-годишен маж од Мадрид, кој неодамна се вратил од Северна Италија, бил уште еден случај кој се тестирал позитивно и бил хоспитализиран во болницата Карлос III.[115][116]
На 26 февруари, двајцата италијански туристи, кои биле на годишен одмор, заедно со лекарот од Ломбардија и неговата сопруга, исто така се покажале позитивни. Двојката била пренесена во Универзитската болница Нуестра Сењора де Календарија и била ставена во карантин.[117] Бројот на заразени во земјата продолжил кога 22-годишник од Барселона, кој отпатувал во Милано помеѓу 22 и 25 февруари, бил тестиран позитивно и бил примен во болницата Клиник.[118][119] Една жена од Ла Гомера, која патувала до Италија од 4 до 8 февруари, била тестирана позитивно и била хоспитализирана во Општата болница во Ла Гомера во Тенерифе.[120]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.