Средномакедонски период или средновековен македонски јазик — развојот на македонскиот писмен јазик од неговата најстара форма старословенскиот до неговата современа употреба го опфаќа периодot од XII век до крајот на Асеманиево евангелие и почетокот на XIX век. Тое е период во кој се зародуваат многу современи јазични црти и постепено ги потиснуваат старословенските (црковнословенските) зборови и зборовен фонд. Означените граници на средномакедонскиот период не треба да ги сфаќаме како брз развиток, туку како постапен развиток. Во овој средномакедонскиот период две книжевни школи дејствувале и ја продолжувиле словенската писмена традиција. Едната е позната како Охридска книжевна школа која развивала книжевна дејност во Охрид и охридската околина, но и пошироко во Западна Македонија.Друга школа со центар во Кратово, поточно во Лесновскиот манастир, развивала литературна дејност во Североисточна Македонија.

Thumb
Страница од Асеманиевото евангелие

Споменици и документи

На Охридската книжевна школа припаѓаат повеќе зачувани документи или споменици што се од големо историско и лингвистичко значење за македонскиот јазик. Сите тие имаат јазични црти што се карактеристични за народните говори во Западна Македонија. Кај овие споменици, исто така, се гледаат заеднички правописни црти и правила што даваат до јасен заклучок за посебноста на македонскиот јазик. Спомениците од Охридската книжевна школа се:

Кратовската книжевна школа исто така изиграла важна улога во развитокот на нашиот јазик. Поголем број документи се зачувани од таа школа и тие се одликуваат со јазични црти од северните македонски говори. Документите или спомениците од тој период и од таа школа се:

Сите овие ракописи се настанати во времето од XII век до XIV век до потпаѓањето на нашата земја под турска власт.

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.