From Wikipedia, the free encyclopedia
Парламентарните избори 2006 година се одржани на 5 јули 2006 година, кој беше прв термин за редовни избори. Изборите се одржаа според пропорционалниот изборен модел, во шест изборни единици, исто како и парламентарните избори во 2002 година. На изборите победи опозицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ, која подоцна и формира влада.
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
По изборите, мандатот за формирање на нова влада му беше даден на водачот на победничката партија Никола Груевски, кој на 28 август беше избран за премиер на владата. Во составот на владата влегоа претставници на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ДПА и НСДП. Владата ја поддржаа и ДОМ и ПЕИ, кои сепак не добија министерски места. ВМРО-НП гласаше за владата, но не учествува во владината коалиција.
За учество на изборите се пријавија 33 кандидатски листи, од кои 31 на политички партии и коалиции и 2 од група избирачи.
Поголеми партии (и коалиции предводени од нив) што учествуваа на изборите се:
Од помалите политички партии и коалиции на изборите учествуваа:
Кандидатска листа од група избирачи беше пријавена во четвртата изборна единица, предводена од Панчо Минов, и во петтата, предводена од Ќирчо Ташков.
Гласачкиот одзив беше 56,0% што е убедливо најнизок процент на гласачи на досегашните парламентарни избори. На овие избори излегоа цели 17% помалку гласачи во однос на претходните парламентарни избори. Драстичниот пад на гласачкиот одзив во голема мера се должи на разочараноста на македонските граѓани од политичките партии и нивниот капацитет да ја извлечат земјата од кризата, но во одредена мера се должи и на фактот што изборите и предизборната кампања се одвиваше во текот на Светското првенство во фудбал. Дека и тоа имало влијание покажуваат и парламентарните избори во Словачка, кои исто така се одржаа во текот на Светското првенство и каде се забележа сличен пад на гласачкиот одзив, од 70,0% на 54,7%.
На изборите победи коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, која освои 45 пратенички мандати. Следи коалицијата „За Македонија заедно“, предводена од СДСМ со 32 мандати, коалицијата ДУИ-ПДП освои 17, ДПА - 11 мандати, Нова социјалдемократска партија 7, ВМРО-Народна партија 6, Демократска обнова на Македонија 1 и Партијата за европска иднина 1 мандат.
Политички партии и коалиции | Гласови | % | +/- | Мандати | % | +/- | |
---|---|---|---|---|---|---|---|
За подобра Македонија (ВМРО-ДПМНЕ и др.) | 304.572 | 32,50 | +3,47 | 45 | 37,5 | ▲12 | |
За Македонија заедно (СДСМ и др.) | 218.463 | 23,31 | -18,27 | 32 | 26,7 | ▼28 | |
ДУИ, ПДП и ДЛБ | 113.522 | 12,12 | -2,31 | 17 | 14,2 | ▲1 | |
Демократска партија на Албанците | 70.261 | 7,50 | +2,15 | 11 | 9,2 | ▲4 | |
ВМРО-Народна партија | 57.077 | 6,09 | +6,09 | 6 | 5,0 | ▲6 | |
Нова социјалдемократска партија | 56.624 | 6,04 | +6,04 | 7 | 5,8 | ▲7 | |
Демократска обнова на Македонија | 17.364 | 1,85 | +1,85 | 1 | 0,8 | ▲1 | |
Партија за економска обнова | 12.718 | 1,36 | +1,36 | ||||
Земјоделска народна партија на Македонија | 12.628 | 1,35 | +1,35 | ||||
Партија за европска иднина | 11.255 | 1,20 | +1,20 | 1 | 0,8 | ▲1 | |
Демократска алтернатива | 11.067 | 1,18 | -0,28 | ||||
Социјалдемократска партија на Македонија | 8.226 | 0,88 | +0,59 | ||||
Група избирачи Панчо Минов | 6.008 | 0,64 | +0,64 | ||||
Национално демократска партија | 4.325 | 0,46 | -1,75 | ▼1 | |||
Нови демократски сили и Демократска Алијанса на Албанците | 4.117 | 0,44 | |||||
Национална Алтернатива | 3.325 | 0,35 | |||||
Сојуз на титови леви сили | 3.071 | 0,33 | |||||
Демократско-републиканска унија на Македонија | 2.745 | 0,29 | |||||
Лига за демократија | 2.663 | 0,28 | |||||
Македонска алијанса | 2.311 | 0,25 | |||||
Останати | 10.747 | 1,10 | |||||
Вкупен одзив 55,98% | 974.891 | 100 | 120 | 100 | |||
Извор: Државна изборна комисија[мртва врска] Собрание на Република Македонија |
Распределбата на мандатите по партии е следната:
Партија/коалиција | Мандати | +/- | |
---|---|---|---|
Коалиција За подобра Македонија | ВМРО ДПМНЕ | 38 | ▲10 |
Социјалистичка партија на Македонија | 3 | ▲2 | |
Либерална партија на Македонија | 2 | ▼3 | |
Демократски сојуз | 1 | ▲1 | |
Сојуз на Ромите од Македонија | 1 | ▲1 | |
За Македонија заедно | Социјалдемократски сојуз на Македонија | 23 | ▼26 |
Либерално демократска партија | 5 | ▼6 | |
Демократска партија на Турците | 2 | ▲2 | |
Обединета партија на Ромите | 1 | ▲1 | |
Демократска партија на Србите | 1 | ▲1 | |
ДУИ, ПДП, ДЛБ | Демократска унија за интеграција | 14 | ▼2 |
Партија за демократски просперитет | 3 | ▲1 | |
Демократска партија на Албанците | 11 | ▲4 | |
ВМРО-Народна партија | 6 | ▲6 | |
Нова социјалдемократска партија | 7 | ▲7 | |
Демократска обнова на Македонија | 1 | ▲1 | |
Партија за европска иднина | 1 | ▲1 | |
Вкупно | 120 |
Изборна единица | ВМРО-ДПМНЕ | СДСМ | ДУИ | ДПА | НСДП | ВМРО-НП | ДОМ | ПЕИ | ||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Гласови | % | Гласови | % | Гласови | % | Гласови | % | Гласови | % | Гласови | % | Гласови | % | Гласови | % | |||||||||
ИЕ 1 | 48,170 | 31.15% | 34,688 | 22.43% | 16,779 | 10.85% | 13,126 | 8.49% | 12,549 | 8.11% | 7,406 | 4.79% | 6,800 | 4.40% | 564 | 0.36% | ||||||||
ИЕ 2 | 39,543 | 27.06% | 29,012 | 19.85% | 19,469 | 13.32% | 12,500 | 8.55% | 10,887 | 7.45% | 9,044 | 6.19% | 3,441 | 2.35% | ||||||||||
ИЕ 3 | 70,202 | 41.75% | 47,063 | 27.99% | 2,706 | 1.61% | 666 | 0.40% | 12,338 | 7.34% | 15,311 | 9.11% | 2,742 | 1.63% | ||||||||||
ИЕ 4 | 79,656 | 44.89% | 57,230 | 32.25% | 7,404 | 4.17% | 11,623 | 6.55% | 2,480 | 1.40% | 750 | 0.42% | ||||||||||||
ИЕ 5 | 55,657 | 36.63% | 37,412 | 24.62% | 13,424 | 8.84% | 7,561 | 4.98% | 9,071 | 5.97% | 10,997 | 7.24% | 1,901 | 1.25% | 6,459 | 4.25% | ||||||||
ИЕ 6 | 11,344 | 8.18% | 13,058 | 9.42% | 61,144 | 44.09% | 36,408 | 26.25% | 4,375 | 3.15% | 2,696 | 1.94% | 3,482 | 2.51% | ||||||||||
Вкупно | 304,572 | 38.14 | 218,463 | 23.31 | 113,522 | 12.12 | 70,261 | 7.50 | 56,624 | 6.04 | 57,077 | 6.09 | 17,364 | 1.85 | 11,255 | 1.20 | ||||||||
Извор: ДИК |
Освоените мандати по изборни единици се следните:[1]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.