From Wikipedia, the free encyclopedia
Венијамин Васил Христов Мачуковски (Мачуково, Гевгелиско, 1847 – Цариград, 1878) — македонски преродбеник, граматичар, просветен и црковен деец. Како млад се закалуѓерува во Зографскиот манастир, каде од Партенија Зографски е ракоположен за ѓакон. Од 1862 до 1864 година учел во унијатското училиште во Солун. Во 1863 г. со монсињор Турок отишол во Париз и други француски градови.[1]
Му помогнал на фолклористот Стефан Верковиќ во собирањето на народни песни и умотворби од Македонија. 1864 г. составува опис на неговото родно село Мачуково и на Мегленската каза. Во 1865 г. станува учител во Кукуш, па со препорака од руската мисија, се запишува во Херсонската духовна богословија (1866-1869), но поради здравствени причини се враќа во Македонија. Наредната година станува учител во Солун, “во полза на народот”, како што запишал духовникот Павел Божигропски со кого што се сретнал. На 16. VIII 1872 г. во бугарскиот весник Право Мачуковски го пишува познатото свое “Објавление” за „бугарска граматика според македонското наречие“,[2][3] бидејќи тукушто усвоената бугарска граматика за Егзархиските училишта е “бестолковна”, тешко разбирлива за македонските деца, бидејќи била несообразена со македонските говори.[4] По острата реакција на бугарскиот печат, издавањето на македонската граматика е спречено, а Мачуковски е пратен од Бугарскиот Егзарх на Московската духовна академија. Но, повторно се разболува и повторно се враќа назад, сега како учител во Гуменџе, каде предава граматика според својот ракопис. Пишува во весниците “Источно време”, “Цариград” и некои грчки весници. 1877 г. бил наклеветен и пратен на заточеништво на островот Родос. По руско-турското примирје во 1878 г. тешко болен се вратил во Цариград, каде и починал.[5]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.