Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Министер или повереник[1] — политичар кој има важна управна улога во рамките на една национална или регионална влада на една држава. Тие се членови на кабинетот, обично под водство на монарх, генерален гувернер или претседател. Во уставните монархии суверениот или поткралот, и во полупретседателските земји, претседателот го има премиерот како главен советник.
Овој серијал е дел од |
Системи
|
Портал „Политика“ |
Поимот „министер“ води потекло од средноанглиски израз, кој пак влече корени од старофранцускиот збор ministre, од латински: minister, што значи 'слуга' [2]. Во некои земји (како САД, Хонгконг, Филипините и Обединетото Кралство), таквото лице се нарекува секретар. Овој поим е користен и сѐ уште се користи во дипломатијата за второстепени дипломати (шефови на пратеништво). Во некои земји оваа функција се нарекува секретар.
Кај многу парламентарни системи на управување, особено оние со Вестминстерски модел како Обединетото Кралство, Канада и Австралија, мнистрите мораат да бидат избрани од законодавно тело. Кај претседателските системи на управа како САД и Мексико, министрите ги назначува претседателот, и не се избираат од парламентот.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.