Орфан
село во Правишко, Егејска Македонија, Грција From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Правишко, Егејска Македонија, Грција From Wikipedia, the free encyclopedia
Орфан или Орфано (грчки: Ορφάνι, Орфани) — село во Правишко, Егејска Македонија, денес во општината Кушница на Кавалскиот округ во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.
Орфан Ορφάνι | |
---|---|
Улица во Орфан | |
Координати: 40°46.34′N 23°57.4′E | |
Земја | Грција |
Област | Источна Македонија и Тракија |
Округ | Кавала |
Општина | Кушница |
Општ. единица | Орфан |
Надм. вис. | м | 70
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 656 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Селото е сместено на јужните падини а планината Кушница, недалеку од брегот на Струмскиот Залив, наречен и Орфански Залив по селото. Крај Орфан минува Орфанска Река која набгру се влева во заливот.
Веднаш источно од Орфан се наоѓаат урнатините на античкиот град Фагрис. Јужно од селото е средновековната Орфанска тврдина.
На крајот на XIX век Орфан било мало турско село в Правищката каза. Во 1900 г. според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Орфан живеел 20 Турци, и напишал за селото:
„ | Орфан е речиси запустено турско село. До скоро во него беа останати само 4 турски куќи. Веројатно сега и тие ги нема.[2] | “ |
По Втората балканска војна во 1913 г. селото е припоено кон Грција. Во 1918 г. Антон Страшимиров напишал:
„ | Ова е Орфано: ние пак сме до брегот на Егејот. А четириаголникот со назабените и шарено бојадисани ѕидови се гробиштата на тукашната мала грчка колонија. Со земјиштето владееле турски бегови, но парите течеле и во грчки куќи: по целиот крај Орфано е познато како гнездо на ориенталното гниење на жените и мажите. Во нивната декадентост луѓето ја воспеваат смртта и многу си ги украсуваат гробиштата.[3] | “ |
Во 1920-тите турското население е иселено по сила на Лозанскиот договор, а на негово место се доведени понтиски Грци од Турција. Во 1928 г. е заведено се состоело од староседелци (од малата грчка колонија) и дојденци со вкупно 32 семејства од 119 жители.[4] ВО 1940 г. нивниот број се покачил на 476 жители. Следната 1941 г. бугарската окупациска власт попишала 512 жители.[5]
Во 1962 г. е изградена нова црква „Успение на пресв. Богородица“.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 476 | 548 | 648 | 410 | 576 | 669 | 708 | 656 |
Според податоци на Тодор Симовски од 1990-тите, околината на селото изобилува со маслинови насади од кои добиваат маслинки и масло. Се произведувало многу тутун, нешто пченица, а сточарството било слабо развиено.[5]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.