From Wikipedia, the free encyclopedia
Мимоза е втор најсветол објект во соѕвездието Јужен Крст (по Aлфа Јужен Крст ) и 20-та најсветла ѕвезда на ноќното небо . Според Бајеровото означување ѕвездата е β Crucis, која е латинизирана во Beta Crucis и скратено Beta Cru или β Cru . Мимозата е дел од истакнатиот астеризам наречен Јужен крст . Тоа е двојна ѕвезда или можен троен ѕвезден систем .
β Crucis (латинизиран во Beta Crucis ) е ознака според системот на Бајер . Иако мимозата е на приближно − 60° деклинација, и затоа не е видлива северно од 30° географска ширина, во времето на старите Грци и Римјани била видлива северно од 40° поради прецесијата на рамнодениците, а овие цивилизации ја сметале за дел на соѕвездието Кентаур .
Нејзиното традиционално име е Мимоза, а историско име Бекрукс /ˈbeɪkrʌks/ . Мимоза, која потекнува од латинскиот „актер“, можеби потекнува од истоимениот цвет- мимоза. Бекрукс е модерна контракција на Бајеровата ознака. Во 2016 година, Меѓународната астрономска унија организирала Работна група за имиња на ѕвезди (WGSN) за да ги каталогизира и стандардизира соодветните имиња за ѕвездите. Првиот билтен на WGSN од јули 2016 година вклучувал табела со првите две серии на имиња одобрени од WGSN; каде што била вклучена ѕвездата Мимоза.
На кинески ,十字架( Shí Zì Jià), што значи Крст, се однесува на астеризам кој се состои од Алфа Јужниот Крст, Мимоза, Гама Јужен Крст и Делта Јужен Крст . Следствено, самата мимоза е позната како十字架三( Shí Zì Jià sān , англиски: the Third Star of Cross.).
Врз основа на мерењата на паралаксата, Мимоза се наоѓа на растојание од 280 светлосни години(86 парсеци) од Земјата . Во 1957 година, германскиот астроном Вулф-Дитер Хајнц открил дека тоа е спектроскопска бинарност со компоненти кои се премногу блиску една до друга за да се резграничуваат со телескоп . Двојката орбитира една околу друга на секои 5 години со проценета разделба која варира од 5,4 до 12,0 астрономски единици . Системот е стар само 8 до 11 милиони години.
Примарната, β Јужен крст A, е масивна ѕвезда со околу 16 пати поголема маса од Сонцето . Проектираната ротациона брзина на оваа ѕвезда е околу 35 km s−1 . Сепак, орбиталната рамнина на парот е само околу 10°, што веројатно значи дека наклонетоста на полот на ѕвездата исто така најверојатно ќе биде мала. Ова сугерира дека азимуталната ротациона брзина е доста висока, на околу 120 km s−1 . Со радиус од околу 8,4 пати поголем од радиусот на Сонцето, тоа би значело дека ѕвездата има ротационен период од само околу 3,6 дена.
β јужен крст A е позната променлива ѕвезда од типот на Бета Кефеј, иако со делотворна температура од околу 27.000 K тоа е на жешкиот раб на лентата за нестабилност каде што се наоѓаат такви ѕвезди. Има три различни режими на пулсирање, од кои ниту еден не е радијален . Периодите на сите три режими се во опсег од 4,03-4,59 часа. Благодарение на првата примена на полариметријата, таа е најтешката ѕвезда со старост утврдена со астеросеизмологијата . Ѕвездата има ѕвездена класификација од B0,5 III. Додека класата на сјајност е типично поврзана со џиновски ѕвезди кои го исцрпиле снабдувањето со водород во нивните јадра, температурата и сјајноста на ѕвездата имплицираат дека е поверојатно таа да биде ѕвезда од главната низа што спојува водород во хелиум во нејзиното јадро.[12] Со повеќе од десет пати поголема маса од Сонцето, Мимозата има доволна маса да експлодира како супернова, што може да се случи за околу 6 милиони години.[12] Високата температура на надворешната обвивка на ѕвездата е она што ѝ дава на ѕвездата синобела нијанса што е карактеристична за ѕвездите од типот Б. Тој генерира силен ѕвезден ветер и губи околу 10−8 M☉ годишно, или еквивалент на масата на Сонцето на секои 100 милиони години. Ветерот го напушта системот со брзина од 2.000 km s −1 или повеќе.
Секундарната, β Јужен Крст B, може да биде ѕвезда од главната низа со ѕвездена класа B2. Во 2007 година, бил најавен трет придружник, кој може да е ѕвезда со мала маса, пред главната низа . Емисијата на Х-зраци од оваа ѕвезда било откриена со помош на опсерваторијата на Х-зраци Чандра . Две други ѕвезди, лоцирани на аголни разделби од 44 и 370 лачни секунди, најверојатно се оптички придружници кои не се физички поврзани со системот. Системот β Јужен Крст може да биде член на подгрупата Долен Кентаур-Јужен Крст на здружението Скорпиус-Кентаур . Ова е ѕвездена асоцијација на ѕвезди кои имаат заедничко потекло.
Мимозата е претставена во знамињата на Австралија, Нов Зеланд, Самоа и Папуа Нова Гвинеја како една од петте ѕвезди што го сочинуваат Јужниот крст . Ѕвездата исто така е претставено во знамето на Бразил, заедно со 26 други ѕвезди, од кои секоја претставува држава. Мимоза ја претставува државата Рио де Жанеиро .
Брод наречен MV Becrux се користи за извоз на жив добиток од Австралија во Азија. Епизода посветена на бродот се прикажува во телевизиската документарна серија Моќни бродови .
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.