Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Македонското јазично прашање во XIX век, е прашањето за избор на општоприфатен литературен јазик од Македонците.
Уште кон крајот на XVIII век, а уште посилно во почетокот на XIX век, многу селани ги напуштаат селата и одат во градовите на Македонија каде што имало турски гарнизони и поради тоа животот бил посигурен. Таму се зафаќаат со занаети. Така се развива занаетчиството и се јавуваат моќни еснафи. Занаетите полека сè повеќе преминуваат од занаетчиите Турци во рацете на Македонци.
Многу понапреднати занаетчии се збогатиле и од занаетот преминале во трговија. По македонските градови имало и трговци кои успеале да отворат свои дуќани и трговски кантори дури и во европските поголеми градови, како во Лајпциг, Милано, Виена, Минхен, Париз, Венеција, Будимпешта и др. Некои од нив ги праќале на учење своите синови во европските градови. Така во Македонија се создала граѓанска класа која тогаш одиграла важна улога во културата и просветата. Богатите трговци се запознаваат со просветителските идеи во разни европски градови.
Тогашните трговци ги помагале материјално нашите први писатели од XIX век кои пишувале на народен јазик и така им овозможувале да ги отпечатат книгите во некој европски град, на пример, во Будим, Венеција и други градови. Писателот однапред ја збирал претплатата за книгата, а бил должен на насловната страна или на крајот од книгата да го отпечати името на трговецот или занаетчијата-претплатник. На пример, во книгите на Јоаким Крчовски има забележани имиња на трговци кои парично го помогнале печатењето или лично ја носеле книгата да се печати: Нешо Маркович од Кратово, кир хаџи Станко од Кратово, Димитриј Филипович од Паланка (Егри Дере), кир Хаџи Пецо од Штип, Димитриј Зузур од Сечишта и др.
Имиња на претплатници се наоѓаат и на други книги. Така на пр.: на крајот на книгата „Служение Еврејско“, печатено во првата македонска печатница во Солун (1839) што ја основал Теодосиј Синаитски, инаку роден во Дојран, се наоѓаат голем број претплатници. Книгата ја правеле Ѓорѓи Самуркаш, учител во Прилеп, и владиката Натанаил Стојанович од село Кучевиште.
Во првите деценинии на XIX век, во време на просветителстото, во Будим се отпечатени книгите напишани на кратовски говор од Јоаким Крчовски, и тоа: Повест ради страшнаго и втораго пришествија Христова, 1814 година, Чудеса, 1817 година, Митарства, 1817 година и Разни поучителни наставленија, 1819 година.
Во исто време на народен јазик (тетовско наречје) печати свои книги и Кирил Пејчинонвиќ[1] и тоа : Огледало во Будим, 1816 година и Утешение Грешним во Солун, 1840 година, во печатницата на Теодосиј Синаитски. Книгите од овие двајца писатели, напишани на народен јазик, иако не сосем чист, туку со пеимеси од црковниот и со турски зборови биле примени од народот со задоволство бидејќи ги рабирал и читал. Нивното опечатење било овозможено како што наведовме со помош на Македонски трговци и занаетчии и со претплата. Така се создал поттик интерес среде народот за книга на народен јазик што ќе биде од далекусежни последици за развитокот и усвојувањето на народниот јазик во писмениот говор во натамошните децении.
Во јазикот на Крчовски се гледа една мешаница од јазични црти на североитичните и западните македонски говори и црти од црковниот јазик. Така ќе сретнеме во неговите книги форми: светаго, того, ноги, сум и с’м, полн и пун, со и сос, слегол и слег’л, рекол и рек’л. Има и турски зборови: гарас, арслан и др.
Пејчиновиќ пишува во тетовскиот говор со примеси од црковно-словенскиот јазик. Тоа се гледа и од приложениот извадок: свакиј, му га однесоа душата, се мучимо, се закопујемо, за душа давамо, украдује памет или Турцизми: јабанджија, измекјари, икрам, заман, халосан, джехнем и др.
По импулсивен развој на Македонскиот јазик започнува во време на преродбата со Димитар Миладинов и неговите следбеници: Константин Миладинов, Рајко Жинзифов, Григор Прличев и Јордан Хаџи Константинов - Џинот. И во оваа етапа писателите пишуваат на своите родни говори. Димитар и Константин Миладиновци на својот струшки говор, Прличев - охридскиот[2], со примеси од црковниот и бугарскиот. Тој бил носител на идејата за општословенски јазик на кој како основа ќе му служи старословенската граматика. Рајко Жизифов и Јордан Хаџи Константинов - Џинот пишувале, главно, на Велешкиот говор. Кај Рајко Жинзифов[3] имаме примеси и од бугарскиот и рускиот јазик. Јазикот на Константин Миладинов[4] се гледа дека е чист народен јазик - струшко наречје.
Во почетокот на XIX век не може да стане збор за единствен литературен јазик. Секој пишува на свој местен говор.[5]
Овие писатели во исто време се и борци за употребата на народниот јазик во црквата и во училиштата. Браќата Миладиновци повеле борба против доминацијата на грчкиот јазик во црквите и училиштата на Македонија, борба против Цариградската патријаршија која ширела елинизација среде македонскиот народ преку своите попови - фанариоти. Таа борба се разгорела особено во шеесеттите години на XIX век. Во тоа време веќе се помислувало и за еден литеартурен јазик. На пример, македонскиот писател Партениј Зографски бил за употребата на заеднички јазик за Бугарите и Македонците со застапени јазични црти и од едниот и од другиот јазик. Потоа Партениј Зографски и Кузман Шапкарев бараат во писмениот говор во Македонските училишта да преовладуваат цртите на македонските говори. На пример, тие бараат во употреба формите на глаголскиот прилог на -јќи и -иштем, да бидат застапени трите вида член: -ов, -от, -он, наставката за множина -ија кај именките од среден род што во еднина завршуваат на -е; и да се внесуваат македонски зборови во литературниот јазик.
Со таа намера издаваат и учебници напишани на јазик со македонска основа. Тие учебници биле добро примени и се рашириле во средна и јужна Македонија и одиграле мошне важна улога во нашите училишта и воопшто за разбудувањето на националната свест кај Македонците.
Кон крајот на педесеттите години од 19 век Партениј Зографски од Галичник има неуспешна замисла да напише Македонска граматика. Венијамин Мачуковски од село Мачуково (Гевгелиско), десетина години подоцна, се токмел да издаде македонска граматика. Беше издал и проглас во весникот во 1872 година за претплата, но и таа идеја не се остварила, бидејќи се замешала и попречила Бугарската егзархија .
Македонисти се наречени оние наши преродбеници кои ја застапувале тенденцијата за самостоен развиток на македонскиот народ со одделен македонски литературен јазик, како Ѓорѓи Пулевски од Галичник. Тој бил по занает ѕидар-печалбар, но и составувач на учебници. Пулевски во 70-те години се наоѓа во Белград. Во 1873 година во Белград го отпечатил својот Речник од четири јазика: српско-албански (така го именува македонскиот јазик), албанско-арнаутски, турски и грчки. Во 1875 година отпечатил Речник од три јазика: македонски, албански и турски. Овој речник се состои од прашања и одговори. Во својот речник Пулевски апелира: Учени македонски луѓе да состават граматика на македонски јазик. Во 1879 година објавува збирка од народни и некои свои песни под наслов Македонска песнарка. Зборувајки во Речник од три јазика за историјата на македонскиот народ, Пулевски вели: наше отчество се вељит Македонија и мие се именуваме Македонци. Ѓорѓи Пулевски пишувал, главно, на својот галички говор[6], но земал и јазични црти и од другите западномакедонски говори: доб, рока, мочно, коде, ќа оживееме и др., но и снага, оган, магла, вака, зборувајеќи и сл. Интересен му е и правописот: вељит, дељит, гинет, иљи и сл.
Од седумтесеттите години на XIX век во Македонија се водат пропаганди: грчка, бугарска, и потоа, малку подоцна, српска, за асимилација на македонскиот народ и примање на туѓ литературен јазик. Во овој период се употребуваат ознаките македонски народ и макеоднски јазик за означување на процесот на формирање на литературниот (стандардниот) јазик. Во јазичен поглед, втората половина на XIX век се одликува со стремеж за посебен македонски литературен јазик.
Во 1892 г., во Костур и во околните села Маврово, Личишта, Тиолишта и Шестево, беше направен уште еден извонредно значаен подвиг: црковно-училишната општина во Костур го прифати предлогот на група учители за воведување на македонскиот јазик во училиштата, во општинската администрација и во црквата,поради што беше формирана и специјална комисија којашто подготви македонска граматика, македонски речник од 10.000 збора и направи превод на некои основни црковни книги на современ македонски јазик, според веќе изработените граматички правила. Со интервенција на турските власти и овој потфат на Македонците беше задушен.
Идеите на македонистите ќе бидат поддржани од лозарите, кои во последната деценија на XIX век јасно ќе ја истакнат својата македонска свест и во голема мера ќе придонесат за оформување на македонскиот литературен јазик. Темко Попов пишува: „И сам Исус Христос ако слезит од небоно не можит да го уверит Македонеца оти е Блгарин иљи Србин.“
Лозарите придонесуваат за значително упростување на македонскиот правопис и за отфрлање на одделни старословенски букви што не покривале реален глас (на пример, еровите и носовките, кои во тоа време се употребувале во бугарската азбука). Тие го претставуваат континуитетот на македонистичките заложби на Ѓорѓија Пулевски и теоретските поставки на Крсте Петков Мисирков.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.