Долни Манастирец — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.
Долни Манастирец | |
Улица низ селото | |
Координати 41°37′36″N 21°12′38″E | |
Регион | Југозападен |
Општина | Македонски Брод |
Област | Порече |
Население | 147 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 6533 |
Повик. бр. | 045 |
Шифра на КО | 03031 |
Надм. вис. | 500 м |
Долни Манастирец на општинската карта Атарот на Долни Манастирец во рамките на општината | |
Долни Манастирец на Ризницата |
Селото се наоѓа во областа Порече, во средишниот дел на територијата на Општина Македонски Брод, од левата страна на реката Треска.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 500 метри. Од градот Македонски Брод е оддалечено 19 километри.[2]
Има голем атар, кој зафаќа површина од 18,6 км2, кој го дели со селото Горни Манастирец. На него преовладуваат шумите на површина од 1.270,3 хектар, на обработливото земјиште отпаѓаат 188,3 хектари, а на пасиштата само 76,2 хектари.[2]
Во XIX век, Долни Манастирец било село во Поречката нахија на Кичевската каза на Отоманското Царство.
Вкупно 5 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[3]
Селото има полјоделско-шумарска функција.[2]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Манастирец (Горни и Долни, заедно) имало 410 жители, сите Македонци.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Манастирец (Горни и Долни, заедно) имало 480 жители.[5]
Во Долни Манастирец, бројот на населението по пат на иселување, се преполовил. Така, во 1961 година селото броело 309 жители, а во 1994 година 133 жители, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Долни Манастирец имало 169 жители, сите Македонци.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 147 жители, од кои 135 Македонци, 9 Роми, 1 Србин и 2 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 410 | 480 | 242 | 329[8] | 309 | 232 | 243 | 152 | 133 | 169 | 147 |
Долни Манастирец, Горни Манастирец и Старо Село (во минатото наведените три села биле сметани како едно) се чисто македонски православни села. Селата се состојат од четири маала: Старо Село, Ново Село, Мало и Василковци. Во селата има староседелски и доселенички родови.
Родови во Старо Село се:
Родови во Ново Село се:
Во Мало се родовите:
Во маалото Василковци е само родот:
Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Македонски Брод.
Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Манастирец, во која влегувале селата Горни Манастирец, Долни Манастирец, Драгов Дол, Инче, Томино Село и Тополница.
Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната општина Долни Манастирец, во која покрај селото Долни Манастирец се наоѓале селата Горни Манастирец, Горно Крушје, Долно Крушје, Драгов Дол, Слатино, Томино Село и Тополница.
Во периодот 1955-1957, селото било седиште на тогашната општина Манастирец.
Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.
Во селото постои избирачко место бр. 0244 според Државната изборна комисија, кое ги опфаќа селата Долни Манастирец и Старо Село, кое е сместено во Селскиот дом во Долни Манастирец.[13]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 102 гласачи.[14] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 99 гласачи.[15]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.