грофовија во Англија From Wikipedia, the free encyclopedia
Шропшир (англиски: Shropshire или Salop) – грофовија во англиската област Западен Мидлендс. Салоп е алтернативно скратено име на оваа област кое денес ретко се користи, освен во името на жителите на Шропшир: Салопијани (Salopians). Грофовијата се граничи со грофовиите: Чешир, Стафордшир, Вустершир, Херефордшир и со Велс на запад. Граничниот ѕид српрема Велс бил изграде во 9 век.
Грофовијата Шропшир е главно земјоделска. Историска престолниа е градот Шрузбери, но најголем град е Телфорд. Во грофовијата се наоѓа Коулбрукдејл, една од колепките на индустриската револуција во Англија и Железниот мост, првиот железен мост на светот.
Во оваа област се експлоатирале јаглен, олово, бакар и железна руда. Дополнителна предност е реката Северн која служи за транспорт.
Од 1 април 1998 година областа Телфорд и Рикин била издвоена од Шропшир. Со неа управува Советот на Телфорд и Рикин. Со останатите области од историската грофовија од 1 април 1999 година управува Советот на Шропшир (Shropshire Council).
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.