Палихор (Правишко)
село во Правишко, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Правишко, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Палихор или Палеохор (грчки: Παλαιοχώρι, Палеохорион; книжевно: Παλαιοχώριον) — село во Правишко, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Кушница, во Источна Македонија и Тракија, Грција.
Палихор Παλαιοχώρι | |
---|---|
Палихор гледан од Вранината тврдина | |
Координати: 40°56′N 24°10′E | |
Земја | Грција |
Област | Источна Македонија и Тракија |
Округ | Кавала |
Општина | Кушница |
Општ. единица | Кушница |
Надм. вис. | м | 220
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 1,404 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Селото се наоѓа на југоисточните падини на планината Кушница, 9 километри северозападно од малиот град Правишта, на надморска височина од 220 метри.[2]
Источно над Палихор се наоѓа античката и средновековна Вранина тврдина.[3]
Во XIX век, Палихор било село во Правишката каза, на Отоманското Царство.
Селото во минатото било населено со турско и со грчко население.[2]
Населението главно се занимава со земјоделство (тутун), но се одгледува и жито. Во ограничени размери е развиено сточарството.[2]
На пописот од 1913 година, селото броело 1.265 жители, а на пописот од 1920 година 1.168 жители.[2]
По принудното населување на турското население во согласност со Лозанската конвенција, во 1924 година во селото биле сместени бегалски семејства. Нивниот број во 1928 година изнесувал 1.051 и биле сместени во турското маало, со што селото повторно било мешано со бегалско и домородно население.[2]
Палихор во 1928 година заедно со бегалците имал 1.892 жители, а во 1940 година бројот на жители се зголемил на 2.634 жители. Во 1941 година, според бугарската статистика имал 2.416 жители. Во 1951 година биле попишани 2.263 жители, а во 1961 година 2.285. Во 1971 година поради помасовното иселување во поголемите градови, бројот на жители се намалил на 1.843, додека во 1981 година повторно се намалил на 1.754. На пописот од 1991 година селото броело 1.587 жители.
Според пописот во 2001 година, селото имало 1.604 жители. Во најновиот попис во 2011 година спроведен во Грција, селото било забележано со 1.404 жители.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 2.634 | 2.263 | 2.285 | 1.843 | 1.754 | 1.587 | 1.604 | 1.404 |
Селото припаѓа на општинската единица Кушница со седиште во селото Никишјан, која припаѓа на поголемата општина Кушница, во округот Кавала. Воедно, се наоѓа и во општинскиот оддел Палихор, во кој е единствено село.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.