From Wikipedia, the free encyclopedia
Меѓународното друштво за свесност за Кришна[1] (англ. International Society for Krishna Consciousness—ISKCON), исто така познато како движењето „Харе Кришна“, е една од многуте гаудија-вајшнавски групи.[2] Друштвото е основано во 1965 година во градот Њујорк од страна на А. Ч. Бхактиведанта Свами Прабхупада.[3]
Нивната основна филозофија се заснова врз традиционалните хиндуистички списи како Шримад Бхагаватам и Бхагавад-гита[4] кои, според традиционалното хиндуистичко гледиште, датираат од пред 5.000 години. Карактеристичниот изглед на движењето и неговата култура потекнува од гаудија-вајшнавската традиција на хиндуизмот. Движењето има следбеници во Индија уште од крајот на 15 век, а западњаци од почетокот на 1930-тите.
Друштвото е основано со цел да се прошири праксата бхакти-јога (почитување на Бога), со којашто приврзаниците ги посветуваат своите мисли и активности кон задоволувањето на ’Севишниот Господ‘ (свајам-бхагаван), Кришна. Денес, друштвото брои повеќе од 500 храмови, заедници и училишта ширум светот. Шрила Прабхупада превел повеќе од 50 книги за свесноста за Кришна, кои денес се достапни на повеќе од 65 светски јазици.
Иако Кришна е опишуван како осмиот аватар на Вишну, некои хиндуси веруваат дека тој е аватарито, или изворот на сите други аватари.[5] На тој начин, приврзаниците на друштвото го почитуваат Кришна како врховна манифестација на Господ — свајам-бхагаван. Приврзаниците ја сметаат Радха за божествениот женски двојник на Кришна, овоплотување на љубовта.
Членовите на „Меѓународното друштво за свесност на Кришна“ ја следат древната ведска книжевност, особено „Бхагавад-гита" и „Шримад-Бхагаватам". Овие учења се стари повеќе од 5000 години и денес ги практикуваат околу 900 милиони луѓе ширум светот.
Mантрата Харе Кришна е духовна звучна вибрација. Се смета дека ја прочистува свесноста и ја буди љубовта кон Бог. Пеењето на Харе Кришна мантрата - Харе Кришна Харе Кришна Кришна Кришна Харе Харе, Харе Рама Харе Рама Рама Рама Харе Харе - е препорачано во ведската книжевност како најлесниот метод за достигнување духовно спознание во денешно време. Кришна е санскритско име за Бог со значење „сепривлечен", a Рама е друго име на Бог кое значи „извор на сето задоволство". Харе се однесува на божествената енергија на Господ. Според тоа, Харе Кришна мантрата значи, „О сепривлечен Господе, о извору на сето задоволство, о Божја енергијо, ве молам вклучете ме во Вашата служба“. Постојат два начини на пеење на оваа мантра: заедничко пеење (киртана) и засебно пеење на бројаница (џапа). He постојат никакви правила за пеење на оваа мантра и може да се пее во било кое време.
Ведските списи го воспоставуваат ненасилството, наречено ахимса, како етичка основа на вегетаријанството и како предуслов за спокојно општество. Според ведите, бог е севишниот татко на сите суштества, a не само на луѓето. Затоа, колењето на невините животни се смета за исто што и убивање на сопствените браќа или сестри. Посветениците на Кришна се лакто-вегетаријанци, т.е. не јадат месо, риба и јајца. Подготвуваат вегетаријанска храна и со посветеност му ја нудат на Господ (Кришна). Таа храна се нарекува прасадам (духовна храна) и се вели дека во неа може потполно да се ужива без страв од некаква кармичка последица.
„Бхагавад-гита" за реинкарнацијата, вели: „Како што втеловената душа во ова тело минува од детство во младост и од младост во старост, на сличен начин по смртта душата преминува во друго тело. Самоосознаената душа не е збунета од ваквата промена." Понатаму, ведите објаснуваат дека душата во материјалниот свет се сели во кругот на постојаното раѓање и умирање во еден од 8.400.000 видови на живот. Mеѓутоа, само човечкиот облик ја дава можноста за духовно осознавање. Ведите велат дека целта на животот е да се научи како правилно да се служи Бог, да се оживее љубовта за него и на крајот од животот душата да се врати во духовниот свет каде вечно ќе живее со бога.
Во древната ведска култура човекот се облекувал во склад со неговата друштвена и духовна положба. Следејќи ја оваа традиција, жените кои живеат во храмовите носат сари, a мажите доти. Оженетите мажи носат бело, a неоженетите портокалово. Мажите кои живеат како монаси ги бричат своите глави, a одзади оставаат прамен коса наречен сикха. Ова се прави како знак на одвоеност и посветеност на Кришна, како и поради одржување чистота и едноставност. Сикхата е и знак на прифаќање на Бог како личност, a не како некоја безлична сила. Знакот од глина на челото означува дека телото е божји храм. Глината потекнува од светите реки во Индија.
Друштвото е законски регистрирано и признато како религиозно малцинство во Република Македонија. Главниот центар се наоѓа на ул. 31 бр. 33, Нас. Волково, спроти спортско-рекреативен центар „Бранители”,Скопје, со друг центар во Битола и симпатизери во сите делови на земјата.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.