From Wikipedia, the free encyclopedia
Мидлендс е дел од Англија и територијално во голема мера се совпаѓа со Кралството Мерсија од раниот среден век. Регионот Мидлендс се граничи со Велс, Северна Англија и Јужна Англија. Во 18 и 19 век Мидлендс бил важен центар на индустриската револуција. Регионот на Мидлендс е поделен на Западен Мидлендс и Источен Мидлендс и тие влегуваат во состав на деветте официјални региони во Англија. Бирмингем, во Западен Мидлендс, е втор по големина град во Обединетото Кралство.
Мидлендс | |
---|---|
Западен Мидлендс и Источен Мидлендс како региони во Англија | |
Суверена држава | Обединето Кралство |
Во состав на | Англија |
Поголеми градови | Бирмингем Ковентри Лестер Нотингем Стоук на Трент Дерби Вулверхемптон |
Површина | |
• Total | 28.627 км2 (11,053 ми2) |
Население (2011 census) | |
• Total | 10.135.000 |
• Густина | 350/км2 (920/ми2) |
• Градскo | 8.079.000 |
• Селска | 2.056.000 |
Час. појас | Време по Гринич (UTC+0) |
• Лето (ЛСВ) | Британско летно време (UTC+1) |
Нема едногласност за тоа до каде се простира Мидлендс. Ако се дефинира дека е составен од статистичките региони на Источен Мидлендс и Западен Мидлендс,[1] тогаш во негов состав влегуваат окрузите Дербишир, Херефордшир, Лестершир, Линколншир (но со исклучок на Северен Линколншир и Североисточен Линколншир), Нортхемптоншир, Нотингамшир , Рапт, Стафордшир, Ворвикшир, Ворчестершир и метрополитенските окрузи од Западен Мидлендс. Ако не се следат официјалните регионални граници, Мидлендс може да ги вклучи и Питерборо (поранешен дел од Нортхемптоншир), Финингли (поранешен дел од Нотингемшир) и гореспоменатите општини од Линколншир.
Исто така, има неформален регион познат како Јужен Мидлендс кој се смета дека ги опфаќа јужните делови на Источен Мидлендс и северните делови од Јужна Англија.[2] За разлика од тоа, иако северните делови на Дербишир и Нотингемшир се официјално дел од Мидлендс, тие честопати се сметаат за дел од Северна Англија. Сепак, тие се вклучени во неформалниот регион Северен Мидлендс кој ги опфаќа северните делови на Западен и Источен Мидлендс, заедно со некои јужни делови на Северна Англија.[3][4][5]
Поранешните окрузи престанале да се користат за административни цели во 1899 година.
Областа е претежно ниска и рамна со изолирани ридови. Венлок Еџ, кој се протега низ подрачјето со извонредна природна убавина Шропшир Хилс, е долг, низок гребен, кој се протега на преку 24 км.[6] Висината на врвовите е помеѓу 300 м и 600 m; Киндер Скаут е највисока точка со 636 m.[7] Линколншир е единствениот крајбрежен округ во Мидлендс затоа што на запад регионот се граничи со Велс.
Мидлендс има умерена океанска клима, со студени, облачни, влажни зими и пријатни, претежно суви и сончеви лета. Температурата обично се движи од −0,4 °C во текот на зимските ноќи до 24,1 °C во текот на летото. Поради својата географска местоположба обично има претежно слаби ветрови, со топли денови и студени ноќи.[8][9][10]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.