Нанга Парбат (урду: نانگا پربت) — планина во Пакистан, во ланецот Хималаи. Планината е една од вкупно четиринаесетте планини со над 8000 метри надморска височин, и со својата висина од 8126 метри претставува деветтата највисока планина во светот. Планината е трета по ред најсмртоносна планина во светот (зад Анапурна и К2) од каде што го добила прекарот „планина убиец“.[1] Нанга Парбат е голем врв кој доминира над околните краеви.
Нанга Парбат Nanga Parbat | |
---|---|
Нанга Парбат | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 8126 м 9-то место |
Истакнатост | 4608 м |
Заведена како | Осумилјадник |
Географија | |
Место | Пакистан |
Матичен венец | Хималаи |
Искачување | |
Прво освојување | 3 јули, 1953 од страна на Херман Бул |
Најлесен пат | Диамир (западна страна) |
Планината, чие име од јазикот урду се преведува како „Гола планина“, нанга - од санскритскиот збор нагна (nagna, नग्न) што значи „гол“,[2] и парбат од санскритскиот парбат (parvata पर्वत), „планина“, се наоѓа на крајниот западен дел на Хималаите, како најзападен врв со над 8000 метри надморска висина, јужно од реката Инд во пакистанското северно подрачје. Околу 150 километри североисточно се наоѓа ланецот Каракорум со втората највисока планина во светот К2.
Прв Македонец којшто се искачил на Нанга Парбат е Сашко Кедев.
- Список на највисоки планини
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.