Кушница
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кушница или Кушиница (грчки: Παγγαίο, Пангео, по старо: Κουσίνιτζα, Кусиниѕа[1]) — планина во источниот дел на Егејска Македонија, од веднаш над помалиот град Правишта и на околу 12 км на исток од Кавала. Во антиката, планината се нарекувала Пангеј, од каде во поново време е преземено и денешното грчко име. На турски се Кушница се нарекувала Прнар Даг.
Кушница | |
---|---|
Παγγαίο | |
Поглед на Кушница од Рахче (Филипи) | |
Највисока точка | |
Врв | Козница |
Надм. височина | 1.956 м |
Географија | |
Земји | Грција |
Окрузи | Кавала и Сер |
Координати | 40°55′01″N 24°04′58″E |
Планината е сместена во источниот дел на Егејска Македонија и има издолжен облик во правец североисток-југозапад. По неа минува границата на општините Кушница (Пангео) во областа Источна Македонија и Тракија од југ и општината Ениќој (Амфиполи) во областа Централна Македонија од север. Највисок врв е Козница, (грч. Дионисос или Мати), висок 1.956 м[2], по кој следи Пилаф Тепе (1.870 м)[1]. Планината е долга од 10 до 15 и широка од 5 до 10 км. Составена е од мермер, кристалести шкрилци, песочник, чакал и многу малку гранит.[3]
На север реката Драматица (Ангитис) ја дели Кушница од планината Сминица (Меникио) и Серското Поле, а од југ реката Лаџа (Мармара или Ксиропотамос) ја дели од планината Лути Рид (Символо), која се наоѓа на беломорскиот брег.
На северното подножје на планината се сместени населените места Провишта (Палеокоми), Радулево (Родоливос), Кормишта (Кормиста), Никишјан (Никсиани), а на северното пак, Правишта (Елевтеруполи), Муштени (Мустени) и Подгорјани (Подохори).
На Кушиница има два големи манастира. На северните падини се наоѓа Кушничкиот манастир „Св. Богородица Косиница“, чиј иконостас е изработен од дебарската тајфа на чело со Петре Филиповски. На источните падини кај остатоците на стариот дел на селото Дреново е сместен манастирот „Богородица Кушничка“.
Во антиката Пангеј го споменува уште Херодот[4] како планина со златни и сребрени рудници на тракиските племиња Сатри, Пиери и Одоманти, како и во Есхиловото дело „Персијци“[5] и Еврипидовото дело „Рез“, каде се вели дека тракискиот цар Рез е владетел на „златниот Пангеј“ со безброј рудници.[6] Поради ова, Пангеј претставувал клучна стопанска област во древна Тракија и мошне посакуван од Тракијците, Македонците и Грците.[7] Французинот Пјер Белон го споменува постоењето на железни рудници на Кушница во 1553 г.[8]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.