географско-административно подрачје во некои земји From Wikipedia, the free encyclopedia
Грофовија[1] или грофовство[2] (германски: Grafschaft/grāveschaft)[3] — подрачје со кое во средниот век владееле грофови како вазали на монархот.
Корените на грофовијата се наоѓаат уште кон крајот на Римското Царство како comitatus. За време на раниот среден век самостојно се прошириле на просторот на бившата римска провинција Галија. Нивната територија често била иста со римските административни единици цивитас (латински: civitas).[4] Со развојот на феудализмот Франките го презеле тој облик на управа и го прошириле по цела континентална Европа. Вдолж своите граници, заради одбрана на територијата, Каролинзите спојувале по неколку грофовии во маркгрофовии.
Во Светото Римско Царство, бројни царски грофови (германски: Reichsgrafen) владееле со своите грофовии скоро потполно суверено сè до Виенскиот конгресво 1815 година. После него настојувале да ги сочуваат своите привилегии, протуркувајќи ги членовите на своите семејства во „диети“ (собранија) и на тој начин осигурувајќи делумен имунитет пред судовите.
Во деловите на Европа каде благородништвото немало големи феуди, грофовите уште долго задржале одредени феудални привилегии над земјата и селата во својата грофовија, како што е правото на селанските услуги, до повремени надоместоци за користење на шумите, мелниците, бунарите и пасиштата.
Тие права со време се смалувале, па во голема мера се прекинати пред или во текот на 19 век.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.