From Wikipedia, the free encyclopedia
Масакр кај Дервишка Нива — колеж извршен од страна на бугарската војска врз 103 жители на Поречието на 6 јануари 1916 година на Бадник. Масакрираните луѓе биле фрлени во ископ кај месноста Дервишка Нива.[1]
Масакр кај Дервишка Нива | |
---|---|
Спомен костурница во близина на Поречкиот Манастир во чест на масакрираните поречани | |
Место | Дервишка Нива |
Датум | 6 јануари 1916 |
Мртви | 103 |
Сторители | бугарската војска |
По повлекувањето на Србите, за време на Првата светска војна, Бугарија ја окупирала Вардарска Македонија во која почнале да организираат казнена експедиција под водство на потполковникот Констатин Панов. Се воделе т.н. црни списоци на видни луѓе, сите свештеници, учители, претседатели на општините, началници на комитети, војводи и четници. Биле уапсени 205 лица од овој список. Едни биле однесени во Околиското началство, други во Прилеп, а половината завршиле на Дервишка Нива.
Во списите на манастирот „Света Богородица“ крај Манастирец се чува списокот на убиените. Сите жртви се од Поречието, најмногу - 22 се од с. Здуње, 11 од Лупште, 9 од Томино Село, по 8 од Долни Манастирец и Зркле. Поречани подоцна им подигнале костурница во близина на манастирот.[1]
с. Белица:
с. Бенче:
с. Битово:
с. Брезница:
с. Близанско:
с. Брест:
с. Волче:
с. Грешница:
с. Горно Ботушје:
с. Горно Крушје:
с. Горни Манастирец:
с. Долно Ботушје:
с. Долни Манастирец:
с. Долно Крушје:
с. Заград:
с. Здуње:
с. Звечан:
с. Зркле:
с. Косово:
с. Ковач:
с. Крапа:
с. Калуѓерец:
с. Кошино:
с. Латово:
с. Локвица:
с. Лупште:
с. Модриште:
с. Могилец:
с. Рамне:
с. Растеш:
с. Ореовец:
с. Сланско:
с. Слатина:
с. Сушица:
с. Томино Село:
с. Тажево:
с. Тополница:
с. Црешево:
с. Ропотово:
с. Дебриште:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.