македонски духовник и преродбеник From Wikipedia, the free encyclopedia
Хаџи-Павел Граматиков Божигропски (~ 1800 во Кониково, Гуменџиско[1]— 1871 во Вртикоп, Воденско)― архимандрит, црковно-просветен и преродбенски деец, автор, преведувач претседател на повеќе црковно-училишни општини во Македонија.[2]
Откако го завршил основното училиште во родното место, каде што го научил грчкиот јазик, заминал за Ерусалим. Таму се замонашил, добивајќи го чинот архимандрит, титулата хаџија и презимето Божигропски. Некое време престојувал во Русија, од каде донел свештенички одежди и литература. Како монах на Света Гора, во 1841 година, го составил изборниот апостол на црквенословенски јазик.[2]
Неговото име се поврзува со продажба на индулгенции со потписот на ерусалимскиот патријарх Кирил II во 1850 година. Оваа негова обврска е потврдена во писмената коресподенција со патријархот Кирил II. Сочувани се две писма од ерусалимскиот патријарх Кирил II испратени по хаџи Теодорос Париси од Солун, на 13 октомври 1850, од Константинопол, по кого му доставиле 100 индулгенции, кои како што пишува во писмото патријархот Кирил II, аџи Павел ги побарал.[3]
Во 1852 година го напечатил „Неделното евангелие“ (познато како Кониковско евангелие), во печатницата на Киријак Држилович во Солун, а во 1865 година, „Апостолот“ во цариградската печатница на Александар Егзарх. Освен тоа, од грчки на својот ениџервардарски говор (некаде стои-воденско наречје), го превел делото „Неделни евангелиски читања“. Од 1867 до 1870 година бил старешина на Лесновскиот манастир. На 11 мај 1870 година, станал претседател на Воденската црковно-училишна општина.[2]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.