Remove ads
македонски свештеник, писател и револуционер From Wikipedia, the free encyclopedia
Натанаил Кучевишки познат и како Натанаил Охридски и Пловдивски или Натанаил Зографски (родено световно име: Нешо Стојанов Бојкикев; 26 октомври 1820 — 18 септември 1906 ) — егзархиски митрополит на Бугарската егзархија[1] и помaгач на македонското револуционерно ослободително движење во времето на Големата источна криза.
Натанаил Кучевишки | ||
Роден | 26 октомври 1820 Кучевиште, Отоманско Царство | |
---|---|---|
Починал | 1906 Пловдив, Бугарија |
Роден е во село Кучевиште, Скопско во 1820 година. Првобитно се школува во Скопје, Самоков и Прилеп, каде што заедно учел со истакниот македонски преродбеник Јордан Хаџи Константинов Џинот. По замонашувањето во Зографскиот манастир на Света Гора (1837) завршува духовна богословија во Одеса и духовна академија во Киев. Извесно време повторно престојува на Света Гора, а потоа управува со Добровецкито манастир во Молдавија.
По формирањето на Бугарската егзархија е ракоположен за прв егзархиски митрополит во Охрид. За време на престојот во овој град (1874-1877) доаѓа до конфликт со Григор Прличев и тамошното граѓанство. Протеран е од Охрид во Цариград на почетокот на Руско-турската војна (1877-1878) од страна на турските власти кои се сомневале во неговата лојалност. Од таму тајно се префрла во Пловдив по неговото ослободување од руските војски каде ќе престојува кратко време. Потоа преку Софија пристигнува во Ќустендил и станува еден од организаторите на Македонското (Кресненското) востание. Формира доброволечки чети и благотворителни комитети во пограничните реони на Бугарија спрема Отоманското Царство и се поврзува со познатите македонски војводи Дедо Иљо Малешевски и Димитар Поп-Георгиев Беровски.
Сепак во пресудните моменти застанува на страната на софискиот комитет „Единство“ кој ги застапувал бугарските интереси во Македонија, но неговите заложби успеваат да го спасат од ликвидација и да го ослободат од ќустендилскиот затвор Димитар Поп-Георгиев Беровски. По неуспехот на востанието егзархијата го назначува за управник во Ловчанската епархија. Од 1891 до крајот на животот е на функцијата митрополит во Пловдив.
Автор е на трудови со црковно-историски и автобиографски карактер каков што е „Жизнеописание митрополита охирдско-пловдискаго Натанаила-автобиографични бележки“.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.